Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Возвишеност и убавина –љубовта на мајката кон своето чедо

Возвишеност и убавина –љубовта на мајката кон своето чедо

 

Од сите благодатни дарови со кои Бог го дарувал човекот, несомнено, највозвишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсветото,  најблагопријатното, најскапоценото и најрадосното чувство без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

Да се љуби и да се биде љубен е голема света тајна, која единствено го осмислува и разубавува краткиот човечки век овде на земјата. Да се биде човек е прекрасно, да се биде добар човек е благочестиво, но да се биде човек кој постојано блика од љубов е совршено. Тоа е она благопријатно чувство со чија благодатна топлина сака да се стопли секоја човечка душа, која ја преживеала студената гревовна ноќ. Највозвишен облик на ова небесно чувство е љубовта на човекот кон Бога, која со својата совршеност и полнота, не знае за тага и разочарување.Но, постои уште еден облик на љубов кој со својата возвишеност и убавина е достоен за секоја пофалба и почит; тоа е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство кое Бог благословил да го доживее и почувствува секој човек на земјата, уште во оној миг кога е зачнат во утробата на својата мајка. Голема радост и восхит се пробудува во нашето срце секогаш кога ќе здогледаме мајка со своето дете која во своите прегратки со голема нежност и благост го полева тој прекрасен цвет, со голема светлина и љубов. Благочестивата христијанка со нежност и благост гледа во лицето на своето љубено дете и во тој миг како да го заборава целиот свет. Се чини како во рацете да го држи своето срце, како да има едно мало делче од небото овде на земјата. Мајката грижливо го чува своето дете како најскапоцено богатство што ѝ е доверено. Од нејзините мајчински очи блеска една тивка спокојна радост, која како да не е од овој свет. Ваквата мајчинска љубов не може да се искаже, таа како да доаѓа од еден божествен свет каде што љубовта е сè.

Прочитано: 3405
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy