Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 


Warning: strtotime(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198
Никој не знае колку Македонки абортираат

Во Македонија годишно се раѓаат толку дечиња колку и што се абортираат. Лекарите велат дека бројот на абортуси годишно се движи околу 22.000, колку што е бројот на новородени деца. Неинформираноста за сексуалното и репродуктивното здравје, велат лекарите, е главната причина за зголемен ризик од несакана бременост и сексуално преносливи болести, вклучувајќи ја и ХИВ-инфекцијата. Во исто време, стапката на употреба на орална контрацепција е многу ниска.

Лекарите на вчерашниот Светски ден за орална контрацепција објаснија дека во земјава абортираат и тринаесетгодишни девојчиња. Голем дел млади сексуалниот живот го почнуваат околу петнаесеттата година. Во исто време се недоволно информирани за можната заштита од несакана бременост, а сексот е табу-тема и за нивните родители. Сепак, и покрај алармите од лекарите, Министерството за здравство нема официјални податоци за бројот на изведени абортуси. Во оваа институција допрва се работи стратегија за сексуално и репродуктивно здравје.

- Досега спроведените студии укажуваат на висока неинформираност, што е главна причина за сексуално преносливи болести, несакана бременост. Сепак за официјални показатели за состојбата ќе мора да почекаме – вели д-р Едис Рамо од Министерството за здравство.

Д-р Горан Димитров од Клиниката за гинекологија вели дека свесноста за контрацепција е битна затоа што на секои пет жени што забременуваат во светот најмалку кај една од нив се работи за непланирана бременост. Но маркетиншките податоци велат дека стапката на употреба на орална контрацепција во Македонија е многу ниска и изнесува два-три проценти, или ја употребуваат околу 9.000 жени. За разлика од кај нас, во светски рамки таа е 11 проценти.

- Таму каде што има голема употреба на орална контрацепција, како на пример во Германија, има многу мал процент на абортуси. Во Русија каде што има ниска стапка на употреба на орална контрацепција има голем процент на абортуси – објаснува Димитров.

Лекарите укажуваат и на голем број нелегални абортуси.

- Лани имав три, а годинава една пациентка во животна загрозеност. Проблемот со нив е што на вистинско место се јавуваат кога состојбата ќе им се искомплицира и не кажуваат каде го правеле абортусот. Ова е проблем што мора да се реши – вели д-р Васил Јовковски од „Мала Богородица“.

Прочитано: 2377
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy