Иако во првиот божји благослов стои да се раѓаме и множиме, ние денеска не само што не се раѓаме туку и ги убиваме зачнатите во утробите, рече владиката Петар осудувајќи го абортусот во својата традиционална божиќна порака.
|

По прашањето на убиството и чедоубиството пропишани се и црковни и државни закони. Секое цивилизирано општество се сообразува со нив по мерата на своите концепции и ориентации. Што се однесува до христијанските канони, тие јасно го третираат абортусот како убиство со умисла или соучество од користољубие, за оној што го извршува. |
Од океан до океан. Целта е да се заштити животот на милиони неродени деца кои секоја година се абортираат. Маршот ќе има 18.000 километри и ќе биде низ 23 земји, од Владивосток до Португалија. Целиот потфат започна како иницијатива на свештеници на Руската православна црква и Католичката црква. Маршот ќе има илјадници следбеници и ќе допре до срцата на илјадници идни мајки да го спасат животот на децата во нивната утроба.

|
 Што е тоа грев и кои се основни гревови (11) - УБИСТВО, САМОУБИСТВО, АБОРТУС Луѓето во сите времиња сметале дека најстрашен грев е нарушувањето на шестата заповед - убиството - лишувањето на друг човек од најголемиот Господов дар - животот. Исто толку страшен грев е убиството на дете во утробата - абортус (чедоморство, детеубиство), а најстрашен грев од сите е - самоубиството. |
|
Пред сè, треба да стане свесна за тежината и големината на овој грев и да се покае. Архимандритот Рафаил вели: „Крвта се измива само со солзи.” Покајничките солзи се почеток на еден нов христијански живот кој води во заедница со Бога и со Неговата милост. „Човечки е да се згреши, но демонски е да се остане во грев” − велат Светите Отци.
Божјата милост е голема, долготрпелива и Бог ја излива врз секого што се труди да живее во покајание. Сите вие што сте паднале во овој грев, крвавите дамки можете да ги измиете со покајнички солзи и со цврста решеност дека никогаш повеќе нема да го повторите овој грев, да не го оправдувате, туку со солзи на очите и искрена молитва, да се трудите со молитва до крајот на својот живот за Севишниот Бог да ви прости. |
|
|
|
<< Почеток < Предходна 1 2 3 Следна > Крај >>
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |