Ризици и компликации |
Се случуваат за време на интервенција и четири часа по неа: силни крварења, повреди на грлото на матката (пробивање) и на органите во малиот таз, компликации од анестезијата, шок, смрт и др.
б. Задоцнети компликации. Тука спаѓаат компликации кои можат да настанат 4 часа по интервенцијата па се до 28 ден. Најчесто тоа се крварења кои се должат на оставено парче од бременоста, воспаление на гениталните органи, воспаление на органите во малиот таз (особено при незабележано пробивање на матката), бременоста може да не е прекината, да постои вонматерична бременост, која за време на интервенцијата не е утврдена, воспаление на длабоките вени на нозете и др. в. Касни компликации. Тие можат да настанат еден месец по абортусот и подоцна: неможност од повторно забременување, зголемен ризик од спонтани абортуси и предвремени раѓања, Рх - сензибилизација (ако жената која има негативен Рх фактор не примила заштита по абортусот), различни пореметувања на менструацијата,бело прање и др. Овие ризици и компликации се неколку пати почести и потешки ако абортусот е изведен од нестручно лице и во нелегални услови. Контрацепцијата е единствена алтернатива за абортусот! Автор:
Прати коментар
Прочитано: 6410 Коментари (0)
![]() Напишите коментар
|