Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Ултразвук (ехограф, видеозон) на бебе до трет месец

Кога се зборува за бременоста и абортусусите, скоро секогаш лекарите и генеколозите, кои го заштитуваат вештачкото прекинување на бременоста, користат зборови и изрази, кои ја омаловажуваат вредноста на новиот човечки живот во мајката. Тие го правят тоа, за да и биде „полесно“, ако земала решение за отстранување на детето.

 

Медицинските лица и заинтересираните страни можат да го наречат нероденото човечко суштество на пример „оплодената јајцеклетка“, „содржината“, „нештото“, „клетките“, „ткивата“ и т.н., отколку  абортус. Абортусот за да биде представуван како „ненавредлива“, „сигурна“, „кратка“ или просто „обична“ медицинска процедура „како секоја друга“ – исто како да ти отстрабуваат бемка или брадавица и од механичка гледна точка може да е донекаде така, но…всушност  воопшто не е така.

Подоле ви претставуваме неколку видео презентации од ехографски испитувања со ултразук во различни периоди од раната бременост -  7, 8, 9, 10, 11 и 12 недела, периодот во кој најчесто се прави абортусот. Видите ги видеата и слушнете како работи срцето на малиот човек. Навистина ли сакате тоа срце да застане?

Седма недела

Се уште е мало, но… ајде да слушнеме, дали срценцето му е здраво?...

Осма недела

Скоро сите органи работат, но треба да продолжува да расте

Девета недела

Изгледа имаме момче.

Десета недела

Видете како ги движи раченцата и ноџињата....

Единадесета недела

Веќе сме доста подвижни и клоцаме силно иако сеуште не се осеќа од мајката.

Дванасета недела

А тоа се две близначиња, кои и сега и по раѓањето ќе делат се… ако оставиме да доживеат...

Прочитано: 922
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy