Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 


Warning: strtotime(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198
Демографска хетерогенеза и нејзините последици

Кривицата на жената на терезија на Божјата правда

Раѓањето на деца во Стариот и Новиот Завет е сметано за Божји благослов, што може да се види од следните примери: 1Мојс. 1,28; 8,17; 9,1; Јов. 10,29; Евр.2.13 и т.н. Безчадието се сметало како посебна казна од Бога, што може да се потврди во: 1Мојс. 16,2; 30,23; 1Сам.1,6; Лк.1,25.

Стариот Завет и несаканото пометнување, строго го осудувал и казнувал, затоа што и зачетокот (фетусот) се сметал како веќе роден човек.
Христијанството, уште со самата своја појава, станало против абортусот. Патролошкиот спис Дидахи или “Учењето на 12 апостоли”, пропишува: “Да не тровиш ниту убиваш дете во материцата, нити родено дете да погубуваш”.

Апостолскиот маж Варнава исто така вели: “Не убивај дете нити во утробата, нити по раѓањето” (Гал. 19,5).
Против пометнувањето пишуваат и други свети Отци и црковни писатели. Апологетот Атинагора, во II век, одбивајќи ги незнабожечките оптужби против христијаните за божемна антропофагија (човекојадство) вели: “Како ние христијаните би можеле да убиваме луѓе, кога тврдиме дека оние жени кои употребуваат средства за пометнуваето се убици и дека за тоа ќе одговараат пред Бога”. Знаменитиот христијански апологета Тертулијан, исто така, тврдел оти пометнуваето на зачетокот не е дозволено: “Оневозможувањето да се роди дете треба да се смета за убиство”. Ориген вели: “Жената, која прави и други гревови, можеби и потешки отколку што е прељубата, како што е отровувањето и убивањето на младенци во својата утроба, може слободно да се отпушти”. Свети Василиј Велики пропишува казна за убиство над оние кои смислено го умртвуваат зачетокот во утробата. Дури овој свети отец ги сметал за убијци и оние кои даваат вештачки питија со цел да се пометне (8 пр.).
Блажени Ероним ги осудува жените кои со медикаменти вршат пометнување, говорејќи дека тие не само што се изложуваат на опосност од смрт, туку чинат тростран престап: блуд, самоубиство и убиство. Трулскиот Вселенски собор во своето 91 правило вели: “Жени, кои даваат лекови за пометнување и кои земаат отрови што убиваат плод, ги казнуваме како убијци. Такви жени ќе се удостојат за света причест дури по десет годишно усрдно каеење.”

 

Прочитано: 1921
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy