Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Трогателно фото: Неродените деца се живи суштества

Малиот Волтер се роди прерано, после само 19 недели во стомакот на својата мајка. Но неговите неколку минути живот го трогнаа светот. Малиот Волтер покажа дека неродените деца се живи суштества, дека имаат свој живот и дека абортусот прекинува живот. За жал, во Македонија стотици бебиња секоја година се насилно абортирани после 10-та недела, вклучувајќи и бебиња во 15, 20 или 25 недела. Овие фотографии покажуваат дека неродените деца се живи суштества кои имаат право на живот.

volter

 

Приказната за малиот Волтер го трогна светот, а со нејзиното објавување во јавноста се кренаа и бројни контроверзии.

Тој е доказ дека бебињата од самото зачнување се живи суштества, а абортусот е сурово убиство на овие мали и невини души.

Неговата мајка, поттикната од огромното медиумско внимание, реши до детаљ да ја раскаже неговата приказна, со која се надева дека ќе се стави крај на абортусот.

1volter

-Бев 19 недела и забележав мало крвавење, но гинекологот ми рече дека тоа е нормално. Следниот ден крвавењето стана пообилно и отидов во болница.

Докторот ме прегледа и ми рече дека срцето чука, па рече да почекам и да одам на ултразвук. Се беше во ред, па ме испратија дома.

Подоцна истиот ден почнав да чувствувам силни болки во стомакот и знаев дека иако прерано, породувањето започна.

2volter

Сестрата беше многу внимателна и имаше многу разбирање, постојано ми се извинуваше дека не може никако да ми помогне, дека породувањето е неизбежно.

Се породив во 21:42 часот вечерта, а Волтер веднаш ми го ставија во раце.

Не можев да престанам да плачам. Тој беше совршен!

Го држев во раце, слушав како му чука срцето! Го гледав мојот совршен син, неговите прстиња на рацете и на нозете.

3volter

Бев толку вознемирена од тоа што се случува и на почетокот не дозволив маж ми да слика, но потоа сфатив дека сакам да имам спомен, слика од мојот син.

Оваа приказна и фотографиите во мене будат неверојатна болка и тага, но сепак се радувам што поради Волтер можам да го сменам светот.

Се молам на Господ да ги слушне моите молитви и да направи абортусот сосема да исчезне....

Целосната приказна за малиот Волтер може да ја прочитате ТУКА.

4volter

5volter

6volter

7volter

8volter

9volter

10volter

11volter

12volter

13volter

14volter

15volter

16volter

17volter

18volter

19volter

20volter

Прочитано: 1285
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy