Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Медицински аспекти
Дали „дискретниот“ абортус носи компликации?

Гинеколозите имаат различни ставови за тоа дали со новиот закон за абортус, кој е во фаза на подготовка, треба да се дозволи прекин на бременоста да се прави и во ординации, а не како досега во болнички услови. Некои лекари сметаат дека установата каде што се прави абортус мора да има операциска сала, каде што ќе се згрижи пациентката ако настанат компликации. Други, пак, сметаат дека сосема е доволно ако ординацијата потпише договор со некоја болница каде што ќе се упатуваат овие случаи.

- Абортусот е хируршка интервенција што се изведува под анестезија и никој со сигурност не може да предвиди како ќе заврши. Тој треба да се прави во болнички услови, односно во установа каде што има операциска сала - вели Адела Поп Стефанија, директорка на Клиниката за гинекологија.

 
Здружението за гинеколози против дивите абортуси

Одвај спасила живот по абортус

Казните за нелегален абортус се од 50.000 до 150.000 денари или кривична пријава

 
Прекинување на бременост

Република Македонија

-Прекинување на бременоста-

                

 
Мерки по Земји

Прекинување на бременоста

               

 
<< Почеток < Предходна 1 2 3 Следна > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL