Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Абортусот V.S. Наталитетот на Македонецот ...

Абортусот ке испадне виновен за намалување на наталитетот на Македонсецот ... Деновиве се излегува со податоци - дека бројот на новородени деца во Скопје и Македонија е близок до бројот на абортусите ...

 Во 2005 година во земјава официјално се регистрирани 6.436 абортуси, а многу поголема е бројката на дивите абортуси. Тоа значи дека на секои 100 породувања имало по 28 абортуси. Бројката на абортусите што се прават диво е многу поголема.Поради тоа не зачудуваат ни сознанијата дека бројот на раѓањата во земјата се доближува до бројот на абортусите. Во Скопје овие два параметра -раѓањата и абортусите - се речиси изедначени, потенцира д-р Мирослав Темелковски, претседател на приватните гинеколози, кој, сепак, немаше податок колку од абортусите се прават на црно во приватните ординации.Имам само две примедби ... Сметам дека тука човекот непотребно се замешува во природните процеси

Прочитано: 2348
Коментари (1)Add Comment
0
...
напишал jm, октомври 13, 2009
katastrofa!sramota e!kako mozat da ubivaat zivoti taka,lugeto nemaat nikakva svest !

Напишите коментар
намали | зголеми

busy