Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Термин “абортус“

Под поимот абортус се подразбира процесот на прекинување на  бременоста, односно процесот на отстранување на фетусот од матката. За абортусот не постои единствено гледиште. Абортусот може да биди намерен или спонтан. Спонтаниот абортус има тeк сличен на порoдувањето и ретко има компликации. Во нашата средина под абортуст често се подразбира само намерен, со цел да се прекини бременоста – arteficialis. Предизвиканиот абортус е многу осетлива тема и имa многу проблеми кои не можат да се запостават. Познато е дека во нашата земја се прават се повеќе абортуси и покрај тоа што многу приватни клиники не го пријавуваат тоа.

Оддлуката дали да се роди или да се абортира е тешка да се донесе и едната и другата одлука самата по себе си носи последици, затоа добро треба да се размисле што е најдобро за вас и за луѓето кој се важни во животот.
Кои се најчести причини кои што се користат како изговор за абортус?

    * не е спремнa да стане мајка;

    * не може да го одгледува детето;

    * не сака да биде самохрана мајка;

    * не сака да дознае никој дека била сексуално активна или дека е трудна;

    * премногу е млада или пак незрела за да има дете;

    * има веќе деца колку што сака;

    * нејзиниот маж или партнер сака да абортира;

    * била жртва на силување.

 

Подоцнежни компликации

 

    * можно е да дојде до стерилитет

    * Rh-сензибилизација

    * пореметуван на менструалниот циклус

Прочитано: 3553
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy