Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 


Warning: strtotime(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198
Центар Лидија—Срце што чука

Твоите очи го видоа мојот зародишок, веќе сè беше запишано во Твојата книга; деновите ми беа одредени, уште додекане беше ниеден.

Псалм 139:16

Бог е создателот, авторот и Оној кој дава живот.

Секое човечко создание , внатре во себе го носи допирот на живиот Бог. Оваа привилегија им е дадена само на луѓето. Не е ни чудо што сотоната, Божјиот непријател, го мрази животот.

 

Тој е крадец кој дојде само да украде, убие, уништи (Јован 10:10). Како уништувач на животот тој сигурно не ја охрабрува бременоста. Абортусот е пример за едно практично уништување на животот. Утробата на мајката стана најнесигурно место за животот, токму таму каде животот на човекот треба да биде негуван и заштитен.

Абортусот има свои жртви и последици. Детето кое никогаш не ја здогледува светлината на денот и жената која ги сноси физичките, психичките и духовните последици, а многу често и самиот брак ја плаќа својата цена. Христијаните можат и треба да влијаат на овој свет така што ќе го подигнат својот глас во молитва пред Бога и ќе се застапуваат за неродените и за оние кои неможат да зборуваат за себе.

Токму со ваква цел во Македонија е регистриран првиот Центар за советување и помош на жени кои се соочуваат со непланирана и несакана бременост “Лидија—Срце што чука“

Во рамките на Центарот “Лидија“ постои советувалиште и отворен телефон каде може да се побара помош и советување. - “Лидија„ се заложува за подигање на свеста кај луѓето за вредноста на животот и правото на бебето да биде родено.

- Во својата програма, Центарот има предвидено едукативни предавања за тинејџери и млади луѓе во областа на превенција од непланирана бременост и сексуално преносливи инфекции, промовирајки воздржување од сексуални односи пред брак.

- За жените кои поминуваат низ болно постабортивно искуство, предвидени се поединечни советувања и советувања во групи во кои со заеднички сили и со Божјата милост ќе се изоди патот на исцелението и ослободување од ова болно искуство. - “Лидија“ се застапува за животот на неродените, но и овозможува практична помош во храна, облека, памперси и друга помош на семејствата кои се одлучуваат да го задржат своето дете, но и на сиромашни семејства со повеќе деца.

 

Придружи се!

И ти можеш да бидеш вклучен во оваа духовна борба, но и благородна мисија.

Како?

Застапувај се во молитва за неродените и моли се за работата на “Лидија“

Можеш да донираш бебешка облека, храна, памперси и други бебешки материјали (козметика, креветче, количка и др.) Бидејки “Лидија“ е непрофитабилна организација, ние се финансираме преку доброволни прилози - донирај!

Доколку знаеш за жена која минува низ искуство на непланирана бременост или постабортивно искуство - контактирај не! Пријави се како волонтер.

Користи ја секоја прилика да зборуваш со луѓето за негативните последици од абортусот.

Не може да се биде пасивен.

Молчењето во овој случај е одобрување.

Ова е обврска на секој христијанин

Приклучете се и на фан-страницата на „Лидија“: https://www.facebook.com/LidijaSrceStoCuka

Прочитано: 1431
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy