Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Факти
Фотографија која ќе ве трогне длабоко во срцето - во чест на ангелите кои не успеале да се родат

Овој месец се сеќаваме на сите ангели кои не успеале да се родат, оние кои не ја почувствувале топлината на мајчината прегратка... Во овој месец се покренува свеста за сите родители кои изгубиле дете.

Приказна која ќе ве трогне длабоко во срцето. Фотографија која долго ќе ви остане врежана во сеќавањето.

Приказна раскажана од авторката на оваа фотографија, која трогна милиони.

 
Зошто е прекрасно да се посвои бебе?

Овие фотографии нека бидат поттик за повеќе да се промовира посвојувањето.

posvoi11

 

 
Ова е Габриел. Неговата мајка пробала да го абортира, но се случило нешто неверојатно

500Gabriel 810 500 55 s c1

Минатата година, Андреа Миничини отишла во болницата во Њу Џерси да абортира, знаејќи дека воопшто не сака да го проголта смртоносното апче во нејзината рака.

 
Во Скопје марш против абортусот

Марш по повод Светскиот ден на детето под мотото „Животот за бебињата, не за абортусот“ денеска се одржа во Скопје. Мајки, татковци, дедовци и баби заедно со своите дечиња и внуци му дадоа поддршка на овој марш кој се одвиваше по улицата Македонија, плоштадот Македонија, а заврши кај Порта Македонија, каде се одржа детски музички хепенинг. Организатори се невладините организации „Заштита на правата на детето“, „Лидија срце што чука“, „Додома“ и „Ревита“.

 
Центар Лидија—Срце што чука

Твоите очи го видоа мојот зародишок, веќе сè беше запишано во Твојата книга; деновите ми беа одредени, уште додекане беше ниеден.

Псалм 139:16

Бог е создателот, авторот и Оној кој дава живот.

Секое човечко создание , внатре во себе го носи допирот на живиот Бог. Оваа привилегија им е дадена само на луѓето. Не е ни чудо што сотоната, Божјиот непријател, го мрази животот.

 
<< Почеток < Предходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL