Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 


Warning: strtotime(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198
Смртоносни последици од смртоносни дела

На тој начин, откако Го “убивме” Бога во својата атеистичка свест се убиваме и уништуваме самите себе. Иднина на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина. Нашиот живот без Животодателот Бога се идентификува со смрт.

Тоа е судбината на сите земји во кои владее атеизам и антитеизам. Со таа бела смрт се опфатени сите, како источните легално атеистички, така и западните илегално атеистички замји. И нашата земја е меѓу нив. Овие мачни последици од богоотстапувањето посебно тешко ја погодува Македонија, поради нејзината специфична положба. Додека кај нас бројот на христијанското насаление рапидно опаѓа, кај припадниците на исламската вероисповед најрапидно се зголемува, и библиските зборови “Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа”(1Мојс. 1,28) се однесуваат само за нив. Бог како да повикува друг народ, кој како повеќе да му е оддаден. Во колкава мера изумира веќе атеизираното македонско население, во толкава, па и поголема мера се множи исламското население. Во догледно време има тенденција, припадниците на исламското население, бројно да се изедначат со христијанското македонско население, а потоа да станат мнозинство. Со тек на времеда бидат доминантно, а најпосле и во апсолутно мнозинство, што ќе претставува крај на животната драма на македонското население во овој регион. Тоа ќе се потврди и во примерите што следат.

Јазикот на бројките - последна опомена

Нашето македонско семесјтво, денес, обично, брои едно, а најмногу две деца, или 1,7 дете во просек. Од тој веќе дефицитарен број некое дете и умира, некое не стапува во брак, некое се разболува, и слично., па она 1,7 ќе се сведе на 1,3 дете. Тоа значи на секој родител му припаѓа по 0,65, значи не цело дете! Тоа говори дека нашето семејство е опфатено со тешка смртоносна болест. Стануваме народ без младост, народ на старци. Во домовите има повеќе старци отколку деца! Личиме на сонце во зајдување. Нашето најмило си го положуваме како трагична жртва на олтарот на неверието и богоборството. Тоа е нашиот поразитален биланс во повеќе децениската непресметлива и безсмислена битка против Бога-Господарот на животот и смртта! Поради неприродното преквалификување на жената, ние ги губиме и жената, и мажот, и децата. Во крајна инстанца, вршиме масовно самоубиство -национално самоистребување. Некој, ако повреди или убие макар и еден наш државјанин, ние сме во состојба да ја бараме интервенцијата дури ако треба и пред меѓународни институции, иако на овој начин сами го уништуваме поголемиот дел од иднината на нашиот народ! Каков импотентен дух?! Каков ерозиран морал?! Од друга страна, пак, за сметка на православното македонско население, рапидно расте исламското население, зашто Бог како да не сака земјата да остане без луѓе (1Мојс. 1,28). Исламските семејства имаат обично од 6-8 деца. И од нив доколку се случи некој предвреме да умре, да не стапи во брак, и сл., - сепак во просек ќе останат по околу 5,5 деца, или 2,75 деца на секој родител.
Според таа состојба, на пример, денешните милион Македонци, по триесет години, во 2015 година*, колку отприлика што е потребно време за создавање на просечно семејство, ќе се намалат на 650.000 православни Македонци, додека Исламското население ќе се зголеми на 1. 375. 000 жители. При наталитетот каков што е денес, ако се обидеме да ја пресметаме бројната состојба на населението за уште една генерација семејства во следните триесет години, ќе добиеме резултет дека во 2045 година во Македонија ќе има 3.781.250 припадници на исламското население; додека бројот на христијанското македонско население ќе се намали на 422.500, или 9,33 помалку од исламското, односно еден десетти дел од вкупното население во Македонија.
Мегутоа, ако и понатаму наталитетот на православното македонско население опаѓа како од Втората светска војна досега, тој однос ќе биде уште понегативен за нашиот народ. Ако пред војната, кога жената беше повеќе мајка и совесно ги чуваше своите деца, и тогаш нашето семејство имаше просечно четири деца, по војната, за време на минатите читириесет години, тоа се редуцира на 1,7 дете, а, веројатно, за наредните четириесет години - значи во 2025 година православното македонско семејство ќе биде скоро бездетно! -Од неколку семејства ќе има само едно дете и тоа од онаа жена, која ќе се осмели да роди дете, и по цена да биде наречена “назадна”, зашто си дозволува да си ја “труе убавината и свежината на телото!” За тоа време припадниците на останатите етнички, национални и верски групации ќе добијат простор и замав уште повеќе да го зголемат својот и така висок наталитет, а македонско население, кое сега е се уште побројно, ќе се намалува и исчезнува.
Тогаш, постои можност, нашата земја да не вика Македонија, туку да биде составен дел на некоја соседна земја. И сега во Скопје илегално излегува албански весник по име “Вардарска Албанија”. Дали тоа е случајно и дали сме ја разбрале неговата порака? Во секој случај, тие сега се уште тајни освојувачи, кон нас нема да се однесуваат благо како ние кон нив. Тие ќе вршат силни, ним својствени притисоци (пример ни е Косово), со цел да го асимилираат остатокот од нашето население. Наместо Македонци и христијани, ќе се викаме поинаку и ќе бидеме муслимани. Тоа е принцип на исламот. Така диктира Куранот. Историјата на исламот е историја на насилие и принуда кон се што не е муслиманско, со кое доаѓа во контакт преку војна и сл. Турскиот султан Сулејман “Велелепни”, во ЏВ век, кога војувал против христијанските народи, наредил да му се четка оделото на бојното поле и да се собира прашината, за кога ќе умре да му ја стават во гробот до глават за да ја мириса како рајско благоухание! Впрочем, зарем малку примери имаме од робувањето под Османлиите. Турција, таа некогаш христијанска земја, преку сила и принуда била освоена и претворена во исклучиво муслиманска земја, во која едвај се зачувале 80.000 христијани од вкупните 50.000.000 жители. Тоа, веројатно, исто така, ќе стане со Македонија во блиска иднина, доколку вака брзо продолжи да опаѓа наталитетот кај македонското население. Македонија од пет вековното ропство под Турците Османлии излезе духовно и национално појака, благодарение на приврзаноста кон Црквата, додека сега, без Црква, во период од само четириесетина години слободен живот, ние се најдовме национално и духовно обесилени до критична граница.
Дали постои лек против сегашната незавидна состојба
Ако се случи нашиот народ, соочен со идната национална катастрофа, не се пробуди и не почне да се множи, и ако тоа пробудување не го направи во блиска иднина и со соодветна мерка - припадниците на исламот, штом станат мнозинство, ќе почнат да вршат притисок врз православното македонско население и ќе настојуваат да му ја наметнат својата вера и националност или ќе го принудат на исселување, како што е случај на Косово: “666 чисто албански села и населби”. Затоа, ако сме разумен народ и ако во нас тлее националната искра, случајот со Косово - може многу да не поучи.
Еве, како слободата и демократијата без Бога поминуваат во д е м о н к р а т и ј а!
Историчарите и забележуваат на Македонија дека без отпор го примила османлиското ропство. Дали и ние сега без отпор ќе ја дочекаме репризата на тешкото турско ропство? Дали треба да се помириме со опасноста која брзо се приближува и со мирна душа да го чекаме претварањето на нашата македонска земја во немакедонска и нашиот христијански народ во исламски? -Тоа никако не би смееле! Тогаш ние би се огрешиле и кон Божјата заповед за множење на населението и владеење со земјата (1Мојс. 1, 28), и за нас нема да се однесуваат зборовите: “Кој победува, ќе наследи сi, и ќе му бидам Бог, а тој ќе ми биде син”(Откр.21,7). Таа Божја повелба и ние треба да ја исполнуваме како оние што ја исполнуваат, за да не ни припадне нам укорот Божји: “А на плашливците и неверните, на поганите и убијците, на блудниците и магесниците, на идолопоклониците и на сите што лажат, делот им е во езерото, што гори со оган и сулфур”(Откр. 21,8).
“Множете се...”
Поради тоа, во името на Бога, би требало да се направи усилба за зголемување на бројот на децата и во македоснките семејства. За таа цел можеме да предложиме две алтернативи:
1. По примерот на многубројните деца кај исламското население, христијаните би можеле да одговорат исто така со раѓање на голем број деца, па кога ќе се јави опасност од супернаталитет, тогаш да се донесе закон за намалување на бројот на децата во семејството. Меѓутоа, претставува тежок и едвај совладлив проблем постигањето голем број деца во семејствата кои се научиле на спротивното, иако тој начин би бил најправеден. Но една долгорочна програма и сеопштествено ангажирање овој начин може да го афирмира и да му обезбеди успех.
Поголемиот број деца претставува императивна потреба за скоро сите западноевропски, па и источноевропски земји. Тие сега се принудени да увозуваат работна снага од вишокот на работна рака во исламските земји каде наталитетот е неконтролиран и стихиен. Но со текот на времето таа увезена сила на своите домаќини ќе почне да им ја наметнува својата “култура”, својата “цивилизација” и својата вера. Во крајна линија можат да им ја населат и земјата! Скоро ист е случајот и во СССР, што можевме да дознаеме во разговор со млади руски интелектуалци. И таму се чувствува загрижувачка разлика во наталитетот во полза на исламското население од задкавказките земји. И таму е присутна активна и обеспокојувачка експанзија на работници од исламските во христијанските подрачја. Сличен е случајот и во САД, каде обоеното население е во пораст, а белото во опаѓање. Значи, веќе е време да се планира и на демографски план со цел да се земат во заштита поедини етнички, расни и религиозни групации, со цел да се сочуваат народите, намалување на меѓусебните контакти и непријателства и обезбедување на мир меѓу државите и во светот. Уште повеќе затоа што немирите и војните веќе стануваат трагични и катастрофални за сиот свет.
2. Како втора алтернатива за решавање на постојните спротивности би можела да биде: Наместо досегашните едно или две деца во христијанските семејства - да има по три или четири. Во Светото Евангелие не се говори за бројноста на децата. Но се знае дека Господ Исус Христос ги сакал децата: “Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат при Мене, зашто на такви е царството небесно”(Мт.19,14). Светите Отци со симпатии и надеж гледале во децата, како услов за одржување и напредок на Божјиот народ. Познатиот англиски државник Винстон Черчил често напоменувал дека имал четири деца, и тоа: едно за неговата жена, едно за него, едно за случај на болест, смрт и сл., и едно за бројно растење на нацијата. И навистина бројот четри е најприфатлив кога станува збор за деца во семејството. Со тој број неможе да се дојде во опасност од умирање, ниту од пренаселеност, а обезбедува исполнување на Божјата заповд за множење на народот (1Мојс. 1,28).
Настојувањата во тој поглед треба да ги усогласат државата и црквата, која секогаш била во служба на народот и работела за нагово добро. Црквата би требало да делува преку својата мисија, преку печатот, преку проповедите од амвонот и при секоја прилика во вршењето на својата дејност, како на пример: свадби, крштевки, осветување на домови, прекршување на леб, водосвети по домовите и при секоја дадена прилика. Зборот на свештеникот, Божјиот слуга, секогаш наоѓал пат до срцето на верникот и добронамерниот граѓанин. Државата би требало да делува преку своите гласила, инструменти и органи: телевизијата, радиото, печатот, законодавството и слично. Државата е должна да ги почувствува овие проблеми во нивните почетоци, да ги анализира и нормира, заради спречување на демографски, етнички и верски движења и недоразбирања, а да обезбедува мирен и спокоен живот за сите граѓани. Државата би требало да донесе закон за заштита на загрозените семејства и на нацијата - исто како што има закон за заштита на културните споменици, зашто негативното на модерното атеистичко и нихилистичко време му се заканува со сета своја жестина и безобѕирност на коренот на општеството - на семејството, му се заканува со уништување! Преку тој закон, единствено хуман и кога не би постоела хуманоста, да и се олесни положбата на мајката, особено повеќедетната мајка маченица. На вработената мајка да и се даде поголемо породилно отсуство: за првото дете дванаесет месеци, за второто шеснаесет месеци (затоа што ќе се старее за две деца), за третото шеснаесет месеци (сега веќе ќе бдее над три деца), за четвртото дваесет и четири месеци (затоа што ќе води грижа за четри деца, а веќе не е млада и во полна снага). Потоа, за секое дете, освен за првото, да и се даде на мајката по една година порано да оди во пензија. Издатоците на државата се токму затоа да му се олесни на човекот. Средствата треба да му служат на човекот, а не човекот да и им биде роб на средствата. Подобро е сега со пари да ја купуваме слободата, отколку утре ни со пот, ни со крв да не можеме да ја добиеме (да се сетиме само кој беа јаничарите...кои комитите... во тешкото и пеколно петвековно ропство кога “живите им завидуваа на мртвите”). Жената нека го отстапува тешкиот труд на мажот и постепено нека се повлекува во својот рај - во семејството, каде што ја води нејзиниот социолошки и биолошки позив. Трудот повеќе му одговара на мажот и тој него го прави поздрав и помажествен. На тој начин ќе стапиме во мир со природните закони и тие ќе ни бидат помошници, а не непријатели. Тогаш ќе не водат во живот, а не во смрт.
На тој начин, ако неприродниот обид за израмнување на жената со мажот претрпе штета или неуспех, од друга страна општеството ќе добие, многукратно повеќе со ревитализација на нашето семејство и, во крајна инстанца, обезбедување иднина на нашиот народ, зашто тој без подмладок е како дрво без корен и како река без извор, како сончеви зраци без сонце. Ако пак речеме: “Што ќе им правиме на толку многу деца? Каде ќе ги вработиме во свое време?” - Тој проблем ќе се решава заеднички со малцинствата, бидејќи живееме во заедница. Паралелно со мерката за наголемување на бројот на децата во малодетните семејства, да се донесе закон за ограничување на бројот на многудетните семејства. Според тој регулативно - стабилизационен закон едно семејство неможе да има повеќе од 4-5 деца. Таа мерка ќе биде во прилог за решавање на проблемот за вработување и избегнување од опасноста од популациона супер-експанзија и бризантност во поедини критични региони. (Доколку проблемот се однесува на вработувањето, кризата може во голема мера да се ублажи па и да ги реши со мерките: а) редуцирање на женината работна обврска; б) општо скратување на работното време соодветно на механизирањето на трудот во целиот свет).
Планирање
Сите овие и секакви проблеми најдобро ги решава стравот Божји, верата во Бога и молитвата упатена кон Него. Но бидејќи ние од тие благодети се лишуваме, тогаш семилостивиот Бог оставил други посилни средства и начини за решавање на проблемите на луѓето. Некои од тие начини се разумно, свесно и контролирано работење - што важи како за поединците, така и за општествата.
Денес во целиот свет, во сите општества се врши мерења, планирања и контрола во сите административни, општествени, социјални, научни и други структури - со цел да се создаде што поголема удобност на човекот, додека самиот човек (каков апсурд!!!) е оставен на случајот, на слепиот случај да се развива или пропаѓа без никаква контрола, план или ред! Овој демографски хаос е виновник што во поедини афрички и азиски земји милиони луѓе умираат од глад и стотици милиони се наоѓаат на работ на физичката исцрпеност. Наталитетот кај нашите соседи не е така голем како кај поедини наши покраини, на пример, Космет и западна Македонија меѓу муслиманското население. Во Албанија во едно семесјтво има 3-5 деца, во Јапонија 3-4, во Грција и Бугарија просечното семејство има 2 деца. А пак во Кина, како резултат на некогашното стихиско и прекумерно раѓање, како сега кај припадниците на исламското население на Косово и во западна Македонија, владее закон кој забранува семејството да има повеќе од едно дете. За второ дете се применуваат државни санкции (Нова Македонија 1983 год.). На тој начин државата се брани од општествените зла, како што се: пренаселеност, глад, болест, сиромаштија, незадоволство и сл., што претставуваат извор на потенцијални конфликти и немири кои водат во граѓански и државни војни - тежнеејќи кон територијална експанзија.
За да не мораме и ние по неколку децении да воведуваме неопходни мерки за намалување на наталитетот, како во Кина, подобро би било да примениме мерка за ограничување на бројот на децата, на пример: по три или четири деца во едно семејство. Ако живееме во заедница, треба заеднички и да ги решаваме проблемите кои ни се јавуваат. Заеднички да го делиме и доброто и злото. Како што поедини загрижени влади водат демографска политика, со цел да обезбедат добробит за своите граѓани - на ист начин би требало да постапуваме и ние. Ако пак, на пример: еден Албанец од Косово или од западна Македонија рече дека му се малку 4-5 деца, тогаш зошто цели семејства ја напуштаат својата родна грутка и се населуваат во други делови на државата. Значи, треба да има ред - ако сакаме да има слога, мир и напредок во земјата. А на оној кој што живее и работи хаотично да му се излезе во пресрет со план, ред и систем во живеењето и поведението. Да му се испита неговото потекло, како и кога дошол на таа земја, легално ли се населил и дали се стекнал со државјанство. Зошто не го користиме искуството од некои западни земји кога е во прашање чувањето и контролата на својата земја? Кон кого ќе се огрешиме ако кажеме кој живеел со децении и со векови во оваа земја, а кој бесправно се населил? Демократијата подразбира, пред се, почитување на законите: без исклучок на сите граѓани! Но, рака на срце, за оваа и ваква критична положба во која се наоѓаме, не е крив никој, а најмалку, да речеме, албанскиот селанец. Тој е обичен и простодушен човек, кој знае многу да трпи и да страда. И ним треба да им се помогне и да им се укаже на опасноста од нивниот досегашен начин на живеење, која произлегува од многучедните семејства и да им се предложи поинаков, посовремен, попрактичен и поприфатлив начин на живеење. Впрочем, ние, во нашата Југословенска заедница, зарем не вршиме семожни нивелации помеѓу републиките и покраините, со стремеж - населението во нашата земја да се изедначи во секој поглед: економски - со доделување сојузни вонредни средства, културно-просветни - со отварање потребни школи, индустриско-технолошки - со подигање капацитети и опремување со кадри од развиените републики и т.н. Иста таква нивелација би требало да се спроведе и во поглед на планирањето на семејствата и раѓањето на деца. Каде постои демографска криза - да се стимулира раѓањето. Каде се забележува демографска експанзија - да се ограничи наталитетот. Да се стреми во период од неколку децении семејството во Југославија бројно да се унифицира и стабилизира, како петочлено или шесточлено семејство: родителите и три или четри деца. Како дополнување на последнте бројки би можеле да речеме: Оние три деца би се однесувало за градскто, а четирите за селското семејство. За селските земјоделски семесјтва би можело да се предвиди олеснување. Тоа би се состоело од материјално помагање или намалување на данокот. Во социјалната држава таквата и слична помош би требало да биде нормлна појава
.

 

Прочитано: 2095
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy