Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Европскиот парламент: Абортусот НЕ е основно човеково право

Лобистите за право на живот во Европската унија прогласија победа откако Европскиот парламент ја отфрли резолуцијата со којашто абортусот се декларираше како „човеково право“ и побараа сите земји од ЕУ да го следат примерот.

Дебатата којашто се одвиваше во понеделникот била „гласна и активна“, велат сведоците.

Точно 351 европратеник гласаа за, а 319 беа против.

Ентони Озимик од Здружението за заштита не неродените деца изјави дека ова е доказ дека лобито кое е за абортус не секогаш го добива посакуваното, дури и во културата на смртта која толку многу преовладува во Европа.

Според извештајот, напишан од Вики Клаес, регионален директор на Федерацијата за семејно планирање, а презентиран од европратеничката од Португалија, Едит Естрела, се бара универзална легислација на неограничен абортус, кој се нарекува „човеково право“. Според него се бара задолжителна обука на докторите и студентите за промовирање на абортусот и контрацепцијата.

Доколку резолуцијата беше прифатена, се вели дека докторите и медицинските сестри ќе немаа право на избор за учество во абортус.

-Резолуцијата од 40 страни е како прирачник за ограничување на фундаменталната слобода во Европа, велат од организацијата.

Противниците на извештајот велат дека нема интернационален консензус во тврдењето дека абортусот е човеково право, но постојат многу интернационални договори кои ги штитат правата на неродените деца.

Прочитано: 1075
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy