Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Секој ден го молам Бог да ми прости, затоа што ја натерав ќерка ми да го направи тоа ужасно дело

Јас сум 53-годишна жена, која што дозволи на својата ќерка да направи абортус во 16-тата недела од нејзината бременост. Ќерка ни беше малку „луда глава” и од денешна гледна точка, кога разговараме со сопругот, увидуваме дека и имавме дадено повеќе слобода од неопходиното.

Таа се забавуваше тајно со едно момче, кое на нас, како нејзини родители, не ни се допаѓаше. Една вечер со мојот сопруг излеговме во ресторант и ја оставивме нејзе сама дома. Тогаш добила болки во стомакот и се јавила на нејзината тетка, но не и обрнав големо внимание. Две недели подоцна, откако постојано се жалеше на болки, ја однесовме на лекар и установивме дека е бремена во 16-та недела.

 

Ќерка ми се расплака, а по нејзе заплакав и јас. Маж ми збесна, кага ја дозна оваа вест. Започнавме да се самоубедуваме: „Таа е премногу мала. Сигурно дечко и ја присилил и во иднина ќе жали, ако го роди тоа дете…”, и така решивме таа да направи абортус. Решивме тоа да го направиме надвор од нашето место на живеење. Тоа беше најдолгото патување во мојот живот. Кога пристигнавме во клиниката, ќерка ми силно ме гушна и низ плачење ми рече: „О, мамо!” Јас, како зрела и еманципирана жена, ја уверив дека се ќе биде во ред. Но, не беше во ред! Си го имав видено внуката на ехо и знаев дека е девојче, но и покрај тоа ја натерав ќерка ми да абортира. Вината, која што ја чувствуваме уште од тогаш, не следи цел живот. И ќерка ми, и јас преживеавме нервен слом.

Сега таа е мажена со истото момче и се радувам на две внучиња, но често се прашувам како ли ќе изгледаше денес и колку ќе беше убава внучка ми, која денес би имала 16 години. Јас сум христијанка и сега жалам за непромислената постапката. Секој ден го молам Бог да ми прости, затоа што ја натерав ќерка ми да го направи тоа ужасно дело. Веќе ја чувствувам казната на мојот грб. Затоа, им се обраќам на сите родители, кои што го читаат ова: Ве молам, не дозволувајте им на вашите децата да направат ваков варварски акт. Нека Бог се смилува за мојата душа!

Возраст: 53
Место: Норфолк, Вирџинија, САД

 

Прочитано: 1904
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy