Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Геноцид во Македонија: Абортирани 1 милион бебиња од 1977 до денес

Абортусот е најголемиот македонски автогеноцид. Официјалната бројка вели дека од 1977 до 2012 година се абортирани 550.000 бебиња, плус 500.000 нерегистрирани абортуси во стотици приватни ординации кои никаде не се регистрирани. Тоа ја дава бројката од повеќе од 1 милион абортирани бебиња последниве 35 години. Абортусот е најголемиот убиец во Македонија.

abortus

Анализа со шокантни податоци објави Република. Истата, АбортусНЕ ви ја пренесува во целост.

Спо­ред  по­да­то­ци­те на „Џон­сонс ар­хив“ (Johnston`s archive), од оса­мо­сто­ју­ва­ње­то на Ма­ке­до­ни­ја до 2010 го­ди­на се из­вр­ше­ни 218.338 абор­ту­си. Тоа се оние што се ле­гал­но при­ја­ве­ни, за кои се во­ди еви­ден­ци­ја. Во пер­и­о­дот од 1985 го­ди­на до 1991 го­ди­на, пак, се из­вр­ше­ни 205.534 пре­ки­ну­ва­ња на бре­ме­ност. Ар­хи­ва­та со­др­жи по­да­то­ци од 1960 го­ди­на, но не се оп­фа­те­ни си­те го­ди­ни. Па, та­ка, од се­дум го­ди­ни, во пер­и­о­дот до 1984 го­ди­на, абор­ти­ра­ле 116.412 же­ни, што би зна­че­ло 540.184 еви­ден­ти­ра­ни абор­ту­си. Или со дру­ги збо­ро­ви, тоа би зна­че­ло це­ло Скоп­је.

Од оса­мо­сто­ју­ва­ње­то на­ва­му се бе­ле­жи пад на бро­јот на абор­ту­си. Но, струч­ња­ци­те ве­лат де­ка тоа не зна­чи де­ка има по­мал­ку абор­ту­си, ту­ку со отво­ра­ње­то при­ват­ни кли­ни­ки не се при­ка­жу­ва ре­ал­на­та број­ка.

- Мно­гу кли­ни­ки на­ме­сто пре­кин на бре­ме­ност, еви­ден­ти­ра­ат ин­тер­вен­ци­ја на ци­ста или не­ко­ја слич­на ин­тер­вен­ци­ја. Тоа го пра­ват нај­че­сто по ба­ра­ње на па­ци­ен­тки­те, осо­бе­но во по­ма­ли­те ме­ста, ка­де што же­на­та са­ка да ја за­шти­ти сво­ја­та при­ват­ност и ин­тим­ност. Но, бро­јот на абор­ту­си е да­ле­ку по­ви­сок – ве­лат екс­пер­ти­те.

Спо­ред стра­ни­ца­та „Абор­тус не“, ре­ал­на­та број­ка на из­вр­ше­ни абор­ту­си во 2008 го­ди­на не е 5.900, ту­ку 30.000 ре­ги­стри­ра­ни и не­ре­ги­стри­ра­ни пре­ки­ни на бре­ме­ност. Иста­та го­ди­на се ро­де­ни 22.945 де­ца. Спо­ред иста­та веб-стра­ни­ца, ко­ја по­ви­ку­ва на за­пи­ра­ње на абор­ту­сот, во 2008 го­ди­на три жи­во­та згас­ну­ва­ле за три ча­са, 82 се­кој ден, 574 пре­ки­на­ти жи­во­ти не­дел­но, 2.500 ме­сеч­но…

Тоа би зна­че­ло де­ка тие 540.184 би ста­на­ле двој­но по­ве­ќе или таа број­ка би над­ми­ну­ва­ла еден ми­ли­он. Спо­ред ста­ти­сти­ка­та на „Џон­сонс ар­хив“, во 1987 го­ди­на би­ле ро­де­ни 38.571 де­ца, а би­ле абор­ти­ра­ни 32.150, од­нос­но бро­јот на абор­ти­ра­ни е мно­гу бли­зу до бро­јот на ро­де­ни де­ца. Иста е со­стој­ба­та и во 1989 го­ди­на ко­га би­ле ро­де­ни 35.927, а абор­ти­ра­ни ду­ри 30.442.

Абор­ти­рав, се­га ме су­дат

Струч­ња­ци­те збо­ру­ва­ат, по­ли­ти­ча­ри­те де­ба­ти­ра­ат, обич­ни­от гра­ѓа­нин до­жи­ву­ва… Еве што ве­лат не­кол­ку же­ни што би­ле во ди­ле­ма – да се ро­ди или да се абор­ти­ра.

Имав 24 го­ди­ни. Ед­но утро ста­нав со страш­ни бол­ки во пре­де­лот на по­ло­ви­на­та. Не мо­жев да се по­ме­стам од ме­сто. Оти­дов на ле­кар и вед­наш ми на­пра­ви­ја ренд­ген-сним­ка. Имав проб­ле­ми, ми пре­пи­шаа те­ра­пи­ја и се­кој ден при­мав ин­јек­ции. По два­е­се­ти­на де­на отка­ко ви­дов де­ка ми доц­ни цик­лу­сот, на­пра­вив тест за бре­ме­ност. Бе­ше по­зи­ти­вен. Бев збу­не­та, бе­ше збу­не­то и мо­е­то мом­че со кое ве­ќе две го­ди­ни бев­ме во вр­ска. Двај­ца­та ра­бо­тев­ме, не бе­ше проб­лем да се из­др­жу­ва де­те­то. Тој не­ка­ко бе­ше исп­ла­шен… Во­оп­што не ми пад­на на па­мет де­ка пра­вев ренд­ген-сни­ма­ње и де­ка тоа мо­же да би­де проб­лем. Слу­чај­но се­дев со по­ста­ра же­на со ко­ја раз­го­ва­рав за проб­ле­ми­те со мо­ја­та по­ло­ви­на. Ве­ли има­ла исти проб­ле­ми ко­га би­ла мла­да. Сре­ќа се сом­не­ва­ла де­ка е бре­ме­на, па не на­пра­ви­ла сним­ки. Ина­ку ќе го за­гу­бе­ла пло­дот. То­гаш ми свет­на во гла­ва де­ка ренд­ге­нот мо­же го убил пло­дот што го но­сам. Ве­ќе имав за­ка­жа­но прег­лед на ги­не­ко­лог. Оти­дов и ги­не­ко­ло­гот, ко­ја што бе­ше же­на, ми на­ста­пи мно­гу ло­шо. Во сти­лот ка­де ти бе­ше па­ме­тот ко­га има­ше се­ксу­ал­ни од­но­си. Во­оп­што не ме ис­лу­ша де­ка ме­не не ми е проб­лем на 24 го­ди­ни да ро­дам, де­ка сум во вр­ска и де­ка сме под­го­тве­ни да го за­др­жи­ме. Не стиг­нав ни­ту да ѝ ка­жам за ренд­ге­нот. Спо­ме­нав де­ка сум при­ми­ла те­ра­пи­ја и ту­ка ме пре­ки­на – ма тоа не е важ­но. Бев за­пре­па­сте­на и со сол­зи из­ле­гов од ор­ди­на­ци­ја­та. За­ка­жав прег­лед во ед­на од при­ват­ни­те кли­ни­ки. Та­му му об­јас­нив на до­кто­рот што се слу­чи­ло.

- Јас не мо­жам да ти га­ран­ти­рам де­ка де­те­то ќе би­де здра­во. Ренд­ге­нот мо­же да оште­ти ед­на кле­тка, ко­ја утре мо­же да пре­диз­ви­ка го­ле­ми комп­ли­ка­ции во раз­во­јот на де­те­то. Не мо­жам ни­ту да пот­пи­шам де­ка абор­тус е за­дол­жи­те­лен. Из­бо­рот е твој – ми ре­че до­кто­рот.

Го по­ви­кав и мо­е­то мом­че, кое ме че­ка­ше во хо­лот да го слуш­не мис­ле­ње­то на до­кто­рот. Мол­чев пет­на­е­се­ти­на ми­ну­ти. Не зна­ев што да пра­вам… Да пре­ки­нам жи­вот кој мо­же­би ќе би­де нор­ма­лен. Да ро­дам де­те кое утре ќе се из­ма­чу­ва во жи­во­тот по­ра­ди проб­ле­ми во раз­вој… Ди­ле­ма­та не бе­ше лес­на. Мол­че­ше и до­кто­рот. На крај го пог­лед­нав „та­тко­то“ на пло­дот што го но­сев. Ме гле­да­ше и ка­ко да ве­ле­ше не знам, од­лу­чи ти. Мол­че­ше. Му ка­жав на до­кто­рот де­ка ќе абор­ти­рам. Не­го­ви­от ко­мен­тар бе­ше – пра­вил­на од­лу­ка. Тоа го на­пра­вив ве­ќе след­ни­от ден. За тој ден не са­кам ни да збо­ру­вам. Ми тре­баа ме­се­ци за да се со­зе­мам… Де­нес имам 31 го­ди­на. И ре­чи­си се­кој ме­сец по­мис­лу­вам на де­те­то што мо­жев да го ро­дам. Се­га ќе оде­ше на учи­ли­ште. Ка­кво ќе бе­ше – ма­шко или жен­ско? Ќе ги има­ше не­го­ви­те очи или мо­и­те?

И за­мис­ле­те ка­ко ми бе­ше ме­не пред не­ко­ја го­ди­на ко­га по­ми­ну­вав по­крај оние пла­ка­ти на кои има­ше фе­тус и нат­пис „Не уби­вај!“ Се чув­ству­вав ка­ко зло­стор­ник. Се­га ме су­дат! За­мис­ле­те не­ко­ја де­вој­ка де­нес да се нај­де во иста­та си­ту­а­ци­ја. Ќе тре­ба да за­ми­не на за­дол­жи­тел­но со­ве­ту­ва­ње и та­му да ѝ ка­жат кол­ку е до­бро да го за­др­жи де­те­то, за кое по­стои го­ле­ма мож­ност да се ро­ди со пси­хо­фи­зич­ки на­ру­шу­ва­ња. Јас не ќе го из­др­жев тоа!

Ова е са­мо ед­на при­каз­на од ре­ал­но­ста ко­ја ни ја рас­ка­жа на­ша со­го­вор­нич­ка, ко­ја, се­пак, са­ка­ше да оста­не ано­ним­на. Дру­га­та при­каз­на до­а­ѓа од же­на што де­нес има око­лу 55 го­ди­ни.

Имав две де­ца ко­га доз­нав де­ка сум бре­ме­на по трет­пат. Не бе­ше неп­ла­ни­ра­но. Са­кав­ме да има­ме три де­ца, а са­кав­ме да има­ме и син со ог­лед де­ка пр­ви­те две ми беа де­вој­чи­ња. Но, до­кто­рот ми ре­че де­ка е ри­зич­на бре­ме­ност. Или јас или бе­бе­то не­ма да го из­др­жи­ме по­ра­ѓа­ње­то и де­ка е по­до­бро да ја пре­ки­нам бре­ме­но­ста до­де­ка е вре­ме. Три де­на не спи­ев. Се пре­вр­ту­вав во кре­вет. Не са­кав да го уни­штам жи­во­тот што го но­сев во се­бе. Но, не са­кав да им го на­пра­вам те­жок ни­ту жи­во­тот на мо­и­те две де­ца. Што би пра­ве­ле утре без мај­ка. Имаа по 4-5 го­ди­ни. На крај, под­др­жа­на од со­пру­гот, ре­шив де­ка ќе го ро­дам. До­кто­рот не­го­ду­ва­ше, но од­лу­ка­та бе­ше мо­ја. Ре­шив де­ка при­фа­ќам це­лос­на од­го­вор­ност за од­лу­ка­та и одам до крај. Де­нес имам три ќер­ки. Да го пос­лу­шав до­кто­рот, кој ми пот­пи­ша де­ка тре­ба да абор­ти­рам, ќе бев по­си­ро­маш­на. Мно­гу по­си­ро­маш­на за­што де­ца­та ми се нај­го­ле­мо­то бо­гат­ство во жи­во­тот.

Тре­та­та при­каз­на е со­се­ма по­и­на­ква. Же­на­та што се од­лу­чи­ла да ја пре­ки­не бре­ме­но­ста са­мо за да мо­же да за­ми­не со сво­јот со­пруг во странс­тво, ка­де што тој до­бил сти­пен­ди­ја за до­шко­лу­ва­ње, де­нес са­ка да има вто­ро де­те. Но, не мо­же. Ед­но­став­но си­те оби­ди да за­бре­ме­ни се за­луд­ни. Ве­ли де­ка ќе се кае до кра­јот на жи­во­тот за се­бич­на­та од­лу­ка што ја до­не­ла во мо­мен­тот ко­га не са­ка­ла да го оста­ви со­пру­гот сам да за­ми­не во странс­тво.

- Таа од­лу­ка ќе ме про­го­ну­ва до кра­јот на жи­во­тот – ве­ли таа.

Три­е­сет и пе­тго­диш­на­та со­го­вор­нич­ка, пак, де­нес има две де­ца, но ни­ко­гаш не­ма да си про­сти што абор­ти­ра­ла пред 10 го­ди­ни:

Бе­ше доц­на на­ве­чер ко­га ми заѕ­во­ни те­ле­фо­нот. До­бив ло­ша вест. Мо­е­то мом­че, со кое бев­ме ре­чи­си пет го­ди­ни, за­ги­на­ло. Со­о­бра­ќај­на не­сре­ќа, за­ги­нал на са­мо­то ме­сто. Бев на крај на сту­ди­и­те… мис­лев де­ка мо­јот жи­вот е за­вр­шен. По еден ме­сец од по­гре­бот сфа­тив де­ка ме­сеч­ни­от цик­лус ми доц­ни. Пре­пи­шу­вав де­ка се ра­бо­ти за стрес. Та­ка ми збо­ру­ваа и лу­ѓе­то око­лу ме­не. Но, по еден ме­сец, се­пак, од­лу­чив да одам на ле­кар. Доз­нав де­ка сум бре­ме­на. Го но­сев де­те­то кое е плод од љу­бо­вта со чо­ве­кот што го за­гу­бив. Ве­ќе бев во тре­ти­от ме­сец од бре­ме­но­ста. Не зна­ев што да пра­вам. Тре­ба­ше да го чу­вам са­ма, са­мо­хра­на мај­ка. Ка­ко што јас рас­тев. Ра­стев са­мо со мај­ка ми, ко­ја бе­ше чи­стач­ка. Ед­вај кр­пев­ме крај со крај. Не ра­бо­тев сѐ уште. Це­ла не­де­ла пла­чев, бев из­бе­зу­ме­на. Не зна­ев што да пра­вам. На крај сфа­тив де­ка не­мам мож­ност да го чу­вам тоа де­те и де­ка не­мам си­ли да го оста­вам во дом отка­ко ќе се ро­ди. Во мо­мен­тот нај­до­бро ре­ше­ние ми изг­ле­да­ше абор­ту­сот. Де­нес би са­ка­ла да го вра­там вре­ме­то на­зад. Но, не мо­жам, ве­ќе е доц­на.

Нев­ла­ди­ни­от се­ктор VS Ми­ни­стерс­тво­то

Ос­но­ва­та на ма­ке­дон­ски­от За­кон за пре­кин на бре­ме­но­ста по­тек­ну­ва уште од вре­ме­то на СФРЈ. То­гаш е до­не­сен за­кон во си­те шест ре­пуб­ли­ки, а про­це­ду­ра­та за абор­ти­ра­ње е по­де­ле­на на про­це­ду­ра до де­се­та и по де­се­та не­де­ла. Нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции сме­та­ат де­ка со из­ме­ни­те што се пра­ват де­нес се пра­ви за­кон што е по­ре­стри­кти­вен од тој што е до­не­сен во 70-ти­те го­ди­ни на 20 век. Тие пра­шу­ва­ат ко­ја е по­тре­ба­та да се до­не­су­ва за­кон по ит­на по­стап­ка.

Не до­бив­ме образ­ло­же­ние од ми­ни­сте­рот за здрав­ство, Ни­ко­ла То­до­ров, ко­ја е по­тре­ба­та од ит­на про­ме­на на За­ко­нот. За не­го  За­ко­нот не огра­ни­чу­ва ни­ту ед­но пра­во на же­на­та, ту­ку со не­го се уре­ду­ва об­ла­ста и се ме­ну­ва по­стој­ни­от, кој е стар че­ти­ри­е­се­ти­на го­ди­ни.

- Со пред­лог-за­ко­нот абор­ту­сот не е за­бра­нет, тоа е пра­во за кое сло­бод­но и са­мо­стој­но од­лу­чу­ва же­на­та. Мо­же да се из­ве­де од со­ци­о­е­ко­ном­ски и од лич­ни при­чи­ни, и тоа и по 10. ге­ста­ци­ска не­де­ла. Си­те овие по­сту­ла­ти што ги ис­пол­ну­ва­ат зем­ји­те кои на нај­ли­бе­ра­лен на­чин го опре­де­лу­ва­ат ова пра­во се пред­ви­де­ни и во пред­ло­же­ни­от за­кон. Раз­ли­ка­та ме­ѓу ста­ри­от и но­ви­от за­кон е во тоа што се че­ка три де­на отка­ко ќе се из­вр­ши со­ве­ту­ва­ње­то. Ма­ке­до­ни­ја има из­бра­но нај­кра­ток пер­и­од  за раз­ли­ка од дру­ги­те европ­ски зем­ји или зем­ји-член­ки на ЕУ кај кои е пред­ви­де­но по­дол­го че­ка­ње – од три во Гер­ма­ни­ја, пет во Хо­лан­ди­ја, шест во Бел­ги­ја, до 14 де­на че­ка­ње по со­ве­ту­ва­ње­то во Дан­ска – ве­ли ми­ни­сте­рот.

Нај­го­лем дел од нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции се спро­тив­ста­ву­ва­ат на за­кон­ски­те из­ме­ни. Не­да Ко­ру­нов­ска од „Ре­а­ктор“ го ос­по­ру­ва за­дол­жи­тел­но­то со­ве­ту­ва­ње и во­ве­ду­ва­ње­то ко­ми­си­ја до де­сет­та не­де­ла од бре­ме­но­ста.

- По­ра­но не­ма­ше ко­ми­си­ја до де­сет­та не­де­ла, од­лу­чу­ва­те, ви ну­дат со­ве­ту­ва­ње, ва­ше е да­ли ќе го при­фа­ти­те или не, ре­ша­ва­те и се спро­ве­ду­ва ин­тер­вен­ци­ја. Ко­ми­си­ја по­стои над де­сет­та не­де­ла ко­га е во по­од­ми­на­та фа­за и по­стап­ка­та мо­же да е по­проб­ле­ма­тич­на. И не­ма  ана­ли­за од ко­ја мо­же да се ви­ди ка­ко од­лу­чу­ва­ла таа ко­ми­си­ја. Ми­ни­стерс­тво­то не из­ле­зе со ана­ли­за кои се проб­ле­ми­те од до­се­гаш­на­та имп­ле­мен­та­ци­ја на За­ко­нот и од кои при­чи­ни се пред­ла­га­ат но­ви­ни. Со но­ви­от за­кон се ус­лож­ну­ва по­стап­ка­та. По­ра­но се пот­пи­шу­ва­ше сог­лас­ност, но се­га се под­не­су­ва ба­ра­ње, а ни­кој не знае што ќе со­др­жи. Нас не ин­те­ре­си­ра да­ли ќе се нав­ле­гу­ва во мо­ти­ви­те, од­но­си­те да­ли ќе се проб­ле­ма­ти­зи­ра­ат и пр­ви­те де­сет не­де­ли или не. Дру­го спор­но пра­ша­ње е ка­де ќе се под­не­су­ва тоа ба­ра­ње. Тоа фор­мал­но ба­ра­ње си­гур­но не­ма да му се пре­да­ва на до­кто­рот, со тоа вед­наш ќе се знае зо­што си дој­ден. Се на­ру­шу­ва при­ват­но­ста. За­мис­ле­те што зна­чи тоа за ма­ли ме­ста.  По­тоа ле­ка­рот тре­ба да ве упа­ти на за­дол­жи­тел­но со­ве­ту­ва­ње. Ка­кво со­ве­ту­ва­ње, во ко­ја на­со­ка? Во ред е да се да­ва под­др­шка за од­лу­ка­та, но спо­ред тоа ка­ко е по­ста­ве­на одред­ба­та, јас сум скеп­тич­на де­ка тие со­ве­ту­ва­ња ќе одат во таа на­со­ка. Мис­лам де­ка ќе се оди на тоа да се пре­мис­ли же­на­та. Пред­но­ста од бре­ме­но­ста е лич­на. Спо­ред ме­не, тоа со­ве­ту­ва­ње е гу­бе­ње ре­сур­си, што ние ка­ко др­жа­ва ги не­ма­ме. Тие ре­сур­си по­до­бро да ги на­со­чи­ме кон же­ни­те што ре­ши­ле да ро­дат. Тие три де­на со­ве­ту­ва­ње се гу­бе­ње вре­ме – ве­ли Ко­ру­нов­ска.

Таа го по­со­чи и за­дол­жи­тел­но­то из­ве­сту­ва­ње на ро­ди­те­лот, од­нос­но парт­не­рот. До­се­га За­ко­нот ве­ле­ше де­ка парт­не­рот се из­ве­сту­ва до­кол­ку  же­на­та са­ка. Но, се­га е пред­ви­де­на каз­на за ле­ка­рот од 3.000 евра ако не го из­ве­сти парт­не­рот. Таа гло­ба оди и до 10.000 евра.

- Ка­ко до­кто­рот ќе има до­каз де­ка го из­ве­стил? Кој до­ктор би ри­зи­ку­вал, на при­мер, до­кол­ку парт­не­рот не е ту­ка? Ка­ко ќе до­ка­же де­ка го из­ве­стил парт­не­рот? Де­сет не­де­ли  се пре­мал­ку. Вие ко­га ќе доз­на­е­те, ве­ќе сте 5-6 не­де­ла, до­де­ка се ре­ши­те да оти­де­те на ги­не­ко­лог… Не­ма ни да оти­де­те во тие де­сет не­де­ли. И се­га до­де­ка да се спро­ве­де таа про­це­ду­ра, да по­ми­не тоа со­ве­ту­ва­ње. Ко­ја е таа служ­ба што ќе мо­же уште исти­от ден да ти за­ка­же со­ве­ту­ва­ње. И на крај уште и из­ве­сту­ва­ње­то на парт­не­рот. И ви­ка­ат на крај, се­пак, од­лу­ка­та е на же­на­та. Па, не е баш од­лу­ка­та на же­на­та ко­га вие ќе ин­вол­ви­ра­те тол­ку мно­гу лу­ѓе – до­да­ва таа.

Спор­но е из­ве­сту­ва­ње­то. Де­нес не­кои ра­бо­ти во оп­штес­тво­то се про­ме­не­ти. Има мно­гу же­ни што, иа­ко фор­мал­но не се раз­де­ле­ни, не жи­ве­ат со брач­ни­от парт­нер, има­ат друг парт­нер од ко­го и оста­на­ле бре­ме­ни. Кој се­га ќе би­де из­ве­стен? Има и же­ни што се жр­тви на се­меј­но на­силс­тво, кои би­ле оп­ло­де­ни од со­пру­гот спро­тив­но на сопс­тве­на­та вол­ја. Што ќе би­де ко­га до­кто­рот ќе го по­ви­ка со­пру­гот да го из­ве­сти де­ка не­го­ва­та со­пру­га са­ка да абор­ти­ра. Мно­гу же­ни де­нес не се ма­же­ни, а ре­ши­ле да ро­дат де­те. Мно­гу­ми­на оста­на­ле бре­ме­ни од не­кој што жи­вее во брач­на за­ед­ни­ца со дру­га же­на.

Ко­ру­нов­ска се сог­ла­су­ва де­ка тре­ба да се пра­ват из­ме­ни во за­ко­нот, но тие из­ме­ни да одат кон по­ли­бе­ра­лен за­кон.

- Точ­но е де­ка ние сме има­ле ли­бе­ра­лен за­кон и до­се­га спо­ре­де­но со не­кои дру­ги зем­ји. Но, прет­по­ста­ву­вам де­ка жи­ве­е­ме во де­мо­кра­ти­ја за пра­ва­та да се ши­рат, а не да се огра­ни­чу­ва­ат. По­раз е да се има по­ре­стри­кти­вен за­кон од тој пред 50 го­ди­ни. Из­ме­ни­те тре­ба да одат кон по­до­бру­ва­ње на она што ѝ се ну­ди на же­на­та, од ас­пект на на­чи­нот на кој се вр­ши абор­ту­сот. Са­ми­от ми­ни­стер ка­жа де­ка во Гер­ма­ни­ја нај­го­лем про­цент на из­вр­ше­ни абор­ту­си се со  ва­ку­ум, 15 се со ме­ди­ка­мен­то­за и 11 се со ки­ре­та­жа. Кај нас пре­ку 90 про­цен­ти од абор­ту­си­те се со ки­ре­та­жа, што е нај­ри­зи­чен и нај­за­ста­рен на­чин на абор­тус. И во Гер­ма­ни­ја тие 10 про­цен­ти се кај оние што не ус­пе­ал абор­ту­сот со ва­ку­ум или со ме­ди­ка­мен­ти. Ки­ре­та­жа­та е нај­о­пас­на за же­на­та. Ми­ни­стерс­тво­то тре­ба да се фо­ку­си­ра ток­му на тоа. Же­на што се ре­ши­ла, те­шко ќе ја пре­мис­ли­те, са­мо пси­хич­ки ја мал­тре­ти­ра­те – кон­ста­ти­ра таа.

Ко­ру­нов­ска се сог­ла­су­ва со мис­ле­ња­та де­ка со За­ко­нот им се да­ва шан­са на оние ди­ви ор­ди­на­ции кои вр­шат абор­тус без доз­во­ла. Стра­ву­ва де­ка мно­гу до­кто­ри се­га не­ма ни да са­ка­ат да из­вр­шу­ва­ат абор­тус, со што ин­тер­вен­ци­ја­та ќе ста­не не­до­стап­на и мно­гу ска­па. Тоа би зна­че­ло абор­ти­ра­ње во га­ра­жи за оние што не­ма­ат па­ри, а оние што има­ат ќе одат во Ср­би­ја, Бу­га­ри­ја…

Прочитано: 853
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy