Абортусот, последиците и жртвите |
На прво место тоа се неродените деца кои не успеваат дa го видат светлото на денот. Американскиот гинеколог Бернард Натансон, со ултразвук го снимил однесувањето на плод стар 12 недели, за време на овој грозоморен чин. На филмот се гледаат панични движења на детето кое се обидува да си го спаси својот живот, но не успева. На крајот неговата уста се развлекува, како при најголемо мачење. Овој филм со причина е наречен „Нем крик“. Остануваат да лебдат во воздух неколку прашања на кое сите ние добро го знаеме одговорот. Дали тоа дете сакало да живее? Кој има право да му го одземе животот? Физичките последици се делат на рани и подоцнежни. Жените главно ги приметуваат раните последици, оние кои се случуваат за време на изведувањето на абортусот, или непосредно по него. Најчесто во прашање се повреди на матката и други органи, како што се цревата, мочните патишта, бешиката, големите крвни садови, потоа тука се и големите крварења од проширените, или повредените крвни садови на матката и сл. Често се јавуваат и инфекции кои можат да се ограничат само на полните органи, но неретко и да се прошират како општа инфекција како сепсата. Смртноста при изведување на абортусот е три пати поголема одколку при породувањето, а не смее да се изостави и можноста за појава на стерилитет.
Последиците можат да бидат и од психичка природа, при што се јавуваат занци на депресија и раздразливост. Трајна слабокрвност, општа слабост, несоница, главоболки, потполно можат да го пореметат душевното и телесното здравје. Непосредно психичко малтретирање се доживува во фаза на дијагностицирање, администрирање, но и при самиот абортус. Уште тогаш може да се развие помало или поголемо чувство на вина и етички конфликт. Денес се наметнува став дека абортусот е начин на контрола на раѓањето исто како и контрацепцијата. Детето е лесно да го извадиш од мајчината утроба, но многу тешко е да го извадиш од нејзината глава. Ова не е само поради влијанието на христијанската вера во нашето општество. Истата појава е евидентирана и во нехристијанските култури. Јапонија е добар пример за тоа, таму се направени студии во кои е испитуван степенот на чувството на вина кај жени кои абортирале и докажале дека многу голем процент од жените, абортусот го доживуваат како зло и поради тоа се чувствуваат многу лошо. Јапонската шинто религија смета дека детето добива душа со раѓањето, но токму заради тоа чувство на вина постои посебен израз на народната побожност, каењето на гревот заради убивањето на сопствените деца. Постојат храмови во кои жените ставаат мали фигурички кои ги симболизираат нивните абортирани деца. Жената ја поседува способноста да раѓа и мајчинството е во самата основа на женското битие. Следните жртви се децата родени меѓу, пред или по абортусите на нивните мајки. Кога ќе дознаат за абортусите кои ги опкружувале, сфаќаат дека со чиста среќа преживеале и го виделе светлото на денот. Ова може негативно да се одрази на нивниот однос и став кон родителите, нивниот морал и поглед на светот и животот воопшто. Не се само абортираните деца жртви. На извесен начин тоа се и родените деца на мајките кои имаат извршено абортус. Последиците се многу поголеми и со поширок обем одошто обично се мисли. Жртва е целото општество бидејќи неговата иднина со секој абортус е се понеизвесна. За жал, искуството со компликациите на прекинот на бременоста, од кои повеќето се сериозни бидејќи барале болничко лечекување (56,3%) како да не е решавачкиот фактор за одреден број жени да не се изложат повторно на ризикот од компликациите на абортусот. Се на се, абортусот е единствен феномен, бидејќи е единствената хируршка интервенција која разорува и отфрла нешто што е потполно здраво, и над се, живо, личност во развој, и прекинува природен процес. Медицината знае за неопходноста на отстранување на болни делови на телото како разни видови тумори, канцерогени ткива, и слично, но кај абортусот имаме отстранување на здраво ткиво и тоа е всушност едно мало и беспомошно човечко суштество. Не постои ниеден сличен третман во медицинската пракса, каде како кај абортусот грубо и насилнички се елиминира еден човечки живот. Еутаназијата уште никаде не е прифатена и легализирана (освен неодамна во Холандија), ни во едно правосудство, ни од страна на медицинарите. Само осамени поединци се залагаат за неа. Меѓутоа, постои голема разлика меѓу абортусот и еутаназијата. Застапниците на еутаназијата сметаат дека треба да им се овозможи на оние што бараат да умрат, бидејќи веќе не гледаат никаква перспектива и можност за оздравување или барем некакво подобрување на нивната состојба. Дури, ако болеста е пропратена со силни и постојани болки, според нив, еутаназијата е единственото правилно решение. Само да ли е исто да му се одземе и животот на некој за кого не знаеме дали го сака или го отфрла? Зар некој друг да решава за тоа? Има ли право на такво нешто? Кај еутаназијата барем постои изразена желба на болниот за успивање, што треба да претставува поблаг и поубав збор од усмртување, додека кај абортусот такво нешто не постои. Се разбира дека таквата желба не може да се третира како свесно и со ништо исфорсирано одлучување. Во нашата земја за вршење на специјалистички и обични лекарски прегледи, болнички престој и слично, се плаќа одредена сума на пари, како партиципација за сите тие трошоци. Дел од трошоците се покрива и од здравствените фондови. Исто е и со абортусот. Дел од тоа го плаќа самата жена која бара абортус, а дел се подмирува од здравствените фондови, кои се присобираат и од оние кои не одобруваат абортус. Она што е многу поважно е фактот што тие пари можеле да се употребат за други, многу поисправни цели. Многумина не се во состојба да ги исплатат големите трошоци на скапите третмани за спасување и зачувување на нивните животи и здравје, а од друга страна имаме лишување од живот. Особено тешки се последиците од абортусот на морално-верското поле. Менталитетот кој го одобрува абортусот ја уништува радоста на животот, се противи на великодушноста и спремноста на залагање, на жртвување, на сметање на Божјото провидение и доброст т.е. спречува отвореност кон и предавање на Бога. Не се работи само за верата, туку и за типот на хуманизам и морал кој го оставаме на генерациите после нас. Човештвото со абортусот ја има загрозено својата иднина и опстанок. Морално-етичките грешки, кои им ги оставаме на оние што идат после нас (се работи и за нивното доаѓање на светов, кога на некои места се вршат повеќе абортуси од раѓања), можат да бидат почеток на крајот на развојот и опстанокот на нашата цивилизација. Со легализација на убивањето на деца се сече гранката на која седат нашата цивилизација и култура. Директно е загрозена утрешнината и опстанокот на нашиот свет. Мајка Тереза еднаш рече: „Абортусот е почеток на злото во светот.“
Прати коментар
Прочитано: 7604 Коментари (4)
![]() ![]() напишал KiKeTo, јуни 05, 2010
Da.Sto pomalku abortusi poveke bebinja ne se vo opasnost bidejki koga se izvrsuva abortusot bebeto custvuva ogromna bolka vo stomakot na majkata.Jas ova sum go citala vo spisanie.Kazi ne na abortusot.
![]() напишал Gordana Gorde, јули 04, 2010 Освен нероденото бебенце, жената е исто така жртва на абортусот. На неа и се случуваат и физички и психички последици, непријатности и опасности. Најчесто абортусот само привидно поминува без последици по здравјето на жената. Srceto mi se otkornuva od gradi koga ce procitam i slusnam za Abortus! Напишите коментар
|