Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Ултразвук (ехограф, видеозон) на бебе до трет месец

Кога се зборува за бременоста и абортусусите, скоро секогаш лекарите и генеколозите, кои го заштитуваат вештачкото прекинување на бременоста, користат зборови и изрази, кои ја омаловажуваат вредноста на новиот човечки живот во мајката. Тие го правят тоа, за да и биде „полесно“, ако земала решение за отстранување на детето.

 
Франција протестира против абортусот и хомосексуалните бракови

„Семејството е основната вредност на општеството", е мотото на протестите на кои повеќето демонстранти беа семејства од средната класа, некои дури и туркаа мали деца во колички.

 

 
Папата: Абортусот е ужасен, децата се жртвите

Поради обвиненијата на кои наиде Папата од страна на конзервативците на Римокатоличката црква поради неизјаснување на став околу абортусот, тој најжестоко го осуди абортусот како „ужасен“ симптом на „фрагментирана култура“ која не го цени животот.

 
Норвешка: Нови рестриктивни ограничувања на абортусот

Норвешката влада постави ограничувања за извршување абортус откако се обелодени дека 17 здрави фетуси кои може да преживеат и надвор од матката на мајката, биле абортирани од 2001 година. На некои од абортираните фетуси срцата им чукале и по 45 до 90 минути. Новите закони ќе го забранат абортусот по 21 недела и 6 дена од бременоста.

Откако бабиците се пожалија дека се извршуваат абортуси

 
ЕВРОПСKИ ВРЕДНОСТИ ЧЛЕНKА НА ЕУ ГО ЗАБРАНУВА АБОРТУСОТ

ЕВРОПСKИ ВРЕДНОСТИ ЧЛЕНKА НА ЕУ ГО ЗАБРАНУВА АБОРТУСОТ

Нема хистерија во Скопје за друштвото на Македонија со Шпанија

Шпанија наскоро ќе добие нов закон за предвремено прекинување на бременоста. Владата на Шпанија го одобрила еден од најрестриктивните закони за абортус според кој предвремениот прекин на абортусот ќе биде можен само ако плодот е резултат на силување или ако го загрозува здравјето на жената.

 
БРАКОТ И СЕМЕЈСТВОТО -- УЧИЛИШТЕ ЗА ЉУБОВ И ЖИВОТ

 

 

 

 
Намален бројот на живородени деца во третиот квартал

Во третиот квартал годинава во Македонија се евидентирани 6.285 живородени деца, што е помалку за 3,2 отсто во однос на овој период лани.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, бројот на умрени лица во третиот квартал од 2013 година бележи зголемување од 0,1 отсто и изнесува 4.599, а од нив 52 се доенчиња.

 
Бројни фотографии од "Марш на родители и деца"
Kликнете на Прочитај повеќе

 
Марш на родители и деца „Повеќе, посреќни! Зголеми го своето семејството“


Недела, 17 ноември во центарот на Скопје се одржа најавениот Марш на родители и деца под мотото „Повеќе, посреќни! Зголеми го своето семејството“.

Околу 2000 родители и деца продефилираа низ центарот на Скопје, почнувајќи од Жена-парк, кон плоштадот Македонија, по улицата Македонија, се до платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза.

Настанот помина во убава атмосфера, во која можеа да се видат лица од секоја старосна група почнувајќи од бебиња и мали деца, нивните родители, како и нивните баби и дедовци. Организатор на маршот е Здружението за заштита на правата на детето.

 
МАРШ ЗА ЖИВОТ НА ДЕТСКИТЕ КОЛИЧКИ

17.11.2013 година (недела) од 12.00 часот, Почетна локација: Парк „Жена Борец“ Скопје.

Исто како минатата година, така и оваа, утре (недела, 17.11.2013 година) со почеток во 12.00 часот ќе се одржи „Марш за живот“ во организација на неколку невладини организации.Рутата на движење на маршот ќе биде од паркот „Жена борец“, преку „Порта Македонија“ кон плоштадот „Македонија“ т.е. фонтаната „Воин на коњ“ , ќе продолжи преку улица „Македонија“ кон крајната дестинација - пред спомен куќата на Мајка Тереза.

 
Марш против абортусот во Берлин

Иако постојат закони со кои се спречува абортусот, во Германија од 2000 година до сега има регистрирано 1,5 милиони абортуси, но се проценува дека вистинската бројка е поголема. Издадена е Берлинската декларација за заштитна на неродените деца, во која се вели дека секоја личност, родена или неродена, има исто прво на живот и почит кон нивното достоинство.

berlinmars

 

 
<< Почеток < Предходна 1 2 3 4 5 Следна > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL