Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Прекинување на бременост

Република Македонија

-Прекинување на бременоста-

                

 

 

Регулатива

 

Закон за прекинување на бременоста јуни 1972, измени и дополнувања мај 1976 (Објавено во Службен Весник на СРМ)

 

Причини/Ограничувања во инкубациониот период

 

До 10 недела

  • На барање

Од 10 недела и понатаму

  • Ризик по здравјето и  животот на жената
  • Ризик по физичкото и менталното здравје на детето
  • Ризик од криминални дејствија, како силување, злоупотреба на лица со посебни потреби, злоупотреба на положбата на личноста, лажно наведување или инцест
  • Социо-економски причини

Уредување/Услови

 

  • Консултации со гинеколог
  • Абортусот мора да биде спроведен од страна на гинеколог во болница или овластена здравствена установа
  • Потребно е специјално овластување од Комисија (составена од гинеколог - акушер, специјалист по интерна медицина и социјален работник или медицинска сестра) за прекинување на бременоста после 10-та недела
  • Жената може да поднесе жалба до Второстепена Комисија, доколку Првостепената Комисија го одбие нејзиното барање

 

Трошоци

 

Согласно Законот за здравствено осигурување, прекинувањето на бременоста, доколку е докажано дека нема да го наруши здравјето на жената, не се смета за услуга која се покрива преку задолжителното здравствено осигурување, оттука трошоците за медицинска интервенција мора да бидат целосно покриени од страна на пациентот, без разлика дали пациентот има здравствено осигурување или не. Значи, трошоците за прекинување на бременоста не се покриваат преку Фондот за здравствено осигурување.

 

  • Државни болници: 65-95 долари
  • Приватни болници: 170-185 долари

Нееднаквост во примената на законот

 

Не постојат податоци

Забелешки:

 

  • Одредбите во Законот за прекинување на бременоста јасно покажува дека заштитата на здравјето на жената е најважно, во насока на заштита на здравјето и животот на жената, како и заштита на личноста на жената
  • Законот за прекинување на бременоста кој е во примена веќе 30 години, потребно е да се усоврши и усогласи со постојната законска рамка.
  • Во последната декада, бројот на регистрирани абортуси во Република Македонија во континуитет опаѓа. Ваквата состојба може да е резултат на нерегистрирањето, посебно во периодот на приватизација на здравствениот сектор и отворањето на гинеколошки клиники кои не се опфатени со системот на регистрирање на услугите што се извршуваат, отколку на подигањето на свеста за прифаќањето на похумани методи во планирањето на семејство.
Прочитано: 2650
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy