Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

ПОТРЕСНО: Абортусот и животната драма на мајката на Тиаго Силва (ФОТО)

Мајката на Тијаго, Ангела кога останала бремена со Тијаго веќе имала две деца, момче и девојче.

Тијаго Слива е еден од најдобрите играчи на Бразил. Тој е толку значаен играч, што многумина обвинија дека „Кариоките“ загубија од Германија токму поради тоа што не играше.Но, многумина не ја знаат сторијата за животот на Силва, која сега е прикажана во мини документарец и ги изненади сите кои го гледале.

 

Всушност Силва, за малку немало да се роди, а уште помалку да игра фудбал. Неговата мајка била убедувана да не го роди, бидејќи немале доволно финансии за да нахранат уште една уста. Таа како што објаснува во документарецот се чувствувала ужасно од помислата да абортира, а сепак тоа стоело како опција.

Нејзиниот татко, односно дедото на Тијаго ја убедил да не абортира.

-Татко ми не ми дозволи на го направам тој грев, сведочи Ангела.

Иако израснал во сиромаштија, на работ на преживувањето, семејството било тоа кое го поддржувало да го оствари неговиот сон.

Денес Тијаго живее живот каков што многумина би посакале, а сепак како што пренесуваат нивните семејни пријатели, тие останале скромни.

Приказната за Тијаго, е еден добар пример на храброст и посветеност, ни укажува на тоа дека никогаш не треба да се предадеме, треба да се бориме и да останеме истрајни.

Оваа приказна за Тијаго меѓудругото е и добар пример дека никој не треба да застане помеѓу едно дете и неговиот потенцијал, особено ако станува збор за неродено дете.

Прочитано: 815
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy