Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Марш за живот 2012 - Вашингтон (со фото галерија)

На 23 јануари 2011 година, во Вашингтон се организираа големи мирни демонстрации против абортусот, на кои активистите на моќното американско движење „Марш за Живот“ излегоа во голем број, со цел да ја искажат својата поддршка за правата на неродените.

Овој традиционален марш, се организира секоја година по повод годишнината од одлуката на Врховниот суд да го легализира абортусот во САД. И оваа година, неколку стотици илјади, претежно млади луѓе, марираа низ улиците на Вашингтон, како и пред Врховниот суд, а сообраќајот во целата област беше во неколку часовен прекин. Годинава, како што и очекуваа организаторите, имаше многу повеќе учесници, со оглед на тоа што бројот на поддржувачи на правото на живот во Америка значително се зголеми во изминативе неколку години.

Првиот Марш за Живот се одржал на 22 јануари,1974 година, се проценува дека тој ден својот глас го кренале над 20.000 луѓе во име на нивните не родени браќа и сестри.

Во 1974 година, Марш за Живот беше промовирана како непрофитна и непартиска организација, и од тогаш па наваму секоја година традиционално се одржува марш по улиците на Вашингтон, бројката на подржувачи се движи од 100.000 до 400.000 секоја година.

За повеќе информации, посетете ја официјалната страница на движењето:http://www.marchforlife.org/  

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

Прочитано: 985
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy