Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Фотографија која ќе ве трогне длабоко во срцето - во чест на ангелите кои не успеале да се родат

Овој месец се сеќаваме на сите ангели кои не успеале да се родат, оние кои не ја почувствувале топлината на мајчината прегратка... Во овој месец се покренува свеста за сите родители кои изгубиле дете.

Приказна која ќе ве трогне длабоко во срцето. Фотографија која долго ќе ви остане врежана во сеќавањето.

Приказна раскажана од авторката на оваа фотографија, која трогна милиони.

 

Мојата драга и прекрасна пријателка Кетрин дојде кај мене со специјално барање за семеен портрет. Таа и нејзиниот сопруг сакаа фотографија која ќе го отслика нивното семејство од 8 членови, со нагласок на 5-те бебиња кои ги изгубиле...

Ова е финалната фотографија која ја направив за неа. Ја изработував неколку денови и ми беше тешко на срцето. Можам само да замислам колку им било тешко нив, во текот на сите овие години. Срцето ми се крши за неа и за нејзиното семејство.

Октомври е интернационален ден за губење на децата во бременоста и по раѓањето. 1 од 4 изгубени деца е толку срцекршечка статистика. Ве молам одделете момент за Karhryn и за сите семејства кои страдале со губење на бебе. Испратете им ги на сите своите убави мисли, прегратки и охрабрување. Не ги оставајте да страдаат сами.

"Кога дете ќе ја изгуби својата мајка, го нарекуваат сираче, кога жена ќе го изгуби својот маж, ја нарекуваат вдовица. Кога родителите ќе изгубат дете, не постои збор со кој може да се опише тоа."

Во овој месец се подигнува свеста за сите родители кои изгубиле дете.

Споделете, за да им покажете дека не се сами.

Статијата е преземена од најголемиот семеен портал во Република Македонија, Рингераја.мк

Прочитано: 2355
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy