Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Факти
Лични сведочења за абортуси од нашите читателки

Весна, 29, Скопје

Јас сум Весна и имам 29 години. Сопругот го запознав кога имав 23, а тој 26 години. Неколку месеци откако го знаев, бев бремена. Одлучив да абортирам. После тоа бевме во врска уште 2 години, па се венчавме кога јас имав 25.

 
Дневник на едно неродено девојче
Со љубов родителите ми го дадоа животот. Така јас мислам…Се создаваат моите први жили. Телото почнува да се обликува. Веќе имам уста… Срцето почна да ми чука. Кој уште може да се посомнева дека јас живеам?! Не можам да разберам зошто мојата мајка е загрижена… Рацете и нозете почнаа да ми растат. На рацете ми израснаа прсти. Наскоро со нив ќе почнам да фаќам. Кога ќе излезам од утробата ќе ги допирам образите на својата мајка…
 
Абортус
Постојат повеќе методи на абортус. Процедурата главно зависи од стадиумот на бременоста и величината на фетусот. Доктор Ј.Ц Вилке во својата книга "Абортус – Прашања и Одговори" ги дели методите на абортус во три главни категории:
 
Никој не знае колку Македонки абортираат

Никој во земјава не знае колку таблети за контрацепција се користат ниту, пак, колку девојки и жени направиле абортус.Иако старосната граница кај младите што се одлучуваат на прв сексуален однос, секоја наредна година се симнува, од Министерството за здравство немаат никакви податоци за потрошувачката на антибеби пилули, а немаат поима ни колку абортуси се направени во последниве години. Последен податок им е дека во 1990 година 6.000 жени дошле да ја прекинат несаканата бременост на Клиниката за гинекологија.

 
Абортусот V.S. Наталитетот на Македонецот ...
Абортусот ке испадне виновен за намалување на наталитетот на Македонсецот ... Деновиве се излегува со податоци - дека бројот на новородени деца во Скопје и Македонија е близок до бројот на абортусите ...

Во 2005 година во земјава официјално се регистрирани 6.436 абортуси, а многу поголема е бројката на дивите абортуси. Тоа значи дека на секои 100 породувања имало по 28 абортуси. Бројката на абортусите што се прават диво е многу поголема.
 
<< Почеток < Предходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL