Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Марш против абортусот во Берлин

Иако постојат закони со кои се спречува абортусот, во Германија од 2000 година до сега има регистрирано 1,5 милиони абортуси, но се проценува дека вистинската бројка е поголема. Издадена е Берлинската декларација за заштитна на неродените деца, во која се вели дека секоја личност, родена или неродена, има исто прво на живот и почит кон нивното достоинство.

berlinmars

 

Околу 5.000 поддржувачи на правото на живот се собраа на маршот против абортусот во Берлин, Германија, за да привлечат внимание кон човековото право на живот.

 

Иако има закони со кои се спречува абортусот, над 1,5 милиони бебиња се абортирани во Германија од 2000 година.

1berlinmars

Маршот беше организиран од страна на „Bundesverband Lebensrecht“, алијанса на 14 организации кои се фокусираат на разни области од тематиката за прво на живот. На крај на маршот се издаде Берлинската декларација за заштита на неродените деца, во која гласи дека:

- Секоја личност, родена или неродена, има право на живот и почит кон нивното достоинство

- Секоја личност е еднакво вредна, без разлика во која фаза од развојот се наоѓа

- Правото за заштита на државата е на секоја индивидуа. Човечкото достоинство и правото на живот се независни од секоја третострана одлука.

2berlinmars

Многу мајки ги раскажаа своите приказни за тоа како ги изгубиле своите бебиња со абортус, што подоцна влијаело на нивните животи. Слушателите беа трогнати од нивните искрени приказни.

Една млада девојка со Даунов синдром зборуваше за благословот на нејзиниот живот, истакнувајќи ја привилегијата која ја има за да го живее животот до максимум.

3berlinmars

За жал, луѓето со Даунов синдром посебно се подложни на абортус преку пренатални тестови, затоа што се смета дека луѓето со пречки во развојот немаат право на живот, а родителите мора да се справуваат „со притисокот за растење на дете со пречки во развојот“.

Господ ни даде право на живот, а сите деца, без разлика на нивната состојба заслужуваат да бидат третирани со исто достоинство и да бидат заштитени од абортус.

4berlinmars

5berlinmars

6berlinmars

 

Прочитано: 942
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy