Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 


Warning: strtotime(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198
Религиозни аспекти
Обраќање на Патријархот Павле
 

Верниците треба да покажат нелицемерна љубов едни спрема други и спрема се друго, така што секој ќе се победи себе си, да ја надминеме сопствената себичност, да поминеме од сопсвениот интерес во несебичнотот.

Најголем грев правиме во врска со чедоморството, а не сакаме да признаеме дека убиството на дете е грев, мотивиран од себичноста на недостојните родители. Тоа е најужасно убиство, одбивање на Божјиот благослов и одземање на правото на живот на новата личност. Нероденото дете не е безимен фетус, тоа е човек-душа жива.

Неко самонаречени заштитници ќе речат дека црквата ги скратува човековите права и слободи, но треба да знаат дека Црквата опоменува од љубов, без омаловажување.
 
Задачи на црквата

Ова зло што му се заканува дури и со уништување на нашиот и онака напатен и страдален народ, да не ни се случи поради непромисленото и неразумно остапување од Бога, од нашиот Создател и Промислител на секое добро. Бог вели: “Праведникот преку вера ќе биде жив; ако остапи, нема да ми биде по волјата моја” (Евр. 10,38).

“Ние пак да не бидеме од оние, што отстрануваат за погибел, туку од оние кои веруваат за спасение на душата” (Евр. 10,38). Државата нека постапува онака како нејзе повеќе и одговара. Таа е млада и неискусна за ваков вид на борба. Но Црквата, во секој случај мора да го прифати овој предизвик на времето и дел од своите сили да ги насочи во правец за стабилизирање на христијанското македонско семејството. И тоа не поради опасност од изумирање на нацијата, зашто Црквата е над националната поделба и националистичките интереси - туку поради тоа што со исчезнување на нашиот православен и правоверен народ во нашата земја ќе зацари а л б а н с к и о т атеизам кој нема да признае ни Бога ни алаха, ќе зацари исламот чии плодови веќе се чувствуваат и на нашите простори. И како што денес несреќна Албанија, албанската бездушна влада го држи населението во бездна на беда, сиромаштија и диктатура - утре ќе не држи и нас и својот пекол и царството на смртта ќе го прошири и над нашата земја!

 
МПЦ: Абортусот е рамен на убиство

Според Православната црква, абортусот е строго забранет и се смета за убиство. Но, канонските закони не можат да се применат, зашто во Уставот Македонија е секуларна држава, а не православна земја. Сепак, Црквата им забранува причест на малолетни девојки што извршиле абортус, се додека не наполнат 20 години.

 

 
Возвишеност и убавина –љубовта на мајката кон своето чедо

Возвишеност и убавина –љубовта на мајката кон своето чедо

 

Од сите благодатни дарови со кои Бог го дарувал човекот, несомнено, највозвишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсветото,  најблагопријатното, најскапоценото и најрадосното чувство без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 
<< Почеток < Предходна 1 2 3 Следна > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL