Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 


Warning: strtotime(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198
Факти
Секој ден го молам Бог да ми прости, затоа што ја натерав ќерка ми да го направи тоа ужасно дело

Јас сум 53-годишна жена, која што дозволи на својата ќерка да направи абортус во 16-тата недела од нејзината бременост. Ќерка ни беше малку „луда глава” и од денешна гледна точка, кога разговараме со сопругот, увидуваме дека и имавме дадено повеќе слобода од неопходиното.

 
Противречности за абортусот

(Повод: „Ќерки, феминистки и феминацистки“ од проф. Ана Мартиноска, „Нова Македонија“, 2 февруари)

„Нова Македонија“ има неколку колумнисти што редовно и со задоволство ги читам. Меѓу нив е проф. Мартиноска, личност со која споделувам неколку вредности што ги сметам за суштински во современиот свет. Тоа се пацифизмот, отвореноста кон „другиот“ како расна, етничка, социјална, политичка и верска категорија и прифаќањето на рамноправната родова улога, почнувајќи од семејството, па сѐ до највисоките раководни функции во општеството.

Кога го прочитав насловот, си реков „одлично, ќе прочитам уште една силна издржана социјална критика за проблем што во Македонија и на Балканот е од акутна природа“. Најголемиот дел од содржината е токму таков. Сепак, има еден исклучок во текстот што е противречен. Имено, се работи за абортусот.

 
Владата на најбројната јужноамериканска pro-life нациjа

Уставот на Чиле и целиот правен систем ги заштитува сите човечки животи! Вклучувајќи го и животот на на децата во утробата! Двете наредни видеа беа направени и емитувани од страна на владата на Чиле како дел од своите напори за промовирање и заштита на благосостојбата на малите деца ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ И ОНИЕ ВО УТРОБАТА НА МАЈКИТЕ! 

 
Почина еден од најголемите противници на абортусот - Д-р Бернард Нејтенсон

 

Во негова чест, ви презентираме еден од неговите најпознати документарци против абортусот.

 
Марш за Живот: 400.000 луѓе го преплавија Вашингтон

Активистите на моќното американско движење „Марш за Живот“ утрото на 24-ти јануари, во голем број излегоа на мирни демонстрации во Вашингтон, демонстрации кои се одржуваат против абортусот. 

 
<< Почеток < Предходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL