Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Факти
Дали државата треба да го легализира овој процес

Дали државата треба да го легализира овој процес (абортусот е легален во многу земји во Европа и светот меѓу кои и Македонија) или пак, да го забрани со закон?

Мислењата се поделени. Некои сметаат дека со абортусот некој си зема за право да одлучува за туѓ живот, дека тоа е криминално и крајно неетичко дело кое се коси со сите морални и религиозни вредности.

 
Зошто абортусот стана тема?
08_weeks-01.jpg
НЕКОЛКУ ФАКТИ ЗА ОНИЕ ШТО АБОРТУСОТ ГО ОПРАВДУВААТ СО ПРАВО НА ИЗБОР

Од секогаш ми беше смешно зошто светското движење за абортус себе си се нарекува ЗА ИЗБОР, а не ЗА АБОРТУС.

Бидејќи е невозможно со аргументи да го оправдаат убиството на човечко суштество кое се уште не е родено поборниците за абортусот се определија тоа да го оправдуваат со правото на избор. Адвокатите на абортусот никогаш не ги земаат предвид едноставните научни факти туку секогаш велат ова е слободна земја... луѓето имаат право да одберат... не можете да ја ограничите  слободата на избор и слично. Ништо повеќе не ја збунило светската политика, во тој контекст и македонската како ова едноставно искривување на фактите.

 
Секое дете - сакано дете
Една од омилените мантри на застапниците на абортусот во земјава е “Секое дете – сакано дете”. Звучи благородно, додека не сфатите какво е нивното решение за несаканите. Ако дете не е посакувано, тврдат, не треба да се роди. Проблемот, се разбира, е тоа што детето е веќе зачнато, и единствениот начин да го спречиш да се роди е да го убиеш. Како го оправдуваат таквото насилство? Често со аргументот дека за детето е подобро да умре отколку да биде несакано.
111.JPG
 
Општина Карпош со 10.000 денари за секое новороденче
Од први јануари наредната година сите новороденчиња од Општина Карпош ќе добиваат еднократна парична помош од 10.000 денари. Право да добијат 10.000 денари ќе имаат оние брачни парови од кои барем едниот најмалку две години живее на територијата на Општината. В.д. градоначалникот на Карпош Сашо Димиќ вели дека одлучиле да доделуваат парична помош за новороденчињата бидејќи Карпош е општина со најмал наталитет меѓу скопските општини. Со овој потег, вели Димиќ, сакаат да ги стимулираат брачните парови да имаат повеќе деца.
Карпош е втора скопска општина која ќе доделува пари за новороденчиња. Прва еднократната парична помош на семејствата со новороденчиња ја воведе Општина Аеродром која доделува по 5.000 денари за секое ново бебе.
 
Полемичкиот абортус на Мирјана Најчевска

ПОЛЕМИКА ЗА И ПРОТИВ АБОРТУСОТ

Полемичкиот абортус на Мирјана Најчевска

Да не замижуваме пред вистината! Колку и да е суверена - и токму затоа! - одлуката за абортусот не е дреболија! Таа го става на тест она најдлабокото, најчовечното и најнечовечното во човекот! Секој од нас е свесен дека тоа е така! Ниту еден пар не застанал пред потешка и пострашна одлука од одлуката да го абортира своето дете!

Доколку текстот „Соборливиот аргумент на Ферид Мухиќ“ беше потпишан со стандардното клише („Име и адреса познати на Редакцијата“), ќе бев сигурен дека тоа е уште еден полуписмен излив од перото на некој фрустриран медиумски егзибиционист. Какво разочарување! Потпишана е Мирјана Најчевска, и тоа како „универзитетски професор“!? По тонот на нетолерантност, лични дисквалификативи, фактографски неточности и логичка дезориентираност, писмото на Најчевска претставува девалвација на самата институција „универзитетски професор“, а рака на срце, би претставувало срам и за звањето учител во основно школо. Нејзиното писмо само е обид за полемика со „аргументот на Ферид Мухиќ“, кој воопшто не успева ни да се формира во полемички текст.

 
<< Почеток < Предходна 11 12 Следна > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL