Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Факти
Емисија со информации за абортусот

Неодамна, во популарната емисија „Стетоскоп“ на локална битолската Телевизија ТЕРА беше емитувана емисија посветена на абортусот, во која сеопфатно се обработува оваа тема од страна на неколку еминентни лекари.

Ви препорачуваме да ја погледнете емисијата, која што ве води низ статистиките, но и мерките кои треба да се преземат, со цел да не се загрози плодноста на жената, но и да не се уништуваат, туку што зачнатите животи.

 
Личност ли е абортираното? Феноменолошко-егзистенцијалистичка теорија за личноста

Александар Ускоков (за текстов има добиено 2ра награда на конкурсот за филозофски есеј). 

При скорешната дискусија во врска со реконструкцијата на македонската влада во нашето Собрание, еден господин од опозицијата го праша премиерот како ќе им објасни на „тие од Брисел“ дека за вицепремиер задолжен за европски интеграции предложил човек кој е против абортусот, притоа споредувајќи ја „евроинтеграцијата“ на Македонија со таа на Молдавија.

 
Над милион луѓе на протест против абортусот во Шпанија
Неколку десетици центристичко - десничарски опозициски партии се придружија на демонстрацијата, која беше поддржана од римокатоличките бискупи. Социјалистичкиот премиер Хозе Луис Родригез Запатеро сака да воведе абортус по нарачка. Моментално, бременоста може да биде прекината во претежно католичката Шпанија само под одредени услови. Ова е најновото во низата етички прашања поради кои католиците се свртеа против владата, која го легализираше хомосексуалниот брак и го олесни разводот.
 
Подигнат споменик на жртвите на абортусот

Нов споменик осамна во хрватскиот град Карловац. Споменикот го финансираше јавното градско претпријатие „Зеленило“, кое се грижи за зелените површини и гробиштата. Споменикот не е подигнат некого да осуди, туку да потсетува на дечињата кои не добија шанса да станат наши сограѓани.

 
Селин Дион за абортусот, бебињата и животот

Песна за децата на Селин Дион, во која покрај прекрасната мелодија и вокал, ќе имате можност да видите слики од неродени дечиња, во стадиуми кога  се случуваат најголемиот број на абортуси.Пораката од ова видео е многу јасна: Доколку одлучите да абортирате, Вашето дете треба Вам да Ви го даде животот!

Видеото можете да го погледнете доколку кликнете ТУКА

 

 
<< Почеток < Предходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL