Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 


Warning: strtotime(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198
Миртополит Американско- канадски г. Методиј

Злосторство под разно

И покрај брилијантните аргументи што еволуционизмот ги везе со децении обидувајќи се да ги врзе сите карики меѓу човекот и мајмунот, секогаш останува крунската забелешка која оваа смела теорија сериозно ја релативизира: мајмуните не прават такви злодела (ни на самите себе, ниту пак на другите) како човекот.

Се јавува дилемата, дали грешката е во концептот, т.е. не се работи за еволуција, туку за дееволуција, или мајмуните се денс многу, многу подобри од тоа какви биле пред оние милијарди години во кои од нив настанал човекот, со сите гадости и мајмунлаци во кои денес "еволуирал"? Или можеби во прашање е трилема во која треба да се вброи и хипотезата дека човекот своето потекло го има во некоја друга клета животинка? Има такви видови во природата што го убиваат својот пород. Најчесто ако од одредени причини родителот не може да го препознае своето младенче. Вакви појави се случуваат кај животните кои живеат во големи заедници: крда, јата или чопори. Автодеструктивноста кај овие суштества се јавува како инцидент, врзан најчесто за инстинктот за самоодржување. Парадоксално.Уште една карика секогаш останува проблематична во еволуциониот ланец. За разлика од бесловесните живи суштества, човекот е обдарен со разум. Таа разумност, макар и на ниво на спекулативна логика, секогаш малку покомплексна од онаа во која се дресираат лабораториските живинчиња, го прави човекот нешто различно од останатите животински видови. Дали таа различност ќе ја дефинираме како совест, како морална одговорност, како богообразност или како супер-мајмунска супериорност тоа е навистина сеедно. Фактот останува: природната разумност (словесност) и чедоморството се две потполно некомпатибилни појави во едно живо суштество. Станува збор за суштинска противречност. Она што е живо не може да му се спротивставува, да го исклучува, да го уништува животот што го раѓа. Со други зборови, апсурдно е дури и да посака животоубиство она што е обдарено со живототворство. Проблематичен е во таа смисла и деструктивниот однос кон животот воопшто (убиство, самоубиство), а особено кон животот кој произлегува од сопствениот живот. Ваквата појава, - а сведоци сме дека чедоморството не само што не се третира како злосторство, иако е злосторство пар-екселанс, туку уште е и озаконето во многу "цивилизирани" општества, - покажува дека Дарвин сериозно ги навредил приматите и животните воопшто кога на нивниот генетски, или еволуциски ланец закачил едно суштество толку противречно по своето поведение и несфатливо во својот потенцијал за самоуништување.Да се зборува за абортусот денес и на ваков начин можеби некому ќе му изгледа бајато и банално, но поводот едноставно не може да го остави човека рамнодушен. Приказната во основа е општо место. Како плод на наивно невнимание, како што во денешно време се сфаќаат младешките сексуални експериментирања, една девојка, во последните години од своето тинејџерство, забеременува од момчето во кое мисли дека е заљубена. Бременоста, се разбира, никогаш не е опција во пакетот на таа заљубеност. Неколку месеци крие од своите родители, за кои благословената состојба на нивната надежна академка не доаѓа пред вид, а времето не стои. Кога конечно дознава нејзината мајка бременоста е во мошне напредна фаза. Девојката и нејзиното момче се во бесознание. За нивните родители единствената прифатлива и мошне вообичаена варијанта е абортусот. Ваквиот "родителски" став ја изгонува од главите на младите можноста зачнатиот живот да се сочува и да му се даде шанса да живее. Смртната пресуда е донесена, иако биолошкиот часовник вели: бременоста е во седми месец! Тоа рапидно ги менува деталите во злосторството. Родителите уште скоро еден месец бараат насекаде во државава таков медицински монструм кој ќе ја изврши егзекуцијата. На памет им се дури и оние бабички од типот на Вера Дреик кои своите џелатски постапки ги дефинираат како услужна дејност. И по сите перипетии, како во квалитетна класична трагедија следува препознавањето. Местото на злочинот не е некоја опскурна селска одаја, туку една од градските клиники во градов. За многу, многу, многу пари се најде јунак да абортира девојка во осми месец бременост. Ја исчистиле, но од што? Од нешто гнасно? Што е тогаш доволно чисто (во нас, или во светот воопшто) за да преживее? Логика крајно неприфатлива: да се уништи живот за да се оправда гревот. Некоја садистичка варијанта на макиавелизам. Телесна хигиена што ќе ја обезбеди светлата иднина за младите академски граѓани кои по зваршувањето на студиите, просветени со нашето високошколско образование и модерните текови на цивилизацијата ќе треба само да се обидат да заборават на една грозоморна епизода од својата младост? Ама големиот дар на заборавањето не е обратно пропорционален со грижата на совеста. Тука почнува трагедијата на општествено ниво. Огромна концентрација на незадоволство и исфрустрираност од "непознати причини": божем заради лоша економска состојба, културна изолација можеби и слично, иако со легалните абортуси и нивна идеолошка поткрепа обезбедуваме концепти за родителство кои ни Стивен Кинг не би можел да ги смисли. Веднаш ќе ја дисквалификуваме и заблудата, тоа сега можеме храбро да го направиме. Не е неприфатливо ова злодело само бидејќи се случило во одмината бременост. Често се спекулира дека ембрионот во првите месеци од бременоста не е живо суштество, не е човек.Духот на животот, постои уште во репродуктивните клетки. Тоа е единствената причина заради која еден сперматозоид и една јајце-клетка можат да образуваат нов живот, нов човек. Затоа и велиме дека Бог ги создава луѓето, преку вдахновението на Духот на животот, а човекот раѓа, учествувајќи на тој начин во домостројот на Создателот. Овие религиозни формулации имаат експлицитна научна конотација. Но тие се епска фантастика во ушите на младите и изненадени "мајки" и "татковци", и нивните насекирани родители. Всушност, како што вели поговорката: малите мечиња учат од големите мечки. Младите треба да знаат сî за сексуалноста и нејзините функции (!?), освен фактот дека абортусот или насилното прекинување на бременоста, во било која фаза, е убиство. Поточно, сите дознаваат, само премногу доцна. За денешните девојки, абортусот е нешто како вадење шминка после луда журка, само малку понепријатно. Во неа можат сосема да ја загубат можноста да раѓаат, или, ако се одлучат за некој неинституционален "козметички салон", можат да искрварат до смрт. За нивните момчиња, абортусот е хигиенски метод во кој се одржува чиста средина за нови сексуални искуства, нешто како купување нов кондом, само поскапо и најчесто проследено со агонии и срам. Грижата за падот на наталитетот не е техничко туку етичко прашање, а започнува вака: до кога ќе убиваме за да ги задоволиме сопствените страсти?

Прочитано: 1766
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy