Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Спасени животите на 5 бебиња од абортус

Сега секоја пациентка која ќе се реши за прекинување на бременоста има можност да се советува и има рок од три дена откако ќе се пријави на Kлиниката за гинекологија да размисли дали можеби сепак ќе го задржи бебето. Тие три дена се пресудни, оти откако е донесен законот, за два месеца пет девојки се премислиле и го задржале бебето. Законот полека дава позитивни ефекти.

bebence

-Овој закон ќе загрози два живота, животот на жената и животот на детето“, „Абортусот не е проблем, туку одлука“, „Мое тело, моја одлука“, „Пратенички, не кревајте рака“, „Не сум убиец и чедоубиец“. Вака пред околу два месеца протестираа дел од невладините организации и стотина жени, меѓу нив и пратенички во Собранието на РМ, против новиот предлог-закон за прекинување на бременоста. Два месеца по стапувањето на законот во сила, ништо од ова нема. Ниту има некаков проблем, ниту нечиј живот бил загрозен ниту нечие право да располага со своето тело било доведено во прашање. Гласните пратенички се скриени, молк и од невладините кои ја создаваа вревата, пишува Дневник. 
На одделението за гинекологија при Kлиничкиот центар во Скопје, велат дека е зголемен бројот на пациентките кои барале прекинување на бременоста откако стапи во сила новиот закон. Според податоците од Kлиниката за гинекологија и акушерство, во Скопје во јуни годинава абортирале 35 жени, а во мај 16.

Нивното објаснување е дека тоа се должи на заострените мерки и казните за сите што вршат абортуси надвор од болниците, што довело до тоа повеќе пациентки да се решат да ја прекинат бременоста во условите што ги нуди скопската Kлиника за гинекологија. 

Дневник: Пет девојки ги задржаа бебињата

Според Марија Хаџи Лега, директорка на Kлиниката за гинекологија и акушерство, жените повторно ќе можат ако сакаат да ја прекинат бременоста и додава дека ако досега била потребна согласност од мажот, сега тоа не е така. 

- Новиот Закон за прекинувањето на бременоста речиси ништо не смени, ниту кај лекарите ниту кај пациентките. Сега секоја пациентка која ќе се реши за прекинување на бременоста има можност да се советува и има рок од три дена откако ќе се пријави на Kлиниката за гинекологија да размисли дали можеби сепак ќе го задржи бебето. Тие три дена се пресудни, оти откако е донесен законот, за два месеца пет девојки се премислиле и го задржале бебето. Законот полека дава позитивни ефекти. Но, не се случило да одбиеме жена ако е цврсто решена на отстранување на плодот. Не постојат никакви посебни формулари со кој таа бара одобрение за абортус, а не е потребен ниту упат од матичен лекар. Жената се пријавува на нашето одделение, разговара со лекар, има можност да се советува и по три дена ако не се премисли, ќе дојде на закажан термин. Интервенцијата е релативно кратка, но не и безопасна. По два часа, ако е с` во ред, пациентката која извршила абортус може да си замине, велат од кабинетот на директорката Хаџи Лега.

Дневник: Пратеничките размислуваат што да прават

Политичарките имаа жестока дебата во Собранието уште во расправата за тоа дали законот да се стави на дневен ред.

- Пратенички, размислете и не дозволувајте ова да се случи. Да не дозволиме некој со закон да управува со нашето тело. Овој закон загрозува два живота - на мајката и на детето. Симнете го законот затоа што не е по желба на ниту една жена во Македонија - рече Цветанка Ивановска од СДСМ. Нејзина е и фамозната реченица дека „овој закон ќе загрози два живота, животот на жената и животот на детето“.

Таа вели дека и натаму останува на истиот став и дека за да се видат ефектите од законот потребно е време. 

- Прекраток е рокот да се знае колку жената е притисната со овој закон. Ефектот ќе се дознае подоцна од оваа сложена процедура, чија цел е да ги премислува жените. Но, ќе оставиме да видиме како ќе се одвива понатаму - изјави Ивановска.

И нејзината колешка Лилјана Поповска порачуваше дека законот треба да се повлече затоа што е крајно рестриктивен и ги ограничува правата и слободите на жените да располагаат со своето тело и да решаваат за правото за раѓање. 

- Тоа се уставни права и практика со децении, велеше Поповска, која тврдеше дека ваквиот закон не е заштитнички, туку штетен за здравјето на жените и би ја активирал црната берза на абортуси.

Но, од Kлиниката за гинекологија велат дека нема никакви поплаки ниту од пациентки ниту од нивните семејства. Kомисија во Министерството за здравство е задолжена за одлуката кај жените што сакаат абортус по 10-тата недела од бременоста. Во Македонија, официјално, годишно има по шест илјади абортуси, но бројот на оние што досега оперираа на црно - никој не го знае.

Сепак, првите процени се дека сега бројот на диви абортуси е намален и дека сега здравјето на жената е позаштитено отколку што тоа беше пред донесувањето на законот, сосема обратно отколку што ~ беше претставувано на јавноста.

Прочитано: 803
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy