Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Абортусот, последиците и жртвите

Накратко, какви се последиците од абортусот и како тие се одразуваат врз жената. Корисни информации за оние кои се пред тој предизвик, но и за оние кои веќе тоа го направиле. Било какви расправи за некои морални норми се бесполезни ако претходно не се утврдат последиците. Абортусот како убиство има свои жртви и негативни последици. 

На прво место тоа се неродените деца кои не успеваат дa го видат светлото на денот. Американскиот гинеколог Бернард Натансон, со ултразвук го снимил однесувањето на плод стар 12 недели, за време на овој грозоморен чин. На филмот се гледаат панични движења на детето кое се обидува да си го спаси својот живот, но не успева. На крајот неговата уста се развлекува, како при најголемо мачење. Овој филм со причина е наречен „Нем крик“. Остануваат да лебдат во воздух неколку прашања на кое сите ние добро го знаеме одговорот. Дали тоа дете сакало да живее? Кој има право да му го одземе животот?

Освен нероденото бебенце, ж
ената е исто така жртва на абортусот. На неа и се случуваат и физички и психички последици, непријатности и опасности. Најчесто абортусот само привидно поминува без последици по здравјето на жената.
(Текстот продолжува на: Прочитај повеќе)

Физичките последици се делат на рани и подоцнежни. Жените главно ги приметуваат раните последици, оние кои се случуваат за време на изведувањето на абортусот, или непосредно по него. Најчесто во прашање се повреди на матката и други органи, како што се цревата, мочните патишта, бешиката, големите крвни садови, потоа тука се и големите крварења од проширените, или повредените крвни садови на матката и сл. Често се јавуваат и инфекции кои можат да се ограничат само на полните органи, но неретко и да се прошират како општа инфекција како сепсата. Смртноста при изведување на абортусот е три пати поголема одколку при породувањето, а не смее да се изостави и можноста за појава на стерилитет. 


Опасноста од абортусот не треба да се гледа само по бројноста на смртните случаи, или компликациите непосредно врзани за истиот, туку и во контекст на неговто севкупно и долгорочно влијание врз здравјето на жената. Подоцните последици не се веднаш видливи, но со развојот на медицината утврдено е дека има големо влијание врз психичкото здравје на жените. Ваквите заклучи се донесени како резултат на систематско опсервирање на жени кои имале абортус. Масовноста на абортусите овозможува ваков тип на следење и дава доволно материјал за истражување. Периодот после абортусот може да помине и без никакви последици, но веке при следниот менструален циклус може да се примети пообилно, или послабо крварење. Во некои случаи менструацијата се јавува и во неправилни интервали. При абортусот многу често се случува да заостанат и помали делови од плацентата, од која со време се развиваат полипи, кои подоцна предизвикуваат крварења.

 Последиците можат да бидат и од психичка природа, при што се јавуваат занци на депресија и раздразливост. Трајна слабокрвност, општа слабост, несоница, главоболки, потполно можат да го пореметат душевното и телесното здравје. Непосредно психичко малтретирање се доживува во фаза на дијагностицирање, администрирање, но и при самиот абортус. Уште тогаш може да се развие помало или поголемо чувство на вина и етички конфликт. Денес се наметнува став дека абортусот е начин на контрола на раѓањето исто како и контрацепцијата. Детето е лесно да го извадиш од мајчината утроба, но многу тешко е да го извадиш од нејзината глава. Ова не е само поради влијанието на христијанската вера во нашето општество. Истата појава е евидентирана и во нехристијанските култури. Јапонија е добар пример за тоа, таму се направени студии во кои е испитуван степенот на чувството на вина кај жени кои абортирале и докажале дека многу голем процент од жените, абортусот го доживуваат како зло и поради тоа се чувствуваат многу лошо.

 Јапонската шинто религија смета дека детето добива душа со раѓањето, но токму заради тоа чувство на вина постои посебен израз на народната побожност, каењето на гревот заради убивањето на сопствените деца. Постојат храмови во кои жените ставаат мали фигурички кои ги симболизираат нивните абортирани деца. Жената ја поседува способноста да раѓа и мајчинството е во самата основа на женското битие.

Понатаму, жртвата е бракот, т.е. сопружниците. Доаѓа до разочарување и несигурност во сексуалниот живот, неслога, сексуални неурози, фригидност, страв од бременост или неплодност. Сите овие компликации можат да предизвикаат развод. Меѓутоа, не се погодени само сексуалните односи, туку воопшто односите меѓу сопружниците, со нивната заедничка одлука со абортус да го „исчистат“ непланираното зачнување.

 Следните жртви се децата родени меѓу, пред или по абортусите на нивните мајки. Кога ќе дознаат за абортусите кои ги опкружувале, сфаќаат дека со чиста среќа преживеале и го виделе светлото на денот. Ова може негативно да се одрази на нивниот однос и став кон родителите, нивниот морал и поглед на светот и животот воопшто. Не се само абортираните деца жртви. На извесен начин тоа се и родените деца на мајките кои имаат извршено абортус.

Последиците се многу поголеми и со поширок обем одошто обично се мисли. Жртва е целото општество бидејќи неговата иднина со секој абортус е се понеизвесна.

За жал, искуството со компликациите на прекинот на бременоста, од кои повеќето се сериозни бидејќи барале болничко лечекување (56,3%) како да не е решавачкиот фактор за одреден број жени да не се изложат повторно на ризикот од компликациите на абортусот.

Често жените се тешат со случаите на други жени кои имале низа абортуси, и „ништо лошо не им се случило.“ Ова е лош изговор за абортус. Како што веќе споменавме, постојат различни последици кои следат по абортусот. Некои од нив се јавуваат многу подоцна од самиот абортус, па жените претежно и не ги поврзуваат со него. Сметаат дека постојат некои други причини за пореметувањата во нивното здравје.

 Се на се, абортусот е единствен феномен, бидејќи е единствената хируршка интервенција која разорува и отфрла нешто што е потполно здраво, и над се, живо, личност во развој, и прекинува природен процес. Медицината знае за неопходноста на отстранување на болни делови на телото како разни видови тумори, канцерогени ткива, и слично, но кај абортусот имаме отстранување на здраво ткиво и тоа е всушност едно мало и беспомошно човечко суштество. Не постои ниеден сличен третман во медицинската пракса, каде како кај абортусот грубо и насилнички се елиминира еден човечки живот. Еутаназијата уште никаде не е прифатена и легализирана (освен неодамна во Холандија), ни во едно правосудство, ни од страна на медицинарите. Само осамени поединци се залагаат за неа. Меѓутоа, постои голема разлика меѓу абортусот и еутаназијата. Застапниците на еутаназијата сметаат дека треба да им се овозможи на оние што бараат да умрат, бидејќи веќе не гледаат никаква перспектива и можност за оздравување или барем некакво подобрување на нивната состојба. Дури, ако болеста е пропратена со силни и постојани болки, според нив, еутаназијата е единственото правилно решение. Само да ли е исто да му се одземе и животот на некој за кого не знаеме дали го сака или го отфрла? Зар некој друг да решава за тоа? Има ли право на такво нешто? Кај еутаназијата барем постои изразена желба на болниот за успивање, што треба да претставува поблаг и поубав збор од усмртување, додека кај абортусот такво нешто не постои. Се разбира дека таквата желба не може да се третира како свесно и со ништо исфорсирано одлучување.

Последиците на абортусот се чувствуваат и на поширок план, во општеството. Тоа се последици од финансиско-економска природа. Големи се трошоците за медицинските прегледи, социјалната обработка, комисиите, болничкиот престој, боледувањата, компликациите и нивното лечење, потоа демографските пореметувања и белата чума.

Во нашата земја за вршење на специјалистички и обични лекарски прегледи, болнички престој и слично, се плаќа одредена сума на пари, како партиципација за сите тие трошоци. Дел од трошоците се покрива и од здравствените фондови. Исто е и со абортусот. Дел од тоа го плаќа самата жена која бара абортус, а дел се подмирува од здравствените фондови, кои се присобираат и од оние кои не одобруваат абортус. Она што е многу поважно е фактот што тие пари можеле да се употребат за други, многу поисправни цели. Многумина не се во состојба да ги исплатат големите трошоци на скапите третмани за спасување и зачувување на нивните животи и здравје, а од друга страна имаме лишување од живот.

Особено тешки се последиците од абортусот на морално-верското поле. Менталитетот кој го одобрува абортусот ја уништува радоста на животот, се противи на великодушноста и спремноста на залагање, на жртвување, на сметање на Божјото провидение и доброст т.е. спречува отвореност кон и предавање на Бога.

Не се работи само за верата, туку и за типот на хуманизам и морал кој го оставаме на генерациите после нас. Човештвото со абортусот ја има загрозено својата иднина и опстанок. Морално-етичките грешки, кои им ги оставаме на оние што идат после нас (се работи и за нивното доаѓање на светов, кога на некои места се вршат повеќе абортуси од раѓања), можат да бидат почеток на крајот на развојот и опстанокот на нашата цивилизација. Со легализација на убивањето на деца се сече гранката на која седат нашата цивилизација и култура. Директно е загрозена утрешнината и опстанокот на нашиот свет.

Мајка Тереза еднаш рече: „Абортусот е почеток на злото во светот.“

Прочитано: 6601
Коментари (4)Add Comment
0
...
напишал KiKeTo, јуни 05, 2010
Da.Sto pomalku abortusi poveke bebinja ne se vo opasnost bidejki koga se izvrsuva abortusot bebeto custvuva ogromna bolka vo stomakot na majkata.Jas ova sum go citala vo spisanie.Kazi ne na abortusot.
Gordana Gorde
...
напишал Gordana Gorde, јули 04, 2010

Освен нероденото бебенце, жената е исто така жртва на абортусот. На неа и се случуваат и физички и психички последици, непријатности и опасности. Најчесто абортусот само привидно поминува без последици по здравјето на жената. Srceto mi se otkornuva od gradi koga ce procitam i slusnam za Abortus!
0
...
напишал Биле, Капиштец, јули 16, 2010
Овој текст и странава ги пратив пред една седмица на другарка ми што абортираше. Вчера се видовме и муабетевме. Никогаш повторно не би абортирала. Фала ви за сајтот, сториите и вистината.
0
...
напишал zoran, декември 10, 2010
Почитувани, продолжете да се борите против убијствата на најневините. Секое човеково создание има право да живее зашто со зачнувањето станува битие од Бога и во Бога.

Напишите коментар
намали | зголеми

busy