Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Зошто е прекрасно да се посвои бебе?

Овие фотографии нека бидат поттик за повеќе да се промовира посвојувањето.

posvoi11

 

Има стотици деца во домовите за деца без родители кои со месеци и години чекаат да бидат згрижени во некое семејство, а за жал никој не сака да ги посвои. Затоа, нека бидат посвоени што повеќе деца во Македонија.

"Отсекогаш сакав да го фотографирам моментот кога парот за прв пат ќе се сретне со посвоеното бебе. Бев дел од неверојатен момент со моите најдобри пријатели. Беше тоа еден од исклучително посебните моменти во мојот живот и бев привилегирана да ја гледам таа безусловна љубов и пожртвуваност", вели Кристен.

Оваа сторија да биде инспирација за повеќе посвојувања.

posvoii22

posvoi33

posvoii55

posvoii44

 

Давид и Сара дознале дека ќе ја имаат првата средба со бебето во вторникот минатата недела. На Флорида пристигнале од Минеаполис. Биле нервозни додека чекале во чекалната за да го видат новиот член на своето семејство. Потоа следела експлозија од емоции кога ја здогледале и ја земале во своите прегратки.

Парот е во брак 10 години и имаат два сина - Закари (6) и Левиј (3), а малечката Тили Прл ќе биде петти член на ова семејството Олсен.

Прочитано: 1017
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy