Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 


Warning: strtotime(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198
Медицински аспекти
Лондонски Дејли Телеграф со слики на фетуси

Во линкот подолу имате 7 прекрасни фотографии на бебето во стомакот на мајката. Фотографиите на бебињата се доказ дека животот почнува со зачнувањето. Сликите се на 5 недели, 8 недели, 10 недели, 16 недели, 18 недели и 20 недели. Најголемиот број од абортусите го прекинуваат животот на бебето од 8-та до 12-та недела. Фотографиите можете да ги погледнете доколку клекнете ТУКА

 
Несакан прекин на бременоста - спонтан абортус
 

 Секоја жена посакува во одреден период од својот живот да забремени, да роди здрав плод и со тоа да ја исполни исконската желба да стане мајка. Но не ретко од разни причини бременоста не завршува како што посакуваме и доаѓа до нејзин несакан прекин, односно се случува спонтан абортус.

 
Никој не знае колку Македонки абортираат

Во Македонија годишно се раѓаат толку дечиња колку и што се абортираат. Лекарите велат дека бројот на абортуси годишно се движи околу 22.000, колку што е бројот на новородени деца. Неинформираноста за сексуалното и репродуктивното здравје, велат лекарите, е главната причина за зголемен ризик од несакана бременост и сексуално преносливи болести, вклучувајќи ја и ХИВ-инфекцијата. Во исто време, стапката на употреба на орална контрацепција е многу ниска.

Лекарите на вчерашниот Светски ден за орална контрацепција објаснија дека во земјава абортираат и тринаесетгодишни девојчиња. Голем дел млади сексуалниот живот го почнуваат околу петнаесеттата година. Во исто време се недоволно информирани за можната заштита од несакана бременост, а сексот е табу-тема и за нивните родители. Сепак, и покрај алармите од лекарите, Министерството за здравство нема официјални податоци за бројот на изведени абортуси. Во оваа институција допрва се работи стратегија за сексуално и репродуктивно здравје.

 
Докторка направила абортус, па ја инфицирала пациентката

Девојка направила абортус во приватната клиника "Дина" во скопско Драчево, па најверојатно поради нестручноста на докторката добила компликации поради што била хоспитализирана во Клиничкиот центар во Скопје. Според лекарите од Клиниката за гинекологија и акушерство е констатирано дека пациентката била примена под дијагноза Статус пост абортус артефициалис цриминалис, со суспектна перфорација. Биле преземени дополнителни испитувања по што била извршена ревизија. Девојката во подобрена состојба била отпуштена на домашно лекување.

 
Незаконските абортуси дивеат

- Во моето долгогодишно искуство, секоја жена што дошла кај  мене и побарала услуга како што е абортусот, лично и човечки сум се обидел да ги одвратам, зашто мислам дека нема поубава работа од дете, но сепак тоа е право на жената - вели д-р Драган Тантуровски - гинеколог.

 
<< Почеток < Предходна 1 2 3 Следна > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL