Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 


Warning: strtotime(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198
Несакан прекин на бременоста - спонтан абортус
 

 Секоја жена посакува во одреден период од својот живот да забремени, да роди здрав плод и со тоа да ја исполни исконската желба да стане мајка. Но не ретко од разни причини бременоста не завршува како што посакуваме и доаѓа до нејзин несакан прекин, односно се случува спонтан абортус.

 Под поимот „спонтан абортус“ се подразбира несакано прекинување на бременоста до 28-та гестациска недела без некоја надворешна причина. Обично спонтаниот абортус настанува случајно и најчесто нема последици за наредната бременост.

Но спонтаниот абортус може да се повтори и во наредните бремености, и тоа најчесто во истиот период на бременоста, кога станува збор за хабитуални абортуси (ако се најмалку три последователни), и во тие случаи треба да се пристапи кон систематско и целисходно лекување на жената. Причини за спонтан абортус има многу, можат да потекнуваат како од мајката така и од овулумот (зачетокот), а честопати причината може да остане и непозната. Причините од страна на мајката за спонтан абортус можат да потекнуваат од утерусот (матката) при нејзина недоволна развиеност (хипоплазија) и при инсуфициенција - слабост на мускулатурата од стегачот на грлото на матката (во овој случај се прави подврзување-серклаж). Други причини се разни хронични заболувања кај жената како воспаление на бубрези, покачен крвен притисок, шеќерна болест, неусогласеност со Рх-факторот на крвните групи од партнерите, хронични труења - ако жената работи или е во контакт со жива, олово, тутун, фосфор, пушење цигари, инфекции на гениталните органи и присуство на паразити од токсоплазмоза или цитомегало вирус во крвта на жената. Понекогаш причина може да биде и недостиг од хормонот прогестерон, кој игра важна улога во зачувувањето и износувањето на бременоста. Причини од страна на овулумот (зачетокот) за спонтан абортус се најчесто генетички нарушувања или хромозомски аномалии. Најчесто настануваат во првите три месеци од бременоста и завршуваат со угинување на плодот.

Од многуте причини за спонтан абортус треба да се споменат и механички трауми, како удар, дигање товар, пад. И, на крајот, да не ги заборавиме и психичките трауми, кои и тоа како можат да влијаат негативно на текот на бременоста.

Најчесто спонтаните абортуси настануваат во првите три месеци од бременоста, но сепак во однос на времето на настанување се делат на рани и доцни. Рани се оние што се случуваат пред 16-та недела од бременоста, а доцни тие што се случуваат од 16-та до 28-та недела.

Првите симптоми се слабо или јако крвавење од гениталиите и болки во долниот дел од стомакот, по што жената треба веднаш да се јави кај својот гинеколог, кој пак ќе одлучи што треба да се преземе понатаму. Најчесто причините за спонтани абортуси се комбинирани, комплексни и треба адекватно и благовремено да се третираат. Многу често кај нас жената прво забременува, па откако ќе настанат компликации се бараат причините за нив, а всушност треба да биде обратно. Затоа секоја жена што планира потомство пред зачнувањето прво треба да се подложи на одредени совети, испитувања (ПАП-тест, гинеколошки преглед, УВ-преглед, серолошко-крвни анализи, микробиолошки брисеви и друго), па откако ќе се утврди дека се е во ред со здравјето на жената, да настапи и да се износи здрава бременост, а како резултат на сето тоа да се добие здраво дете - нешто што го посакува секоја идна мајка.

Др. Цветко Трајковски Гинеколог – акушер
Прочитано: 6239
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy