Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

ЕВРОПСKИ ВРЕДНОСТИ ЧЛЕНKА НА ЕУ ГО ЗАБРАНУВА АБОРТУСОТ

ЕВРОПСKИ ВРЕДНОСТИ ЧЛЕНKА НА ЕУ ГО ЗАБРАНУВА АБОРТУСОТ

Нема хистерија во Скопје за друштвото на Македонија со Шпанија

Шпанија наскоро ќе добие нов закон за предвремено прекинување на бременоста. Владата на Шпанија го одобрила еден од најрестриктивните закони за абортус според кој предвремениот прекин на абортусот ќе биде можен само ако плодот е резултат на силување или ако го загрозува здравјето на жената.



Девојчињата што ќе забременат пред полнолетство за да извршат абортус, ќе мора заедно со родителите да минат низ неколку лекарски прегледи и само ако лекарите дозволат, бременоста ќе се прекине во согласност со двата родитела.

Според новиот нацрт-закон на шпанската влада дури и некои малформации на фетусот нема да бидат пресудни за одобрување на правото за абортус.

Македонските пратенички затекнати од одлуката на една од најголемите европски демократии, немаат коментар за новиот нацрт-закон на шпанската влада ниту зошто тие настојуваат Македонија да биде во друштво на вакви земји. Интересно, нема збор за ова ниту во невладините организации и медиумите, кои неодамна, при бенигните измени на македонскиот закон за предвремено прекинување на бремоноста, се самопромовираа во заштитници на жената.

 


Цветанка Иванова, пратеничка од СДСМ, вчера не сакаше да коментира за одлуката во Шпанија.

Kатоличката црква е виновна

Лилјана Поповска од ДОМ, која ги преколнуваше пратениците да не ги усвојуваат измените во македонскиот закон, за „Дневник“ изјави дека во Шпанија зад овој закон стои силното лоби на Kатоличката црква.

- Ме изненади оваа одлука, но ова е работа на Kатоличката црква која е многу доминантна во Шпанија. Но, сигурна сум дека ова не е закон за долг рок. Рестрикцијата за една еманципирана жена која се навикнала сама да донесува одлуки што се од личен и интимен карактер, па и во демократска Шпанија нема да трае долго, вели Поповска.

По улиците во Мадрид, против владиниот предлог-закон протестираа неколку стотини луѓе со пароли „Не е среден век“, „Право на одлучување – заборавивте“ и слично.

Законот с` уште не е усвоен во парламентот, но со оглед на мнозинството на владејачката партија, тоа е речиси извесно. Таквото мислење го дели и шпанскиот министер за правда Алберто Руиз Галардон, кој изјави дека законот ќе се усвои.

- Со новиот закон ќе се осигури „одбрана и заштита на животот на нероденото дете и правата на жената“, изјавил Галардон.

Тој исто така нагласил дека новиот закон ќе ги казнува оние што незаконски ќе вршат абортуси, но нема да се криминализираат жените.

Нема загрозени жени во РМ

Опозицијата и активистките за женските права силно се против овој закон, а главен аргумент е дека правата на жената во Шпанија се враќаат 30 години наназад и дека овој закон ќе го зголеми бројот на нелегални абортуси.

Во Шпанија во 2011 година имало 118.359 абортуси, а најновите службени податоци покажале дека во 90 отсто од случаите тоа се случувало пред 14. недела од бременоста.

Пред неколку месеци во Македонија се поведе вистинска хајка против измените во македонскиот закон. Се одеше дури до таму што се тврдеше дека со тие измени се доведуваат во опасност животите на жените. Неколку месеци подоцна се покажа дека ништо од тоа не било точно. Не е загрозен ничиј живот, ниту која било македонска жена била ограничена во постапката.

Директорката на Kлиниката за гинекологија и акушерство, Марија Хаџи-Лега вели дека измените во македонскиот закон се донесени поради неминовната потреба да се регулираат одредени состојби со оглед на тоа дека стариот закон е донесен во времето на СФРЈ. Жената има право на абортус и воопшто не е спречена во можноста да одлучи за својата судбина дали да го роди детето или да ја прекине бременоста.

- Разликата помеѓу новиот и стариот закон повеќе би ја дефинирала како осовременување на постојниот закон, кој во ваква форма го почитува индивидуалното право на одлука на жената бидејќи е отфрлена точката со која се бара и согласност од сопругот за абортус, но ~ дава шанса на секоја жена да размисли и да потврди дали сака да ја прекине бременоста, вели Лега.

Новина е и тоа што треба да има ултразвучна верификација.

- Втора промена е тоа што жената треба да потпише барање до лекарот што ќе ја извршува интервенцијата, како и писмена согласност со потпис што и досега постоеше, појаснува Хаџи-Лега.

Инаку советување постоело и досега, но на друг начин. Тука е и улогата на посебна комисија која нема улога да ја убеди жената да не ја изврши интервенцијата, туку и помага на полесен начин да ја надмине таа ситуација.

МариЈа Тасев

Десет точки на новиот закон во Шпанија

Новиот закон донесува крај на правото на абортус, абортусот ќе биде допуштен само во два случаја. Тоа се силување и ризик за здравјето и животот на мајката. Под ризик се подразбира само трајна штета за мајчиното здравје, феталните деформации веќе нема да бидат изговор за барање за абортус. Тие ќе бидат добра причина само ако е несоодветно за животот на едно бебе. Жената која ќе побара абортус ќе мора да бара одобрение од двајца лекари надвор од клиниката во која се лекува.

Сите лекари ќе може да одбиваат да извршат абортус.

Ако девојката е помлада од 18 години, ќе мора да дојде со родителите, а претходно да има дозвола дека може да абортира.

Прочитано: 1075
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy