Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 


Warning: strtotime(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198
Православно - католички марш против абортусот од Владивосток до Португалија

Од океан до океан. Целта е да се заштити животот на милиони неродени деца кои секоја година се абортираат. Маршот ќе има 18.000 километри и ќе биде низ 23 земји, од Владивосток до Португалија. Целиот потфат започна како иницијатива на свештеници на Руската православна црква и Католичката црква. Маршот ќе има илјадници следбеници и ќе допре до срцата на илјадници идни мајки да го спасат животот на децата во нивната утроба.

 

slika500

Водилка на овој марш е иконата на Црната Богородица од Честохова, икона за којашто се вели дека има чудотворна моќ. Таа ќе ги води патниците на овој марш од Источниот брег на Русија до Фатима, Португалија. Целта на овој марш е да го одбрани правото на живот и да се рашири свеста низ светот за вредноста на еден човечки живот.

Иконата ќе биде изложувана во специјална заштитна кутија низ сите 23 земји.

Отец Петер Вест, потпретседател на мисиите за промоција на правото на живот, вели дека кружат многу чудесни приказни за моќта на Црната Богородица. „Постоеле ситуации кога се` ни се чини невозможно, но секаде каде што има верба, има победници“, вели тој, додавајќи: „Европа моментално се наоѓа во таква состојба. Насекаде гледаме смрт со абортусот, евтаназијата и други форми на напад врз човечкиот живот. Овој наш чекор е неопходен за да се вратат надежта и вербата кај сите луѓе коишто ја бараат“.

Маршот започна од Владивосток, Русија. Неколку стотици верници дојдоа да ја видат и испочитуваат иконата на Девицата Црна Богородица. Потоа иконата беше благословена од православната катедрала со специјална литургија одржана во чест на Црната Богородица од Честохова. Истата е однесена во катедралата Свети Николај, па потоа во црквата на Благословената Дева Марија.

Овој марш ќе помине низ 23 земји, носејќи ја и иконата на Црната Богородица. Ќе поминат во Русија, Украина, Беларусија, Латвија, Литванија, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Италија, Австрија, Лихтенштајн, Швајцарија, Германија, Белгија, Велика Британија, Ирска, Франција, Шпанија и Португалија. На својата мисија ќе поминат 18.000 километри, а организаторите се надеваат дека ќе пристигнат во Фатима на Божиќ.

mapa500

Координаторите на маршот, Лех и Ева Ковалески, најавуваат дека сакаат иконата да ја однесат и во САД, Јужна Америка, Африка и Австралија во 2013 година.

„Овој проект ги зближи водичите на католичката и православната црква. Затоа иконата ќе биде изложена и во католичките и православните цркви во текот на ова патување. Се молиме таа да ја врати стабилноста во животот на нациите коишто ја изгубиле волјата за живот и што можеби и ја заборавиле вредноста на семејството“, вели Ева Ковалеска, директор на организацијата за правото на живот во Полска.

Еве неколку детали од патувањето на иконата низ светот.

Официјалното тргнување беше на 15 јуни од православната црква Свети Николај. Иконата на Црната Богородица од Честохова беше изложена на брегот на Тихиот Океан, што го симболично го одбележа почетокот на маршот за борба против абортусот и заложување за правото на живот под мотото „Од океан до океан“. По одржувањето на утринската литургија, иконата беше испратена. Тргнаа од Усури и Сибир во комбе. Следбениците со радост тргнаа по иконата, се молеа и официјално се збогуваа со Мајката Господова, испраќајќи ја на својот пат.

sledbe3500

ispra500

На 20 јуни толпата пристигна во Краснојарск. Илјадници луѓе пристигнаа за да ја вида иконата на Црната Богородица. Иконата беше качена на чамец и пловеше низ реката Енисеј. Посетителите воодушевено ја следеле иконата, поздравувајќи ја и оддавајќи и` почит. „За момент се` сопре. Сите бевме свртени кон иконата. Сите престанаа со тоа што го работеа и целосно се посветија на молитва“, вели една од следбеничките.

voda500

На 21 јуни иконата стигна во православната катедрала на покана од надбискупот Пантелејмон Метрополитен од Краснојарск и Ачинкс. Отец Павел Богински одржа богослужба во чест на иконата, велејќи: „Не е тајна дека убиствата на невини деца коишто не можат да се заштитат стана социјална норма. Ние се молиме и ја молиме нашата Мајка да не` заштити од ова беззаконие што се случува во нашата земја“.

krasnojarsk500

krasnojarsk2500

На најдолгиот ден од годината, 23 јуни, иконата замина од Краснојарск, Централен Сибир. Борците за правото на живот сега одат кон Екатеринбург, град со 1,5 милиони жители. Ова е посебно место, каде што во 1918 година беше убиен Цар Николај II и целото негово семејство: жена му, ќерките и синот.

Овој марш ќе трае уште шест месеци, а за тоа време ќе се посетат вкупно 23 држави. Следбениците ќе се борат за правото на живот, за правата на неродените деца. Нивната цел е да ја рашират свеста за убавините на животот и криминалот на абортусот. Правото за живот значи шанса за живот на сите суштества. Неродените деца коишто се незаштитени секојдневно умираат како последица на абортусот.

 

Прочитано: 2864
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy