Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

БРАКОТ И СЕМЕЈСТВОТО -- УЧИЛИШТЕ ЗА ЉУБОВ И ЖИВОТ

 

 

 

А јас ќе додадам дека највидливо, најсилно и најдлабоко силата на љубовта ги поврзува личностите кои сочинуваат брак и семејството. Во нив, како плод на силата на соединувањето - доколку семејството е втемелено на вистинските духовни вредности - меѓуличносните односи маж - жена, родители - деца, деца - родители, семејство - општество до тој степен се исполнуваат со жртвена љубов што се разгоруваат како силен оган кој ја одржува светлината и топлината на животот и постоењето во овој наш свет. Без овој љубовен оган кој немилосрдно ги гори сите инфекции кои во нашата личност доаѓаат од злото (завист - гордост - егоизам - лага - саможивост - желба за уништување и самоуништување. . .) би било невозможно постоењето и опстојувањето на човештвото. И затоа низ сите векови и за сите народи семејството постанало и останало Училиште за Љубов и Живот. Односно, чудесна заедница во која љубовта се прима, дава, за неа и од се учи, во неа се расте, усовршува и уподобува на Оној Кој е Извор на љубовта, затоа што самиот е Љубов."Љубовта е активна сила на човекот, сила што ги пробива ѕидовите кои го раздвојуваат човекот од неговите ближни, која го соединува со другите."Во својата книга "Уметноста на љубовта" Ерих Фром ќе напише:Од самиот момент на нашето отпаѓање како човештво - преку прародителите Адам и Ева - од нашиот Творец и од Неговото Царство, па низ сите векови, семејството ни ја сведочеше, не поучуваше и не воведуваше во врвната смисла, сила и мотив на постоењето - љубовта.Единственото нешто што ни остана во овој наш отпаднат свет, од благословениот од Творецот начин на постоење во рајската градина, е семејството.

Прочитано: 985
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy