Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Норвешка: Нови рестриктивни ограничувања на абортусот

Норвешката влада постави ограничувања за извршување абортус откако се обелодени дека 17 здрави фетуси кои може да преживеат и надвор од матката на мајката, биле абортирани од 2001 година. На некои од абортираните фетуси срцата им чукале и по 45 до 90 минути. Новите закони ќе го забранат абортусот по 21 недела и 6 дена од бременоста.

Откако бабиците се пожалија дека се извршуваат абортуси и во поодмината бременост, норвешката влада подготви легислатива со која се забранува таков вид абортус.

Според статистиките, од 2001 до 2009 година пет бебиња биле абортирани во 22 или 23 недела од бременоста.

Од 2010 и 2011 година, извршени се 12 абортуси во поодмината бременост.

На дел од абортираните бебиња срцата продолжиле да им чукаат и до 90 минути.

-Децата родени во 22 недела од бременоста, со денешниот напредок  на медицината, може да преживеат, вели еден норвешки педијатар.

Во Јапонија има записи за бебиња родени во 21 недела, кои преживеале, но тоа никогаш не се случило во Норвешка.

Прочитано: 1241
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy