Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Докторка направила абортус, па ја инфицирала пациентката

Девојка направила абортус во приватната клиника "Дина" во скопско Драчево, па најверојатно поради нестручноста на докторката добила компликации поради што била хоспитализирана во Клиничкиот центар во Скопје. Според лекарите од Клиниката за гинекологија и акушерство е констатирано дека пациентката била примена под дијагноза Статус пост абортус артефициалис цриминалис, со суспектна перфорација. Биле преземени дополнителни испитувања по што била извршена ревизија. Девојката во подобрена состојба била отпуштена на домашно лекување.

Приватната здравстевна установа Поликлиника од примарна здравствена заштита "Дина" од Скопје завчера доби забрана за вршење здравствена дејност. За инцидентот Државниот санитарен и здравствен инспекторат бил информиран телефонски преку Фондот за здравствено осигурување и Клиника за гинекологија и акушерство. Од Клиники било јавено дека во приватна здравствена установа - специјалистичка ординација по гинекологија и акушерство "ДИНА", лоцирана во населбата Драчево на улицата Димитрија Чуповски бр.72-1/2 бил за извршен артефицијален абортус над пациентка. Инспекција во попладневните часови излегла на теренот при што во просториите на гинеколошката ординација

била затекната Д-р Костадинка Трајковска, специјалист по гинекологија и акушерство.

При истрагата било констатирано дека приватната здравствена установа "Дина 1" работела како организациона единица додека Поликлиниката "Дина" со седиште на улицата "Московска" 28, била ординација по општа медицина. При контролата инспекторите откриле дека во двете организациони единици единствен лекар била Д-р Костадинка Тодоровска. Таа била пријавена како кадар во ординацијата по општа медицина, а во специјалистичката ординација по гинекологија и акушерство немало лекар специјалист. Во здравствената установа немало среден медицински кадар. Пријавената сестра била отпуштена од работа, но не бил примен нов здравствен работниксо средно образование. Инспекторите откриле и дека докторката по извршувањето на абортусот случајот не го завела. Но за полицијата дала изјава дека извршила артифицијален абортус на пациент. Поради тоа ДСЗИ донело решение за забрана за вршење здравствена дејност. Против докторката ќе биде поднесена кривична пријава.

Кога детето се гледа како уста за хранење

Полициска акција во индискиот град Ратлам откри масовна гробница на женски новороденчиња и фетуси во дворот на христијанска мисионерска болница. Околу 390 тела биле ставени во пластични ќеси и закопани во болничкиот двор, а за да го утврди точниот број на убиените и илегално абортираните бебиња, полицијата ги заплени болничките книги. Полицијата одвај ги спречила гневните жители на Ратлам да ја демолираат болницата и да ја линчуваат управата.Акцијата фрли светлина на проблемот со убивање деца и масовното абортирање на женските фетуси. Во Индија е забрането да се утврдува полот на децата, но родители, особено во руралните средини, потплатуваат лекари да направат преглед со ултразвук и да им кажат дали нивното бебе е машко или женско. Машките во селата се сметаат за корисни деца, додека на женските често се гледа како на непотребна уста за хранење и на голем трошок при венчавката, кога семејството мора да и даде голем чеиз на невестата. Родителите често ги оставаат своите женски новороденчиња надвор, да умрат од студ, глад или да бидат изедени од животни.Така, се проценува дека во изминатите 20 години 10 милиони женски деца биле убиени набргу по раѓањето или абортирани. Практиката е толку раширена, што на 1.000 родени машки деца, во 2001 година биле пријавени само 927 девојчиња. Овој однос бил 1.000-945 во 1991 година. Во некои области во Индија на 1.000 машки, во матичните книги се запишуваат само по 800 девојчиња. УНИЦЕФ проценува дека во Индија „недостигаат“ 50 милиони жени. Во старосната група од 1 до 14 години, Индија има 9,6 милиони повеќе машки од женски.

- Се обидуваме да им порачаме на луѓето да ги чуваат своите деца, да не ги убиваат. А ако не го сакате женското дете, дајте ни го нам – вели Ренука Човдури, министер за развој на жените и децата во сојузната држава Мадја Прадеш, каде што е градот Ратлам. Таа бара итни мерки за да се запре убивањето на индиските девојчиња и предлага отворање специјални државни домови за женски деца.

- Срам е за нашата држава, со девет проценти економски раст, се уште да си ги убиваме ќерките – вели Човдури.

Во тек е кампања „Мојата ќерка, мојата сила“, за да се убедат Индијците да ги чуваат и женските деца. Владата води акција против лекарите што ги вршат илегалните тестирања за полот на бебето, користејќи модерна технологија во полза на средновековното убивање на девојчињата. Лекарите дури имаат рекламна кампања, под слоганот, „платете 600 рупии за преглед денес, за да не мора да плаќате 50.000 рупии за бовчи“. Но, досега само еден гинеколог одговарал поради вршењето вакви прегледи.

- Повеќето девојчиња се абортираат, а не се убиваат по раѓањето. Предлогот за отворање домови е апсурден. Што ќе им правиме на девојчињата што воопшто не се родени? – вели Сабу Џорџ, кој две децении го истражувал феноменот на убивање и абортирање на женските деца. Тој вели дека слична програма во јужната индиска држава Тамил Наду во 1990-тите години несаканите девојчиња умирале и во државните домови, поради недостиг од храна и медицинска помош.

Жената, по Втората светска војна, беше “еманципирана” и “израмнета” со мажот. Освен мошне обемниот и крајно одговорен ангажман во домот и семејството, кое претставува темел на општеството - таа беше оптоварена уште и со службена обврска и општествени задолженија. Чуствувајќи немоќ, и недостаток на време и сили, за да одговори на сите тие барања, таа се најде принудена да бара излез од таа мачна состојба. Во тие свои напори за самоспасување од неправедно наметнатиот товар, нејзе и се покажа најлесно да го редуцира својот мајчински позив. И така, постепено, од година во година, од деценија во деценија, се дојде до денешната противприродна и опасна положба на минијатурно семејство, со едно или најмногу две деца.

На тој начин, задоволувајќи се со симболично мајчинство - жената си го реши својот проблем. Меѓутоа, општеството се најде во немила, непланирана и застрашувачка положба, на изумирање, преку минималниот наталитет, кој фактички значи морталитет. Освен таа материјална демографска загуба, општеството трпи и морална загуба: Жената, тој столб, нежен и емоционален пол се најде во немила улога на злосторник! од најтешка вид: убиец и тоа на своите сопствени деца! Таков страшно зло не прават ни “неразумните” животни, освен свињата која понекогаш ги јаде своите млади. Според сведоштва на лекари-гинеколози, секоја жена просечно е виновна за смрт на шест до осум потенционални рожби, определувајќи се за крајно варварскиот акт на абортирање. За убиство на човек, кривичните закони предвидуваат лишување од слобода во траење од 10-15 години. Значи, жената со гордост денес е наречена “еманципирана жена”, а виновна е за деликти кои би требало да и донесат доживотен затвор, како тотален злочинец. Ете го најзрелиот плод на неприродната еманципација на жената која е исфорсирана и беше преквалификувана во “маж”. Ние ги осудуваме нацистите за масовни убиства во крематориуми, а денес од Бога благословената мајчинска утроба на секоја жена се претвори во мал крематориум. Поради тие невидени злочини на жената денес целото општество преживува казна од Бога! Но во одбрана на жената, сепак, можеме да речеме, дека таа не е главниот виновник за својата кривица: таа само несвесно прифати една доделена улога.

 


Прочитано: 3657
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy