Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Медицински последици од абортусот
Инфекции - и покрај користењето на стерилни инструменти и задолжително примање на антибиотици после извршениот зафат, инфекцијата претставува најчеста компликација на абортусот. Значи инфекции се висока температура, болки во стомакот и појава на непријатен мирис на вагиналниот секрет. Ако не се излечи,инфекцијата може да предизвика озбилни заболувања, стерилитет, сепса и смрт.
Долготрајното крварење - големо крварење од матката во текот на абортусот и после завршувањето на абортусот најчесто се случува кај абортус кој се извршва во текот на третото тромесечие На бременоста. Понекогаш прекумерното крварење може да биде знак на заостанато ткиво, перфорација или неможност матката да се собере.
Неуспешен абортус (продолжување на бременост) - многу ретко се случува абортусот да биди неуспешен, односно жената да продолжи со бременоста. Заради тоа после секој абортус се проверва дали е секое ткиво извадено. Привремено прекин на бременоста се случува во ситуации кога е плодот целосно промашен, кога е во прашање на повеќекртна бременост  па само едниот фетус да бидe изваден, и кога постои така наречена дупла бременост. Ова пореметуваење е почесто ако абортусот се изврши пред време т.е. ако има поминато помалку од 6 недели од првиот ден на последната менструација. Ако се вакво нешто случи, знаши бременоста нема да се прекини, и абортусот мора да се повтори за недела дена.

Заостанато ткиво - лекар кој го изведува абортусот неможе да ја види внатрешноста на матката, па може да се случи во матката да остане извесна количина на ткиво од плодот. Значи заостанатото ткиво е јако крварење кое може да трае повеке од две недели, исфрлање на парчиња од згрутчена крв, грчеви или можни знаци на бременост. Понекогаш се даваат лекови кои предизвикуваат контракции на мускулите на матката и го исфрлаат остатокот од ткивото.

Постабортален синдром (крв во матката ) до овие компликации доаѓа кога матката не се собира нормално, па се задржува крвта во неа и кога згрутчената крв го блокира излезот. Собраната крв ја зголемува болката, предизвикува грчеви и тешкотии. Понекогеш е можно да се истисни згуснатата крв со јако притискање директно над матката, а ако ова не успее се извршува аспирација.

Перфорација - перфорацијата претставува пробивање на ѕидот на матката со помош на инструмент со кој се врши абортусот. Матката е јак мускул и доколку се оштети површно, раната зараснува сама. Доколку се повреди поголем крвен сад или некој орган неопходна е операција. Затоа абортусот се извршува во клиники кои имаат операциони сали.

Кинење на cerviks (грлото на матката)скај абортусот кој се изведува во второто тромесечие од бременоста поголема веројатноста да дојди до повреда до грлото на матката отколку кај абортусот кој се изведува до 10 недела од бременоста. Можеби жената нема да ја почуствува повредата која се случила, но лекарот мора да ја извести и внеси податоци за повредите во нејзиниот картон. Малите процепи зараснуваат и без интервенции. Сериозните повреди бараат зашивање.

Емболија - Емболија претставува затнување на крвните садови на некое telo-embolusom, најчесто со воздух или згрутчена крв. После абортус најчесто доаѓа до клучна емболија, при која embolus затвара гранките на плуќната артерија која доводи до инфаркт на плуќата и попуштање на десната половина на срцето. Клинички се претпоставува дека се појавуваваат болки во градите, отежнато е дишењето, појава на кашлање и искашлување на крв.

Копликација од Анестезија - Локалната анестезија може да предизвика зуење во ушите, пецкање на дланката и стапалата, и се осеќаат празнини во главата. Озбилни алергиски реакции не се ретки. После будењето, после општата анестезија, често се јавува малаксаност, тешкотии и дезориентација. Крварењето е појако бидејки мускулите на матката се опуштени.
Прочитано: 12986
Коментари (2)Add Comment
0
...
напишал Биле, Капиштец, јули 16, 2010
Ова треба да го прочита секоја девојка која размислува дали да абортира. Тука се физичките последици, но најтрајни се психолошките последици и каењето. Прошлата година абортираше моја другарка и до денес е во депресија поради тоа.
0
...
напишал IRENA DJURKOVSKA, август 04, 2010
TREBA ZDRAV ZAKON DA SE SPROVEDE I DA SE KAZNIV TIJA STO NAMERNO ZATRUDNIV PA POSLE ABORTIRAV.NEMOZU DA SVATU TOJ IMAM TRI SINA I AKO TREBA JOS TRI KE GI RODU SAMO ABORTUS ,,NIKAKO,,

Напишите коментар
намали | зголеми

busy