Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Задачи на црквата

Ова зло што му се заканува дури и со уништување на нашиот и онака напатен и страдален народ, да не ни се случи поради непромисленото и неразумно остапување од Бога, од нашиот Создател и Промислител на секое добро. Бог вели: “Праведникот преку вера ќе биде жив; ако остапи, нема да ми биде по волјата моја” (Евр. 10,38).

“Ние пак да не бидеме од оние, што отстрануваат за погибел, туку од оние кои веруваат за спасение на душата” (Евр. 10,38). Државата нека постапува онака како нејзе повеќе и одговара. Таа е млада и неискусна за ваков вид на борба. Но Црквата, во секој случај мора да го прифати овој предизвик на времето и дел од своите сили да ги насочи во правец за стабилизирање на христијанското македонско семејството. И тоа не поради опасност од изумирање на нацијата, зашто Црквата е над националната поделба и националистичките интереси - туку поради тоа што со исчезнување на нашиот православен и правоверен народ во нашата земја ќе зацари а л б а н с к и о т атеизам кој нема да признае ни Бога ни алаха, ќе зацари исламот чии плодови веќе се чувствуваат и на нашите простори. И како што денес несреќна Албанија, албанската бездушна влада го држи населението во бездна на беда, сиромаштија и диктатура - утре ќе не држи и нас и својот пекол и царството на смртта ќе го прошири и над нашата земја!

 

Општи задачи:

За системно и констатно следење на демографското движење, пронаоѓање, разгледување и решавање на прашања и проблеми од наведените предмети - би требало да се формира “Одбор за национален и верски спас” за македонкиот народ, каков што постоел во времето кога нашиот народ се организирал за ослободување од турскиот јарем.

Прочитано: 1869
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy