Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 


Warning: strtotime(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198
Споделете: Ова видео го смени ставот за абортусот на илјадници луѓе

Ова видео со молскавична брзина се рашири низ интернетот, а на кое ќе слушнете шокантен разговор на медицинско лице кое врши абортуси над дозволената легална граница.

Тајни агенти доброволно се вклучија во овој проект и ја обелоденија индустријата која работи со доцен абортус.

На Фејсбук и Јутјуб ова видео го погледнаа милиони гледачи, а било споделено околу 50.000 пати.

Видеото наречено „Што е човечно“ детално ја прикажува волјата на нелегални извршувачи на абортус кои брутално ги колат бебињата кои веќе може да преживеат и надвор од матката, а ја обелоденува насилната и нечовечна природа на процедурите за абортус во поодмината бременост кои секојдневно се извршуваат.

Прочитате го целосниот разговор меѓу докторите и пациентите.


Д-р Кархарт: Според мене, животот започнува кога мајката ќе мисли дека почнува, не кога другите мислат дека почнува. За некои жени, тоа е и пред да зачнат. За други жени, никогаш. Дури ни по породувањето. Тоа е проблем, не бебе.

Пациентка: Дали во моментов ги има сите органи? Дали е развиено?


Д- Лора Мерсер: Не е целосно развиено, дури не ни личи на бебе. Си има органи, како и сите ние, но не е развиено.

Пациентка: Има ли лице?

Д-р Мерсер: Така некако. Нешто што ќе се развие во лице. Ти има тоа логика? Не сакам да се измачуваш.


Советничка: Во 27 недела сте, во 6 месец од бременоста.

Пациентка: Дали се смета за бебе?

Советничка: Што сметате Вие за бебе? Тоа е фетус. Медицински, се нарекува бебе откако ќе се роди. Додека трае гестацискиот период, тоа е фетус. Зависи што сметате Вие за бебе, како гледате на тоа.

Пациентка: А си ги има ли сите делови?

Советничка: Да. Развиено е. А дали може само да преживее?

Пациентка: Да, размислував на тоа.

Советничка: Би имало тешкотии и би му требала помош. Последно нешто што се развива се белите дробови. Веројатно би имало проблем со дишењето и би му требала помош од инкубатор. Веројатно би поминало одредено време во болница пред да си оди дома.

Пациентка: А би можело ли тоа да се случи?

Советничка: Денес? Не, тоа моментално не би се случило. Не би преживеало.

Пациентка: Не би можело да преживее?

Советничка: Не, во никој случај.

Пациентка: Значи би родила мртво бебе.

Советничка: Да, мртвородено.

Пациентка: А што значи тоа мртвородено?

Советничка: Тоа е бебе кое се родило мртво.


Докторка: Не може да се изврши терминација откако ќе се извади надвор од телото. Мора да се реанимира и да се испрати во болница. Таков е законот.

Пациентка: Во ред.

Докторка: Затоа терминацијата се врши додека е внатре. Потоа се прекинува бременоста.

Пациентка: Значи го убива додека е внатре.

Докторка: Не го користиме зборот „убива“.

Пациентка: Во ред, во ред. Терминација. Така велите? Во ред.

Докторка: Тоа е она што се случува. Зависи кој зборува. Зависи како гледате на концептот живот. Кога бременоста е под 24 недели, може да се направи терминација. Ако е над 24 недели, според законот во Њујорк не може да се направи терминација.

Д-р Мерсер: Втор чекор е инјекција, која се става преку стомакот. Тоа го сопира срцето на фетусот. Доколку се роди бебето, нема да има движења, нема да има ништо.

Пациентка: Во ред.

Пријателка на пациентката: Значи ни гарантирате дека ќе биде во ред?

Д-р Мерсер: Да, индуцираме терминација.

Пациентка: Што значи тоа?

Д-р Мерсер: Смрт. Потоа со помош на вшмукување и инструменти ги вадиме деловите.

Пациентка: Во ред.

Д-р Мерсер: Ви објаснив малку пографички од обично.

Пациентка: А бебето?

Д-р Кархарт: Ќе излезе. Ќе се собере и ќе излезе затоа што не е живо.

Пациентка: Како ќе се собере?

Д-р Кархарт: Ќе стане меко, како кашесто. И ќе излезе.

Пациентка: Поради што станува бебето кашесто?

Д-р Кархарт: Затоа што не е живо 2-3 дена.

Пациентка: Значи во мене ќе имам мртво бебе?

Д-р Кархарт: Да, 3 дена.

Пациентка: Нема да почне да се распаѓа?

Д-р Кархарт: Не.

Пациентка: Во ред.

Д-р Кархарт: Како кога ставате месо во експрес лонец. Не се распаѓа, но станува помеко. Нема да се инфицира.

Пациентка: Во ред. Значи мртвото бебе во мене е како месо во експрес лонец.

Д-р Кархарт: Да, така некако.

Пациентка: А како го разделувате? Имате алати?

Д-р Кархарт: Слични на чекан, дупчалка...

Пациентка: Сфаќам. Во ред.

Д-р Кархарт: Постојат инструменти за тоа. Би имал повеќе среќа да застанам пред воз, да ме удри и да преживеам отколку што би имало бебето.

Советничка: Инјекцијата влегува директно во мембраната. Ако е свртено со задникот, ќе влезе во задникот. Ако е свртено со главата, ќе влезе во главата.

Пациентка: Ќе го почувствува ли тоа?

Советничка: Не сум сигурна. Не верувам. Не знам дали е доволно развиено за да го почувствува тоа. (ЗАБЕЛЕШКА: Рецепторите за болка, таламусот, ‘рбетниот столб и мозочното стебло се целосно развиени до 20 недела од бременоста)

Пациентка: Во ред.

Советничка: Но можеби ќе почувствува. Ти пречи ли таа помисла?

Пациентка: Малку. А Вам?

Советничка: Јас сметам дека процедурата треба да се случи, дека е најбезбедно и најхумано да се направи така.

Д-р Ландау: Тоа е како секоја инјекција. Како вакцина.

Пациентка: Како вакцина? Во ред.

Д-р Ландау: Да. Но не како кога ние одиме на вакцина. Тоа чувство на вознемиреност го нема кај него. Мислам дека тоа ни помага да ни биде малку попријатно.

Пациентка: Да, што знаеме дека не е...

Д-р Ландау: Да, тоа не е во иста положба како што би биле ние.

Пациентка: Во ред.

Д-р Ландау: Треба да помине добар дел од животот за да дојде до чувството на загриженост што го имаме ние.

Прочитано: 4567
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy