Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Мерки по Земји

Прекинување на бременоста

               

 

        

Земја

Мерки

Албанија

  • Задолжителни консултации пред и по прекинувањето на бременоста
  • Доколку и после консултациите, жената одлучи да ја прекине бременоста, потребно е да даде писмено барање на гинекологот/акушер. Барањето се одобрува во рок од 7 дена или за 2 дена во случај на надминување на законскиот рок за прекинување на бременоста.
  • Комисија составена од 3 доктори, по спроведените консултации и прегледи, дозволува прекинување на бременоста поради медицински причини
  • Комисија составена од доктор, социјален работник и адвокат, по спроведените консултации и прегледи, дозволува прекинување на бременоста поради социјални причини

 

Австрија

  • Докторите не се обврзани да извршат прекинување на бременоста или да учествуваат во постапката, освен во случај на загрозеност на животот на жената.

Белгија

  • Задолжителни консултации/ советувања за алтернативите на абортирањето (посвојување, задржување на детето)
  • Мислење од 2 доктори во случај на загрозување на животот на мајката или деформации на фетусот

Бугарија

  • Абортирањето поради здравстевни причини се одобрува од посебен Комитет формиран во регионалните или градските болници, акушерските болници, клиниките и Научниот Институт на гинеколози и акушери на Медицинската Академија. Доколку Комитетот одлучи да не се спроведе прекинување на бременоста, одлуката може да се обжали во рок од 7 дена до Комитетот формиран од Министертвото за здравство и социјални работи
  • Брошури со основни информации за абортусот и работилници за консултации пред и после прекинувањето на бременоста

Естонија

  • По 11-та недела од бременоста, причините за прекинување на бременоста мора да бидат писмено образложени. Документот мора да бид епотпишан и од втор доктор и/или социјален работник
  • Прекинувањето на бременоста може да се изврши единствено во лиценциорани здравствени институции од страна на гинеколог или во болници со гинеколошко одделение за прекинување на бремненоста по 11-та недела.
  • Сите абортуси мора да бидата регистрирани во Базата на податоци за прекинување на бременоста.

Финска

  • Одобрување од 1 доктор доколку:

-      жената е на возраст по 17 години

-      жената е на возраст над 40 години

-      жената веќе има родено 4 деца

  • Одобрување од 2 доктори доколу:

-       во случај на силување

-      доколку поартнерот на жената има болест штого спречува да се грижи за детето

-      доколку продолжувањето на бременоста ќе го загрози здравјето на жената

  • Прекинувањето на бременоста се врши едниствено во болници овластени за таа намена од Националното Биро за здравство
  • Одобрување за прекинување на бременоста по второто тримесечие е потребно од Националното Биро за здравство

Франција

  • Задолжителни консултации со доктор и социјален работник
  • Доколку и после консултациите, жената одлучи да ја прекине бременоста, потребно е да даде писмено барање на гинекологот/акушер. Барањето се одобрува во рок од 7 дена или за 2 дена во случај на надминување на законскиот рок за прекинување на бременоста.
  • За прекинување на бременоста во второто тримесечие, потребно е одобрување од 2 доктори (1 гинеколог/акушер и 1 доктор по избор на жената)

 

Германија

  • Консултации за заштита на неродениот живот
  • Изјава од втор доктор (покрај докторот што ќе ја изврши постапката за прекинување на бременоста) во случај на абортирање поради здравствени причини, силување или друга злоупотреба

Унгарија

  • Задолжителни 2 консултации (освен во случај на абортирање поради здравствени причини)
  • Жената мора да достави апликација/ барање за абортус до Службата за Заштита на Семејството
  • Прекинувањето на бременоста се врши исклучиво во овалстени медицински установи
  • Во случај на прекинувањето на бремноста поради здравствени причини мора да има мислење од 2 специјалисти

Ирска

  • Абортусот е дозволен само доколку постои опасност по здравјето на жената што може да се отсрани единствено со прекинување на бременоста (вклучително и опасноста од самоубиство)
  • Професионалните лица можат да дадат информација за абортусот, само по спроведувањето на целосни консултации за бременоста

 

* Околу 6.000 жени од Ирска годишно извршуваат абортус во Англија.

 

Норвешка

  • Докторот има обврска да ја информира жената за постапката за спроведување на абортусот и можните компликации
  • Доколку жената одлучи да неабортира, докторот има обврска да ја информира за социјалната поддршка што и следи. Жената нема обврска да прашува за овие информации, но кога потпишува барање за прекинување на бременоста, потврдува дека била известена за можностите за социјална поддршка
  • Жената има право да побара советување за контрацепциските методи

 

Полска

  • Министертвото за здравство има донесено одлуки за:

-      Професионалната квалификација на докторите што имаат дозвола за спроведување на постапката за прекинување на бременоста или дијагностицирање на малформации на фетусот и опасноста по животот на жената (22/01/97)

-      Квалификации на луѓето (освен докторите) што се овластени за спроведување на советувања на бремените жени (22/02/97)

  • Докторите кои извршиле абортус надвор од законската рамка, се соочуваат со 2 годишна затворска казна

 

Португалија

  • Пред да се изврши абортусот, втор доктор (покрај докторот што ќе ја врши постапката) мора да потпише медицински сертификат со кој ги потврдува дека причините за прекинување на бременоста се врши согласно законската рамка

Шпанија

  • Законот предвидува казни за жените што ќе извршат абортус во неовластени установи

Шведска

  • Законот за прекинување на бременоста е комбиниран со мерки за субвенционирање на оралната контрацепција за жените до 23 години, едукативни програми со кои се посебно се опфатени адолесцентите и мерки за информирање на јавноста и советувања.

 

Прочитано: 2089
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy