Во линкот подолу имате 7 прекрасни фотографии на бебето во стомакот на мајката. Фотографиите на бебињата се доказ дека животот почнува со зачнувањето. Сликите се на 5 недели, 8 недели, 10 недели, 16 недели, 18 недели и 20 недели. Најголемиот број од абортусите го прекинуваат животот на бебето од 8-та до 12-та недела. Фотографиите можете да ги погледнете доколку клекнете ТУКА
|
Секоја жена посакува во одреден период од својот живот да забремени, да роди здрав плод и со тоа да ја исполни исконската желба да стане мајка. Но не ретко од разни причини бременоста не завршува како што посакуваме и доаѓа до нејзин несакан прекин, односно се случува спонтан абортус. |
 Во Македонија годишно се раѓаат толку дечиња колку и што се абортираат. Лекарите велат дека бројот на абортуси годишно се движи околу 22.000, колку што е бројот на новородени деца. Неинформираноста за сексуалното и репродуктивното здравје, велат лекарите, е главната причина за зголемен ризик од несакана бременост и сексуално преносливи болести, вклучувајќи ја и ХИВ-инфекцијата. Во исто време, стапката на употреба на орална контрацепција е многу ниска.
Лекарите на вчерашниот Светски ден за орална контрацепција објаснија дека во земјава абортираат и тринаесетгодишни девојчиња. Голем дел млади сексуалниот живот го почнуваат околу петнаесеттата година. Во исто време се недоволно информирани за можната заштита од несакана бременост, а сексот е табу-тема и за нивните родители. Сепак, и покрај алармите од лекарите, Министерството за здравство нема официјални податоци за бројот на изведени абортуси. Во оваа институција допрва се работи стратегија за сексуално и репродуктивно здравје. |
Девојка направила абортус во приватната клиника "Дина" во скопско Драчево, па најверојатно поради нестручноста на докторката добила компликации поради што била хоспитализирана во Клиничкиот центар во Скопје. Според лекарите од Клиниката за гинекологија и акушерство е констатирано дека пациентката била примена под дијагноза Статус пост абортус артефициалис цриминалис, со суспектна перфорација. Биле преземени дополнителни испитувања по што била извршена ревизија. Девојката во подобрена состојба била отпуштена на домашно лекување. |
|

- Во моето долгогодишно искуство, секоја жена што дошла кај мене и побарала услуга како што е абортусот, лично и човечки сум се обидел да ги одвратам, зашто мислам дека нема поубава работа од дете, но сепак тоа е право на жената - вели д-р Драган Тантуровски - гинеколог. |
|
|
|
<< Почеток < Предходна 1 2 3 Следна > Крај >>
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |