Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 


Warning: strtotime(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198
Факти
ЗА АБОРТУСОТ И ЗА РАЗВРАТОТ
Ние правиме помен на починатиот во третиот ден, затоа што во тој ден човекот го менува изгледот.

Во деветтиот ден – затоа што во тој ден се распаѓа телото, освен срцето;

А во четириесеттиот – затоа што се распаѓа и срцето.

Така станува и при раѓањето на човекот: во третиот ден се оцртува срцето, во деветтиот ден се оформува телото, а во четириесеттиот ден се изобразува конечниот облик.

Архимандрит Рафаил Карелин  
Убивање на беспомошните
 
Секаде го слушаме зборот мир, но тоа е лага, тоа е гнасно лицемерие. Тоа е еден од зверските ликови на современиот цивилизиран свет. Околу нас се случува војна, непрестана и окрутна, во која нема примирје или свршеток, каде нема победник и победени, туку постојат само џелати и нивни жртви. Оваа војна го има зафатено целиот свет, но со посебен интензитет земјите кои се гордеат со својата цивилизација, култура и прогресс. Оваа војна е нечовечна, систематска кланица, геноцид без преседан и аналогија во историјата на целото човештво; тоа е војна на родителите против сопствените деца. Тоа е војна во која се пролеваат реки на крв, каде што убиството е соединето со мачењето. Тоа е кланица, која секоја година носи повеќе десетици милиони жртви со лицемерие својствено на современиот човек, затоа што не се нарекува со своето име - убивање на невините  и беспомошните, со садизмот на џелатите во концентрационите логори, легализирани со правото на убиство и злосторство, туку е сокриен и маскиран со магловитиот и безобразно лицемерниот термин- абортус, т.е. исфрлање надвор, како да се работи за непотребни партали кои од куќата се исфрлаат на ѓубриште, а не за живо битие, за дете.

 
Немиот крик
 

Немиот крик (THE SILENT SCREAM) е документарен филм за абортусот од авторот Bernard Nathanson, снимен 1984. Во филмот е прикажан абортус на дванаесет неделно бебенце. Се гледа дека плодот доживува болка и непријатно чувство при интервенцијата.

 
Загина еден од најекспонираните pro-life претседатели - Лех Качински

Лех Качински беше еден од поборниците на Правото на живот на неродените бебиња. Во Полска беше многу почитуван, сакан и важеше за вистински татко на нацијата.

Лех Качински сметаше дека треба да се заштити ПРАВОТО НА ЖИВОТ на неродените бебиња. Затоа, беше еден од главните иницијатори за смена на комунистичкиот Закон за слободен абортус. Во 1993 година Полска донесе Закон за забрана на абортус. Качински изјави дека тоа  е добар закон за спасување на животите на бебињата, дека е добар закон за нацијата и во согласност со учењето на црквата.

Актуелниот полски „Закон за семејно планирање, заштита на човековите права на фетусот и условите за допуштеност на абортусот“ од 1993 година, предвидува можност за абортус во само три случаи:

1.      Кога е загрозен животот на жената, потврдено од двајца доктори независно од докторот кој го извршува абортусот;

2.      Кога е резултат на криминал (на силување или инцест), потврдено од јавен обвинител; или

3.      Во случаи кога испитувањата ќе покажат тешки и трајни оштетувања на фетусот, потврдено од двајца доктори независно од докторот кој го извршува абортусот. (Текстот продолжува на: Прочитај повеќе)

 
Најмалото бебе на светот

Иако се смета дека децата родени пред 32 недела од зачнувањето, тешко преживуваат, не секогаш е така. Пример е детето кое е родено во 25-та недела, тешко само 275 грама и убаво напредува.

Машко дете кое при раѓањето било тешко само 275 грама, званично е најмало преживеано бебе, јави „Мондо“. Бебето е родено во Гетинген, Германија и е прв забележан случај на бебе полесно од 350 грама кое преживеало и убаво напредува.

 
25.000 луѓе на марш против абортусот во Париз

ПАРИЗ – 25.000 противници на абортусот, претежно семејства и млади, мирно маршираа во протест против абортусот во Париз во неделата на 6-тиот годишен париски „Марш за живот“. Настанот собра 15 француски анти-абортус групи на 35-тата годишнина на легализацијата на абортусот во земјата.

Сесил Едел, претседателка на „Choisir La Vie “, ги повика своите сонародници да размислат за „катастрофалниот резултат“ на 35-те години легален абортус: „неизречливите страдања“ на милиони жени, и „очигледните неправди“ спрема милиони нивни неродени браќа и сестри.

 
<< Почеток < Предходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL