Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 


Warning: strtotime(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 56

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198

Warning: date(): It is not safe to rely on the system's timezone settings. You are *required* to use the date.timezone setting or the date_default_timezone_set() function. In case you used any of those methods and you are still getting this warning, you most likely misspelled the timezone identifier. We selected the timezone 'UTC' for now, but please set date.timezone to select your timezone. in /home/cakimkd/public_html/abortusne.org.mk/libraries/joomla/utilities/date.php on line 198
Што да прави жената или девојката, која во својот живот направила чедоморство?

Пред сè, треба да стане свесна за тежината и големината на овој грев и да се покае. Архимандритот Рафаил вели: „Крвта се измива само со солзи.” Покајничките солзи се почеток на еден нов христијански живот кој води во заедница со Бога и со Неговата милост. „Човечки е да се згреши, но демонски е да се остане во грев” − велат Светите Отци.

Божјата милост е голема, долготрпелива и Бог ја излива врз секого што се труди да живее во покајание. Сите вие што сте паднале во овој грев, крвавите дамки можете да ги измиете со покајнички солзи и со цврста решеност дека никогаш повеќе нема да го повторите овој грев, да не го оправдувате, туку со солзи на очите и искрена молитва, да се трудите со молитва до крајот на својот живот за Севишниот Бог да ви прости.

Сите вие кои што сте извршиле чедоморство, и мажи и жени, (бидејќи и мажот е директен учесник во овој грев), ако имате вера во Семилостивиот Бог, имате сили со кои можете да им се спротивставите на лукавите демони. Секогаш кога ќе се обидуваат да ве наговорат да го повторите овој страшен грев или пак, кога ќе се обидуваат да ве турнат во очајание и депресија, имате сила − благодатта Божја, имате утеха − Светата Православна Црква, која е благочестива мајка што постојано бдее над своите чеда, имате заштита – Промислата Божја, имате и оружје – постот, молитвата и надежта, имате потпора – верата, ги имате за свои пошници и соборци – ангелите и светителите, а особено Пресвета Богородица.Бог е многумилостив и долготрпелив. Колку само се радува на нашето вистинско покајание и на нашиот труд и борба против духовите на овој свет. Во Светата Црква има илјадници примери на луѓе кои од блудници, разбојници и убијци, станале праведни и свети.Жената што абортирала треба да се освести и да ја сфати тежината на овој грев. Не треба да очајува и да губи надеж. Искреното покајание ја привлекува Божјата милост која ја разгонува невидливата демонска темнина, која како смртоносен отровен облак ја обвила куќата во која е планирано и извршено ова страшно убиство.Мажот и жената треба редовно да присуствуваат на Света литургија, да постат и да се исповедуваат, а со свештенички благослов и да се причестуваат.Само покајничките солзи можат да донесат опростителна радост. „Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно” (Мт. 3,2).Покајте се, зашто постои Бог – Владетел на небото и земјата, пред Кого сите еден ден ќе застанеме да примиме вечен Суд. Тогаш наши обвинители ќе бидат сите убиени деца кои не сме ги удостоиле да ја видат дневната светлина. Колкава ли тага ќе почувствуваат сите жени – чедоморки кога за прв пат ќе го видат своето чедо и за прв пат ќе го чујат неговиот детски глас: − „Мајко, зошто ме уби? Зарем не знаеш колку те сакав додека живеев во тебе? Сакав да те прегрнам, но џелатот ги исече моите раце. Сакав да те гушнам силно и да го почувствуваш моето весело срце, но ножот го прободе. Сакав да ме милуваш, но ти ме фрли онаа студена ноќ. Мојата љубов не ти беше потребна и ти реши јас да умрам. Но, иако во вечноста не сум лишен од сјајот на Христовата Светлина која допира оддалеку во зраците на оваа светлина која ме обзема трајно, те сакам, моја несреќна мајко.”

Што ќе одговори непокаената жена? Онаа која се покајала при таа средба сигурно ќе рече:

− „Направив голем грев кон тебе, но затоа целиот мој живот се трудев да направам за тебе сè што можев, жалам и се кајам за тоа дело, те молам прости ми, мое мило чедо.”

Човекољубив Господи, излеј ја својата милост врз сите младенци неправедно убиени во мајчината утроба и насели ги во населбите на мачениците, зашто, ниту лош збор прозборија, ниту лоша мисла помислија, ниту  чекор направија, ниту солза просолзија, а со маченички венец се овенчаа, трнлив венец кој  беше исплетен од рацете на нивните родители.Мали маченици! Радувајте се во прегратките на благиот Христос, заедно со сите невини жртви паднати од Авел до денес и молете се и за оние кои по тело и крв ви беа најблиски и најдраги, заедно со ангелите и сите светии, сега и секогаш и во вечни векови, Амин.

Прочитано: 2247
Коментари (1)Add Comment
0
...
напишал goran, декември 22, 2009
ubava molitvata na krajot Amin Gospodi pomozi

Напишите коментар
намали | зголеми

busy