Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Абортусот е грев

Што е тоа грев и кои се основни гревови (11) - УБИСТВО, САМОУБИСТВО, АБОРТУС

Луѓето во сите времиња сметале дека најстрашен грев е нарушувањето на шестата заповед - убиството - лишувањето на друг човек од најголемиот Господов дар - животот. Исто толку страшен грев е убиството на дете во утробата - абортус (чедоморство, детеубиство), а најстрашен грев од сите е - самоубиството.

 

Многу блиску до тоа да направат убиство се оние што во гневот допуштаат да се тепаат, нанесувајќи му на други удари, рани, повреди. Така грешат родителите што сурово се однесуваат со своите деца, кои ги тепаат и за најмала вина, па дури и без никаков повод. Често во гревот тепачка паѓаат луѓе што употребуваат алкохолни пијалаци во претерана мера. Тепачката меѓу младите стана вообичаена работа, тие често едни на други си нанесуваат сериозни повреди, речиси се убиваат за ништо или заради тоа да ја покажат својата „машкост", да го покажат своето „јас". Но, зар тоа е храброст? Најчесто таквите „јунаци" едноставно не умеат да ја загушат страста во себе, делуваат во настап на гнев и омраза, под влијание на сатанската злоба. Ние христијаните знаеме дека вистинската храброст се покажува токму во цврстото, трпеливо и постојано спротивставување на страстите, во непотчинувањето на нив. Кој е похрабар: оние кротки, физички слаби, молчаливи и покорни христијани - момчиња, девојки, мали деца, мајки, заедно со своите новороденчиња, кои без противење оделе на маки заради Христа, доброволно се предавале на мачење, трпеле нечуени навреди или оние „мажишта" што за еден навредлив збор се подготвени да му го скршат носот на ближниот и да извадат нож заради ситница? Интересно е како би се однесувале таквите луѓе кога би биле подложени на маки и кога од нив би се барало да се одречат од својата вера? Најверојатно веднаш би се откажале или би почнале да ги проколнуваат оние што ги навредиле, да чкртаат со забите на нив, да се обидуваат некого да удрат. А христијаните секогаш се молеле за своите мачители и џелати. Сега често можат да се слушнат оправдувања дека во животот владеат „волчји" закони и дека кротоста не е секогаш корисна и возможна. Како тогаш таквите мисли се сложуваат со христијанскиот закон? Тогаш кон кого се упатени зборовите на Самиот Господ: Научете се од Мене, зашто сум кроток и смирен по срце, или заповедта - кога некој ќе те удри по десниот образ, заврти му Го и левиот.За овие гревови се виновни и оние што другите ги поттикнуваат на тепачки, кои ги трујат луѓето со сплетки, лажни обвинувања и клевети, кои ги свртуваат луѓето едни против други, кои ги караат блиските луѓе, оние кои внесуваат раздор во околината. Тие треба да знаат дека прават ѓаволско дело зашто и самиот збор „ѓавол" значи клеветник.Неблаговременото укажување помош на болниот, на оној што е на умирање, рамнодушноста кон туѓите страдања треба да ги сметаме за пасивно убиство. Особено е ужасен сличниот однос на децата кон старите и болни родители. Ова се однесува и на недавањето помош на човек кој паднал во неприлика: бездомник, гладен, човек што се дави пред нашите очи, оној што го тепаат или го крадат, оштетен во пожар или во поплава. Но, ближниот не го убиваме само со раце или со оружје, туку и со сурови зборови, навреди, потсмевања, смеење на туѓата несреќа. Светиот апостол Јован вели: Секој што Го мрази братот свој, е човекоубиец (1 Јн. 3,15). Секој на себе почувствувал зло, суровиот и отровен збор ја ранува и убива душата.Ништо помал грев не прават оние што младите души ги лишуваат од честа и невиноста, развратувајќи ги физички или морално, туркајќи ги на патот на развратот и гревот. Блажен Августин вели: „Немој да мислиш дека не си убиец ако си го наведил ближниот на грев. Ти ја развратуваш душата на соблазнетиот и го крадеш од него она што и припаѓа на вечноста". Да го повикуваш момчето или девојката на пијанки, насилно да го опиваш оној што не пие, да поттикнуваш на одмазда заради навреда, да соблазнуваш со развратни глетки или разговори, да се потсмеваш на невините, на скромните луѓе, да наведуваш на кршење на постот, да се занимаваш со заведување, да го оставиш станот на користење за пијанчење и развратни собири - сето тоа е соучество во духовното убиство на ближниот.Убивањето на животните без потреба и нивното мачење, исто така, е грев: Праведникот се Грижи и за животот на добитокот свој, а срцето на Грешникот е жестоко (Изрек. 12, 10).Предавајќи се на прекумерни страдања и доведувајќи се себе си до очајание, грешиме против истите тие заповеди. Самоубиството е најголем грев, зашто животот е Божји дар и само Он има право да не лиши од него. За самоубијците не смееме дури ни да се моли-ме. Црквата не ги споменува нивните имиња и не им врши опело, дури е забрането тие да се погребуваат на христијански гробишта и на нивниот гроб да се стави крст, зашто самоубиецот го исфрлил својот крст од себе, одбил да ја носи неговата тежина, ја отфрлил секоја надеж во Божјата милост, со самото нафрлување на својот живот човекот го отфрлил сето човекољубие и неискажливата милосрдна грижа на Господа за себе (а по зборовите на Самиот Господ - ни влакно од нашата глава не паѓа без знаење Божјо, толку Он се грижи за секој човек!). Одбивањето на лекувањето, намерното непридржување на лекарските совети, свесното нанесување штети на своето здравје, злоупотребата на виното, употребата на тутун и дрога, воопшто - негрижливиот однос кон своето телесно и душевно здравје се тоа се различни видови на самоубиства. Телото е храм на душата, како што целиот човек е Божји храм, храм на Светиот Дух, и кој ќе Го разурне овој храм него БОГ ќе Го разурне, според зборовите на Светото писмо.По правилата на Анкирскиот Собор (313год.) за намерно убиство на плод (абортус) се налага забрана за причестување од 10 години. Свети Василиј Велики, зборувајќи во едно од своите правила (2 правило) за оние што намерно убиле плод зачнат во утробата, не прави никаква разлика помеѓу потполно образуваниот плод и плодот кој уште не добил човечки облик. Свети Василиј во тој престап гледа дупли грев: и чедоморство и обид за самоубиство, зашто со насилниот обид за убиство на плодот се изложува на опасност и животот на самата мајка. За жената што ја признава својата припадност на Православната црква, вештачкиот прекин на бременоста категорично е недопустлив и опростлив е само во исклучителни случаи, кога носењето на плодот, заради здравствената состојба, го загрозува нејзиниот живот.

Абортусот е еднаков на убиството, но во основата на причината што доведува до овој тежок грев постои и примеса на недостаток на доверба и вера во Бога, Кој го уредува животот на секој човек што доаѓа на свет, страв од животните тешкотии или страв од срам, потсмев, кога до зачнување дошло поради блуд или прељуба. Но, во тој грев секогаш се замешани и мажи - сопрузи или љубовници. Мажите што ги наведуваат жените на абортус или сами ги присилуваат да го извршат се виновни исто колку и жените, а понекогаш и повеќе. Оние мажи што лекомислено влегуваат во блиски врски со жени, правејќи блуден грев, често стануваат виновници за извршените абортуси и се учесници во чедоморството, а тоа не го ни знаат. А колку има такви лекомислени, „лесни" мажи кои, не знаејќи за тоа, носат на својата крштелна крпа траги од крв од своите убиени деца.Затоа човек пред исповедта треба добро да се потсети, можеби да не направил таков престап или, можеби, имал блудни врски што можеле да завршат со абортус, зашто на Страшниот суд одеднаш ќе се покаже дека човекот учествувал и во грев каков што е убиството

Прочитано: 2959
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy