Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Европскиот парламент: Абортусот НЕ е основно човеково право

Лобистите за право на живот во Европската унија прогласија победа откако Европскиот парламент ја отфрли резолуцијата со којашто абортусот се декларираше како „човеково право“ и побараа сите земји од ЕУ да го следат примерот.

Дебатата којашто се одвиваше во понеделникот била „гласна и активна“, велат сведоците.

Точно 351 европратеник гласаа за, а 319 беа против.

Ентони Озимик од Здружението за заштита не неродените деца изјави дека ова е доказ дека лобито кое е за абортус не секогаш го добива посакуваното, дури и во културата на смртта која толку многу преовладува во Европа.

 
Марш за живот и семејство во Полска

Во неделата, илјадници Полјаци радосно маршираа за живот и семејство со мулти-обоени банери и знамиња низ улиците на градот, каде што беше формирано движењето Солидарност. Ова е четврти марш за живот и семејство во Полска, кој е ко-организиран од страна на полската организација Human Life International.


Маршот започна на симболичниот споменик на Бродоградилиште Работник на жртвите на комунизмот, кој прикажува три крста со распнати сидра. Некои од демонстрантите носеа долг транспарент на кој беше испишан целиот текст на документот Ватикан, кој се однесува на почитување на човечкиот живот во своето потекло и достоинството на раѓање.

Gdanskmarch-500

 

 
Геноцид во Македонија: Абортирани 1 милион бебиња од 1977 до денес

Абортусот е најголемиот македонски автогеноцид. Официјалната бројка вели дека од 1977 до 2012 година се абортирани 550.000 бебиња, плус 500.000 нерегистрирани абортуси во стотици приватни ординации кои никаде не се регистрирани. Тоа ја дава бројката од повеќе од 1 милион абортирани бебиња последниве 35 години. Абортусот е најголемиот убиец во Македонија.

abortus

Анализа со шокантни податоци објави Република. Истата, АбортусНЕ ви ја пренесува во целост.

 
Спасени животите на 5 бебиња од абортус

Сега секоја пациентка која ќе се реши за прекинување на бременоста има можност да се советува и има рок од три дена откако ќе се пријави на Kлиниката за гинекологија да размисли дали можеби сепак ќе го задржи бебето. Тие три дена се пресудни, оти откако е донесен законот, за два месеца пет девојки се премислиле и го задржале бебето. Законот полека дава позитивни ефекти.

bebence

-Овој закон ќе загрози два живота, животот на жената и животот на детето“, „Абортусот не е проблем, туку одлука“, „Мое тело, моја одлука“, „Пратенички, не кревајте рака“, „Не сум убиец и чедоубиец“. Вака пред околу два месеца протестираа дел од невладините организации и стотина жени, меѓу нив и пратенички во Собранието на РМ, против новиот предлог-закон за прекинување на бременоста. Два месеца по стапувањето на законот во сила, ништо од ова нема. Ниту има некаков проблем, ниту нечиј живот бил загрозен ниту нечие право да располага со своето тело било доведено во прашање. Гласните пратенички се скриени, молк и од невладините кои ја создаваа вревата, пишува Дневник. 

 
Споделете искуство и спасете живот


Почитувани читатели, Веб страницата АбортусНЕ Ве повикува да ги споделите вашите искуства, со што ќе придонесете во тоа, што е можно поголем број на луѓе да ја дознаат вистината за абортусот. Со испраќање на вашите стории поврзани со абортусот, можеме заеднички да им помогнеме на сите оние кои се во дилема дали да се одлучат на овој чекор.Анонимните стории поврзани со наши читателки или нивни блиски, кои сакале да абортираат, но сепак се одлучиле да не го направат тоа, како и животни приказни во кои припадничките на понежниот пол одлучиле да абортираат и денес, поради медицински, морални и други причини се кајат поради тоа, испраќајте ни ги на следниов маил: Е-маил адресата e заштитена од спам ботови.

 
Трогателно фото: Неродените деца се живи суштества

Малиот Волтер се роди прерано, после само 19 недели во стомакот на својата мајка. Но неговите неколку минути живот го трогнаа светот. Малиот Волтер покажа дека неродените деца се живи суштества, дека имаат свој живот и дека абортусот прекинува живот. За жал, во Македонија стотици бебиња секоја година се насилно абортирани после 10-та недела, вклучувајќи и бебиња во 15, 20 или 25 недела. Овие фотографии покажуваат дека неродените деца се живи суштества кои имаат право на живот.

volter

 
Абортусот, последиците и жртвите

Накратко, какви се последиците од абортусот и како тие се одразуваат врз жената. Корисни информации за оние кои се пред тој предизвик, но и за оние кои веќе тоа го направиле. Било какви расправи за некои морални норми се бесполезни ако претходно не се утврдат последиците. Абортусот како убиство има свои жртви и негативни последици. 

 
Фотографија од насилен абортус ја вознемири Кина

Застрашувачка фотографија, на која се гледа телото на абортирано бебе во 9-тиот месец од бременоста, потопено во кофа со вода, изминатиове неколку недели кружи низ светските интернет портали.

Фотографијата, на која се гледаат глава и рака на детенцето и една голема црвена кофа на подот, беше објавен на кинескиот веб сервис на компанијата Baidu, а пред тоа, неколку недели кружеше на Weibo, кинеска верзија на Твитер, која има над 260 милиони корисници.

Очигледно, бебето е жртва на политиката на земјата за едно дете. Абортусот се чини дека се случил на 26 март, бидејќи семејството било прогонувано од страна на полицијата во градот Moshan, поради тоа што двојката веќе има едно дете.Објавената фотографија предизвика лавина реакции од страна на многу невладини организации кои се борат за правата на жените, организации за заштита на правото на живот, како и здруженијата кои се противат на политиката за едно дете во Кина.

Во знак на протест, активистите за заштита на правата на неродените формираа и фан-страница на Faceebook, која можете да ја видите доколку кликнете
ТУКА.

 
Ризици и компликации

Ризиците и компликациите од абортус растат со големината на бременоста,потоа тие зависат од методата која се применува (помали се при употреба на вакуум), од искуството на гиникологот, од однесувањето на жената по абортусот. Тие ризици се, исто така, поголеми при прекинување на првата бремност.

а. Непосредни компликации.

 
Секој ден го молам Бог да ми прости, затоа што ја натерав ќерка ми да го направи тоа ужасно дело

Јас сум 53-годишна жена, која што дозволи на својата ќерка да направи абортус во 16-тата недела од нејзината бременост. Ќерка ни беше малку „луда глава” и од денешна гледна точка, кога разговараме со сопругот, увидуваме дека и имавме дадено повеќе слобода од неопходиното.

 
Православно - католички марш против абортусот од Владивосток до Португалија

Од океан до океан. Целта е да се заштити животот на милиони неродени деца кои секоја година се абортираат. Маршот ќе има 18.000 километри и ќе биде низ 23 земји, од Владивосток до Португалија. Целиот потфат започна како иницијатива на свештеници на Руската православна црква и Католичката црква. Маршот ќе има илјадници следбеници и ќе допре до срцата на илјадници идни мајки да го спасат животот на децата во нивната утроба.

 

slika500

 
<< Почеток < Предходна 1 2 3 4 5 Следна > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL