Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 


Warning: strtotime(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198
Факти
Абортираниот Хипократ

Автор:  Д-р Васко Наумовски  

 

Една од најпосакуваните желби на секое дете кога ќе порасне е да биде лекар. Исто така и на нивните родители. Да им помага на луѓето и да биде успешен и почитуван во заедницата. Лекар не се станува лесно. За разлика од другите професии, за да се дојде до оваа престижна положба се потребни долги години исполнети со часови поминати по лабораториите, дебели книги, неспиени ноќи, но секогаш со мотивацијата дека еден ден ќе се помага во зачувувањето на животот на луѓето.

 
Реакција
“Ревита“ не прави разлика помеѓу регистрирани и нерегистрирани абортуси. Податоците на Републичкиот завод за здравствена заштита се однесуваат само на 6.000 РЕГИСТРИРАНИ абортуси. Во нивните бројки и статистики ги НЕМА нерегистрираните абортуси, кои се 3 до 4 пати побројни. Реалната бројка е дека во Македонија има околу 25 – 30.000 абортуси годишно.

Не ни е важно дали некоја жена абортирала во државна или приватна клиника. Нам ни е важно да ги едуцираме за последиците за нивното здравје и животот на бебето. Ние сакаме да зборуваме за здравјето на жената и животот на нероденото дете, а не за бројките, но ајде.


Вие мислите дека секој абортус е регистриран? Дека нема ниту една жена која абортира во друг град? Дека илјадници жени абортираат после работното време? Дека интервенциите ги заведуваат со еуфемизмот „хируршка интервенција со локална анестезија“, „киретажа“ или „гинеколошки преглед“? Дека насилниот (докторски) абортус се заведува како патолошки (спонтан) абортус? За жал, илијадници абортуси не се заведуваат во медицинските книги, ниту се водат во архивите, сметководството, книгите... Во клиниките се договараат „итни“ доаѓања за време на дежурство, па лажно се заведуваат како „спонтан абортус“.

 
Медиумите: Во Македонија се вршат околу 30.000 чедоморства годишно
“Ревита“ не прави разлика помеѓу регистрирани и нерегистрирани абортуси. Податоците на Републичкиот завод за здравствена заштита се однесуваат само на 6.000 РЕГИСТРИРАНИ абортуси. Во нивните бројки и статистики ги НЕМА нерегистрираните абортуси, кои се 3 до 4 пати побројни. Реалната бројка е дека во Македонија има околу 30.000 абортуси годишно.
 
Во светот годишно умираат 600.000 жени

Во секоја минута 40 жени се решаваат на насилен прекин на бременоста, а 600.000 жени во светот умираат поради неконтролирана или патолошка бременост и при вршење абортуси.

Полска има едно од најстрогите законодавства околу прашањето за абортус. Кај нив тој им е дозволен само на оние жени на кои бременоста им го загрозува здравјето или ако фетусот е оштетен. Од нашите соседи, најголем број абортуси се вршат во Грција. Таму годишно на „чистење“ се решаваат 500.000 жени, најчесто поради неинформираност за начините на контрацепција или заради страв од негативните ефекти на овие апчиња врз нивното здравје.

 
Секоја трета бременост, абортус

Абортусот е најпопуларна метода за прекин на несакана бременост меѓу Македонките. Наместо да побараат контрацептивни средства или на друг начин да се заштитат од непланирана бременост, девојките и жените во земјава забременуваат, па потоа бараат начин да ја сменат таквата состојба.

Податоците од Републичкиот завод за здравствена заштита покажуваат дека во 2005 година се регистрирани вкупно 6.436 абортуси, што претставува 28,3 абортуси на 100 породувања. Бројката за прекини на бременост минатата година е речиси приближна, но точните статистики се уште не се готови. Од РЗЗЗ велат дека во 2005 година во советувалиштата за планирање на семејство се издадени вкупно 12.286 контрацептивни средства, од кои 56 отсто се за орална контрацепција, а 28 проценти се други локални средства.

Она што загрижува е дека само 9,9 отсто од вкупно регистрираните први посети на гинеколог се од девојчиња на возраст до 19 години. Тоа значи дека жените над оваа возраст на гинеколог одат дури кога ќе имаат некаков проблем или дури откако ќе забременат.

 
<< Почеток < Предходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL