Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Дали да одите на второ дете? Малата сестричка го дава одговорот

Облечена во фустанче како принцезата Софија, Сејди (5) го осипува со љубов и нежност своето братче.

-Тој е толку сладок, а јас не сакам  да наполнам 100 години и да умрам, несакам тој да порасне, објаснува малото девојче.

 

Малата Сејди го дава најдобриот одговор дека нашите деца имаат голема потреба од братче или сестричка. Таа толку многу го сака нејзиниот помал брат Карсон, што едноставно не сака малото братче да порасне. Сестричката го сака малото братче токму какво што е, мало и слатко.

Малата Сејди иако на самиот почеток од својот живот кога го гледа своето мало братче сфаќа дека сака за секогаш да остане покрај него и да сведочи на секој детал од неговиот живот. Таквото чувство на безрезервно давање љубов, почитување, внимание, делење на среќа и тага се чувствува во самиот момент кога за прв пат ќе го погледнете вашето новородено братче или сестриче.

Малата Сејди наеднаш станала толку посветена и грижлива кон своето братче, што како што сведочат нејзините родители нејзиниот карактер и расположение се смениле за  само „еден момент“.

На оваа слика се гледа како таа му чита приказни на Карсон, нејзиниот брат.

Видеото досега го виделе 27 милиони луѓе. А ние? Ние да им подариме братче или сестричка на нашите деца. Тоа е најдобриот, најдобриот подарок за нив за целиот нивен живот.

Прочитано: 939
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy